Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Лош испадна саемов и како да тргнале да прават од тоа традиција. На помал простор, неинформирани и незадоволни продавач(к)и, кои неретко тука го донеле ѓубрето за да се ослободат од него. Купив само две книги, онака, да не се враќам без ништо.
Што се однесува до цените, нешто навистина беше евтино, ама види мајката, она што мене ме интересираше беше пресолено, преценето. Извесни попусти ми беа речиси бесмислени, навредливи - ако е цената 1200-1300 ден. попуст од 10% и не значи многу, освен ако не си купам и други книги, инаку времето, патот и влезницата ме чинат повеќе, отколку да ја купам од книжарница.
 
И еден апел до сите, кога ги купувате книгите проверете ги дали се испечатени сите страници, да не си купите фалично издание.
Мене од Колекционер две страници не ми се испечатени.:mad:

Го знам чувството. Јас ја имам дома „Островот на пингвините“од Анатол Франс, и од 96-113 страница ми се испечатени повторно од 33-48 страница. Фалат 16 страници, што ја прави книгата неупотрблива. Сепак благодарејќи на интернетот, овие страници може да си ги најдам на интернет на англиски, но би ми одзело од уживањето на сред глава да ја оставам книгата, да седнам пред компјутер да ги дочитам страниците кои фалат од друг превод, па после пак да продолжам со книгата на македонски.
 
Оваа година ги купив:

-„Херои и гробови“ од Ернесто Сабато (Табернакул)
-„Фикции“ од Хорхе Луис Борхес (Табернакул)
-„Бесмртност“ од Милан Кундера (Табернакул)
Намерата ми беше да ја земам „Неподнослива леснотија на постоењето“, но книгата била распродадена. А сакав уште некоја после „Книга за смеата и заборавот“ да прочитам и така оваа ја зедов.
- „Момче“-Достоевски (Табернакул)
Книгите на Достоевски се можеби со премногу мал фонт и се стари изданија (1993 година), но се исплати за ептен ниската цена.
-„Записи од мртвиот дом“-Достоевски (Табернакул)
Конкретно оваа беше 100 денари.
-„Америка“-Кафка (Темплум)
-„Роман со кокаин“-Агеев (Темплум)
Од Темплум сакав да ја земам „Преобразба“, а не „Америка“, но и таа била распродадена.

Надвор од саемот имаше една тезга каде се продаваа книги 3 за 100 денари. Тоа се оние од Македонска книга и мисла, едиција-Светска книжевност.
Од овде ги зедов: „Херој на нашето време“ од Лермонтов, „Двобој“ од Чехов и „Хаџи Мурат“ од Толстој.
 
Ви го хејтам и саемот на книгата, и глупите стручни литератури шо се стари само 10 години. Ало, нешто ново ќе извајте освен белеатристика?
 
Немаше A song of ice and fire ( GoT ) сет у академска книга па некако ми пропадна планот ама ипак добро испадна бидејќи зедов 10 книги.. ( ќе земев 5-6 да ги земев GoT али јебига, нека има за читање ).

Трилогијата „Господар на прстените“ - 500 денари ( АЕА )
Толкин - Хобит - 300 денари ( Академска книга )
Роберт Ладлам - „Стратегијата Банкрофт“ и „Наследството на Скарлати“ - по 200 денари ( Култура )
Гилјермо Мартинес - Оксфордски убиства - 250 денари ( Антолог - ја зедов пошто многу ја фалеа тие на штандот, а и видов многу луѓе што ја купиле )
Ју Несбе - Ловци на глави - 320 денари ( ТРИ )

Е највеќе ме боли за наредново
Сузан Колинс - Хангр Гејмс - 400 денари ( Вулкани - на српски )
Сузан Колинс - Раѓањето на огнот ( вториот дел од горната ) - 300 денари ( Сакам Книга - а ме боли бидејќи и првата ја имаше у сакам книга на македонски )


Ениуејс - задоволен сум бајаѓи!
 
Не би требало. Имаше доста според мое мислење.

Туку спомнавте некаде назад, Дон Кихот 2те книги за 400 денари ги имало. Во која издавачка куќа? Јас бев ама подзаборавив на ова, па ќе појдам пак.
Мислам дека беше Темплум.
 
Не би требало. Имаше доста според мое мислење.

Туку спомнавте некаде назад, Дон Кихот 2те книги за 400 денари ги имало. Во која издавачка куќа? Јас бев ама подзаборавив на ова, па ќе појдам пак.
Бегемот, таму можеш да ги најдеш. :)
 
До колку денес е отворен саемот некој ако знае?

Sent from my U8600 using Tapatalk 2
 
денес ги купив "Фатални желби" и "Патот на волшебникот"
 
Бев и јас денес на саемот. Го послушав Сусаро па си земав неколку класици од Акамедска куќа. На некои штандови како Три, Ѓурѓа и Сакам книги не ни застанав. Имаше убав избор во Табернакул ама солени цените како за саем па ја земав само Тунел од Ернесто Сабато. Како што немав многу пари и не ми беше планирано да доаѓам, не се жалам и за ова што го зедов.
 
Бев и јас денес на саемот. Го послушав Сусаро па си земав неколку класици од Акамедска куќа. На некои штандови како Три, Ѓурѓа и Сакам книги не ни застанав. Имаше убав избор во Табернакул ама солени цените како за саем па ја земав само Тунел од Ернесто Сабато. Како што немав многу пари и не ми беше планирано да доаѓам, не се жалам и за ова што го зедов.
Колку беше од Сабато "За Јунаците и Хероите" ?
 
Мојот улов годинава:

Реј Бредбери - „Фаренхајт 451“ (Темплум)
Људмила Улицка - „Соњечка“ (Темплум)
Алесандро Барико - „Емаус“ (Антолог)
Џед Рубенфелд - „Толкување на убиството“ (Култура)
Хулио Кортасар - „Куцкамен“ (Табернакул)
Хорхе Луис Борхес - „Фикции“ (Табернакул)
Ф. М. Достоевски - „Кратки прози“ (Табернакул)

Сакав и „Гулаб“ од Зискинд да ја земам ама некако во последен момент се премислив, ако ја има некој земено нека споделува впечатоци. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom