Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да прашам дали знае некој може ли возач почетник да вози кола појака од 75 kw ако до него има искусен возач и дали може да се возе кола со странски таблички се разбира ако сопственикот е до тебе?
 
Неможе да вози.Смее да вози до 75 kw,а до него треба да има искусен возач за после 23:00 саатот.Може со полномошно,изгледа.
 
Здраво дечки,

Ми треба малку помош / совет околу сензор за радилица.
Имам Поло 2008 1,2 бензин, пред некое време ми се појави сијаличката Check engine. Симптомите се не прима гас колата, некако не оди, понекогаш вергла не сака да запали ама не често. Од време на време ќе се изгаси па пак ќе се запали ама у главно како колата да изгуби сила. Дали ова се симптомите за расипан сензор дали знае некој? Ја однесов на компјутер ама некако дечките не го разбираа тој error ама ми рече најеројатно е сензорот за радилица.
Дали можда знаете каде има да се купи освен до Порше нормално.

Однапред благодарам
 
Мислење за Seat Ibiza 2002 1.2?

seat-ibiza-2002-02.jpg
 
во битола да не знаете каде режат шофершајмна од кола ? имам една тоцка од камче пукнато да го отстранам за да не се прошири ?
 
Здраво дечки,

Ми треба малку помош / совет околу сензор за радилица.
Имам Поло 2008 1,2 бензин, пред некое време ми се појави сијаличката Check engine. Симптомите се не прима гас колата, некако не оди, понекогаш вергла не сака да запали ама не често. Од време на време ќе се изгаси па пак ќе се запали ама у главно како колата да изгуби сила. Дали ова се симптомите за расипан сензор дали знае некој? Ја однесов на компјутер ама некако дечките не го разбираа тој error ама ми рече најеројатно е сензорот за радилица.
Дали можда знаете каде има да се купи освен до Порше нормално.

Однапред благодарам

Види по продавнициве за автоделови што ќе ти кажат они.Тетово,Скопје,би требало да има кај овие за автоделови.Од каде си?
 
Слаб мотор. Сеа не знам кои ти се потребите и преференците ама моторчето си е слабо. Мој пријател ја имаше, многу беше среќен коа ја продаде. :) :)

Знам дека слаб мотор, а слушнав и дека за слаб мотор, многу троши...
 
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=774353
Абер неам од коли,некако ефтино е,трик или што е ? Се исплаќа да го земам или ? И ако може мало објаснување околу Пежо,потрошувачка,делови бла бла
Јас имав исто само 2005 година.Пежото е добра кола,но одржувањето е поскапо во однос на другите автомобили од класата.Потрошувачката е супер,не троши многу,брзо е.Мора да ја погледнеш со некој механичар,вака од слики е добра ама друго е на лице место.Друга мана е буферите,ако го купиш мора да ги смениш,ако не го направил тоа сопственикот,бидејќи возењето на задните седишта е непријатно,тие се околу 2000-3000 денари.Буфери од Пежо дизајн од 2006 година па нагоре.
 
Неможе да вози.Смее да вози до 75 kw,а до него треба да има искусен возач за после 23:00 саатот.Може со полномошно,изгледа.
Кола со странски таблички неможе да ја вози друг освен сопственикот, ни со полномошно. Ако беше така сите ќе возевме на бугарски табли со полномошно од некој пријател/роднина (па сите имаме блиски со бугарски пасоши). Така да, со странски табли, ако немаш странски пасош, неможиш да ја возиш колата.
 
Знам дека слаб мотор, а слушнав и дека за слаб мотор, многу троши...
Избегни ја 1.2 варијантата. Освен ако конкретниот примерок е во беспрекорна состојба и со многу мала километража. Кај половните коли најмалку е важен брендот, моторот, шасијата итн. Битна е фактичката состојба на возилото и да е со што помала километража. И не дозволувај никој да те убедува поинаку со муабети од типот "што се 200 000 илјади за пасат, бмв, ауди," итн итн.
 
Имам BMW 525 tds e34 1992 аутоматик.
Кога ке го свртам воланот налево и колата е во мирување, намалува обртаи ко да кашла, некогаш знае и да изгаси. Ќе да е до механиката што го покренува сервото па одзима од снагата или друго е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom