Народе, влегов на темава и се изгубив од паника, не знаев шо да пишам и шо да прашам прво

седам пишувам по другиве теми и никако да се досетам да прокоментирам за нешо вакво, значи вака сеа, имам доста работи и за кажување и за прашување

пополека само
Имав 85 кг на 178 висина, и за нова година неможев да си ја облечам кошулата шо си сакав да ја носам, ќе ми испукаа копчињата, си велам, дури ја фрлам гардеробава ќе го фрлам фишокот на маса и така направив, се активирав на гугл, јутјуб и незнам какви не други ствари, дојдов до ова
http://www.youtube.com/watch?v=vkKCVCZe474, ова го правев секој втор ден со неколку дополнителни серии со други вешби и континуирано со вежби за загревање и истегнување по едно 5мин пред да ги правам овие вежби, исто така го сменив начинот на исхрана...
Наутро- овесни снегулки со некое овежје ако ми се наоѓа по дома.
За ручек - интегрален леб (на почетокот по 5 парчиња а сеа намалив на 3.. јбг

) понекогаш пилешко и рибешко

сирење, многу салати (марулка, зелка и сл) грашок, поранија, многу ретко ориз и јајца, лук и кромид кога ќе решев да се изолирам некој ден

после вешби обавезно чаша нискокалорично чоколадно млеко и нормално имаше денови кога за ручек нема да бидам во можност и ова да го имам па се случуваше да поминам само со неколку парчиња леб со зимница нешо..незнам, ајвар или лутица.
Активностите во денот ми беа такви шо седев до касно навечер, се будев од 11 до 13 часот па морав да го прескокнувам правилниот доручек и да ги скратувам оброците понекогаш, фактички поминував со 2 оброци на ден, доручек во 12 и ручек или како сакате во 17-18 часот ( никогаш не вечерав после 19)
е сеа ова не беше стално, некогаш знаев и правилно да си ги земам работите уште од сабајле и за вечера комбинирав нешто од ова само без леб и не во големи количини (овесни снегулки, марулка, зелка и сл)
Моментално имам 72 кг

а ова го правам како што кажав од нова година до сае, значи одприлика 3 до 4 месеци, горните мускули почнаа убаво да ми се познаваат, добро сеа не како да CR7 ама пак, се забелешуваат и се оформуваат, сеа треба и да стопам уште еден сантиметар во долниот дел на стомакот и то е то, е сеа нешто друго..
Имам атлетско тело, стомачните ги средив, рацете и рамената ми се одлично обликувани, е сеа во градите сум како штица, буквално штица, а правам и склекови 4 серии по 10, знам дека не е многу ама не сакам да се оптеретувам, а резултати не верувам дека можам да постигнам и ме нервира многу

исто така и во грбот сум таков, во овој случај, планирам да земам некоја хемија, незнам..... креатин или нешто слично .. незнам..

значи зборувам само за градните мускули, за друготе не ми треба пошо имам градба и добро ми се разбиени другите мускули ваљда генетски
Е сеа барам помош и совети..