Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Отворена фабриката Гришко, 300 нови вработувања и балетанки за цел свет

02/03/2013 // Пред 29 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

Денеска во демирхисарско село Слепче беше отворена фабриката за изработка на балетски обувки, а како дел од реномираната руска компанија „Гришко“. Станува збор за гринфилд инвестиција, а во првата фаза треба да се вработат 80 лица .

Според премиерот Никола Груевски, фирмата ГРИШКО ја одбра токму Македонија за својата нова фабрика благодарение на владините роуд шоуа и одличните можности за инвестирање во земјава.Тој пнајави и дека во втората фаза од оваа инвестиција е планирано да се отвори и втората фабрика во градот Демир Хисар која ќе вработува дополнителни 200 лица, а ќе биде сместена во поранешната болничка женска зграда.

„Со тоа ќе се заокружи една голема инвестиција за Демир Хисар, инвестиција која ќе го заживее и позитивно ќе го раздвижи регионот. Инвестиција која ќе донесе придобивки како за нововработените и нивните семејства така и за другите македонски компании од текстилната и чевларската индустрија кои ќе соработуваат со ГРИШКО, подвлече премиерот Груевски и најави дека во фабриката ќе се вработуваат и лица со попреченост во развојот.

За сопственикот на компанијата, Николај Гришко било задоволство да се инвестира во Македонија.

„Ветивме дека ќе отвориме нови работни места и оваа фабрика е потврда за тоа. Од денес јас сум Македонец, жител на оваа прекрасна земја. Морам да ви признам дека корупцијата и криманалот се отсутни во земјава и не верував дека такво нешто може да постои“, рече Гришко искажувајќи особена благодарност за поддршката на владиниот тим во реализирањето на инвестицијата.

Со последната инвестиција во Македонија, обемот на руски директни инвестиции расте и во моментов тие изнесуваат 400 милиони долари, информираа од рускиот дипломатски кор.

Како што информираа македонските владини претставници, Гришко е светски реномирана компанија и една од трите светски лидери во производство за балетска, чевли за сите танцови стилови, облека за фитнес јога и други слободни спортски активности. Поседува пет фабрики, а производството го пласира во 70 земји во светот.
http://faktor.mk/archives/33652?utm...2%d0%b8-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d0%b1#.UTJhdTvdnOc

Дефинитивно најмногу се радувам на инвестиции во помалите градови во Македонија.
 
http://faktor.mk/archives/33652?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b0%d0%b1%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d1%88%d0%ba%d0%be-300-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d0%b1#.UTJhdTvdnOc

Дефинитивно најмногу се радувам на инвестиции во помалите градови во Македонија.

Да не го однесле на гратис третман во болницата во Демир Хисар пред изјавава? :pos:
Јако е ова со бумов, 7-800 имаше вработени во Санос и уште 2-300 во Неокар...нив ги затворија и ги донесоа Белгијциве за бум со 35 работници :гомце:
 
СУТАШ ПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАЈ Турски „Суташ“ кој ја купи пропаднатата млекарница „Сведмилк“ најавува почеток на производство во мај годинава. Ќе почне со шест категории производи. Досегашната инвестиција е 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени. Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска го посетија производствениот капацитет на Суташ во Македонија „Балканска млекара“, при што се запозна со активностите што ги спроведува турскиот инвеститор за почеток на производството. “Со ова очекуваме долгогодишната сага на Сведмилк да биде успешно завршена. Се работи за најголемата млекара во Турција со обрт од над 500 милиони евра. Инвеститор кој го знае бизносот и има огромно искуство во сите сегменти и одлично портфолио на производи кои во Македонија ќе бидат со навистина добар квалитет“, изјави Пешевски. „Балканска млекара“ на почетокот планира да произведува 45 тони млеко дневно, а капацитетот на фабриката е 180 тони млеко на ден. Планира инвестиција од пет милиони евра до крајот на годинава, а бројот на вработувањата да достигне до 200.
http://www.kapital.mk/MK/makedonija/93868/sutash_pochnuva_so_proizvodstvo_vo_maj.aspx

Ај да видиме еве го Мај каде е.
 
Тотална грешно поставена тема
Инвестициски Бум РЕКЕТ во Македонија и Бум на перење мозок.До каде ќе одиме само не знам ама по се ми изгледа клавче ситуација.Си ебавме маме ние.Не продадоа за ефтини пари како робови секаде.
 
Кромберг и Шуберт“ го испрати првиот контигент извоз за Романија
Во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, денеска од фабриката за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ замина првиот контингет кабли за автомобилите „Миниморис“ и „БМВ“
30032013143854_kromberg-i-subert.jpg

Првиот контингент кабли е за извоз во Темишвар, Романија. Од страна на главибнот менаџер, Груевски беше информи дека до сега во фабирката се вработени вкупо 360 работници а од понеделник со работа ќе почнат нови 40 вработени. Според планот за фабриката, до крајот на годинава во „Кромберг и Шуберт“ треба да се вработат 1000 битолчани кои заедно со останатите вработени ќе започнат со производство на кабли за автомобилскиот гигант „Ауди“.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16112
 
чисто онака ме интересира колку ги плаќаат работниците, ако знае некој нека пише :)
иначе излегоа муабети дека добар дел од странските инвеститори се една матна работа на власта но нејси ок е што почнаа да отвараат фабрики и по други градови, доста беше у ск се сконцентрирано
 
Чув дека Џонсон Контролс заминале од Скопје. Точно е тоа? И кажале за ова на некои вести?
 
чисто онака ме интересира колку ги плаќаат работниците, ако знае некој нека пише :)
иначе излегоа муабети дека добар дел од странските инвеститори се една матна работа на власта но нејси ок е што почнаа да отвараат фабрики и по други градови, доста беше у ск се сконцентрирано

Во Кронберг и Шуберт, слабо многу. Минималец од 8000 за обичен работник, ама со ноќни смени, прекувремени работи му се бери негде над 10 000. Мизерија во секој случај
 
Во Кронберг и Шуберт, слабо многу. Минималец од 8000 за обичен работник, ама со ноќни смени, прекувремени работи му се бери негде над 10 000. Мизерија во секој случај
абе по моја логика кога ке стане многу мал процентот на невработеноста нели ако го доживееме ние тоа а би требало со оглед на тоа како почнаа да се отвараат фабрики би се зголемила и платата, зашто сите ние би имале повеќе избор и повеќе шанси за вработувања а не како сега што молиме од врата на врата :)

и да мизерија е платата што ја даваат али барем месечно колку толку ке капне нешто па подобро така отколку здрави прави дома да седат и да кукаат нема работа.
јебеш га нека бидат отскочна штица дур да се најде нешто боље
 
Точно дека не треба да се седи дома ама барем да се има една прикладна плата.8000 денара дневница во ред минималец ама колку време се работи колку денови и.т.н.Какви се условите за работа?Исти курац ти е дали ќе дојде странски инвеститор или не кога власта не продава како робови.Демек че има работа.Абе не ме јеби(Не ти).........Не е битно кој е на власт сите само маме ни ебат а не чукаат по грб за вас се че направиме
 
Греота сме вака кога читам текстови...

СЕ ОТВОРИЛА ФАБРИКА КОЈА КЕ ВРАБОТИ 300 ВРАБОТЕНИ !! ОВА Е УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА !

Луѓе 21 век сме... ова е само перење на мозок... Што се не направија западните држави цветаат ние незнаеме како изгледа уживанција во животот ради истите гомна...

Кажете ми колку вреди рестартирањето на сите пропаднати фабрики кај нас Охис ова она да не ги набројувам... Сигурно не вреди како што вредат направените споменици... Оградата од 1 милион евра... Не ме јеби чоече... Со 1 милион евра ќе се рестартираат колку толку одредени делови од Охис... Да не зборам Коњот на Ацета незнам колку беше проценет не ме фаќајте за збор 7-8 милиони мислам беше... Алоо.... 30 % невработеност... пропаднати фабрики ни ветуваат улици и игралишта... Не ни треба тоа.. ни треба да се смени коренот да се покачат парите.. ИМА СРЕДСТВА ЗА ТОА ! Ја незнам до каде ќе иде оваа работа... Само ќе се чешаат за глава почекајте да видите младиве генерации колку ќе се иселат.. Албанците не 30% туку 80 % ќе бидат за едно 10тина години...;)
 
Во Кронберг и Шуберт, слабо многу. Минималец од 8000 за обичен работник

Иљадарче им одбиваат за превоз, така да 7 негде имаат базична плата.

Факт е дека и од Кина имаме поефтина работна рака :noze: , истата фабрика да ја отвореа во Србија ќе требаше по барем 300 евра основица да им плаќаат на вработените, овде плус имаат намалени давачки према државата. Баш сме инвестициски рај... :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom