Веќе 3 ден и се потешко и потешко
Почнав нешто слично на диетата од Грег Плит.
Два тренинзи на ден, првиот ми е трчање + вратило + разбој + склекови + јаже за скокање насабајле, вториот навечер тежински во теретана по 1на мускулна група и стомачни преку еден ден вметнати.
Дневни обврски покрај ова секој ден пешачење до факултет по 45 минути во еден правец, со средно темпо околу 4-5 км.
Исхрана 5 оброци од прашок (протеин) и еден 200-350 грама стек, или туна +по некоја зелена салата. Се варено без сол и зачини.
Моментална состојба
1.74 висина, 78кг нешто над 16% телесни масти.
Се надевам дека ќе издржам 1 месец иако е премногу тешко, па ќе видиме дали има резултати.