Ова се прашања кои се регулирани со Амандманите 10 и 12 од Уставот.
Еве како гласат тие Амандмани
А М А Н Д М А Н X
1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот
број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници,
а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено
посебно мнозинство.
2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието,
личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство
гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од
присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република
Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за
односи меѓу заедниците.
3. Со овој амандман се заменува членот 69 од Уставот на Република Македонија.
А М А Н Д М А Н XII
1. Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.
Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во
Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци,
Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници,
народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие
заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.
Собранието ги избира членовите на Комитетот.
Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава
мислења и предлози за нивно решавање.
Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да
донесе одлука во врска со нив.
Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието,
утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите,
за тоа дали ќе се спроведе постапката.
2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 78 од Уставот на Република
Македонија и се брише алинејата 7 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.