Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
Според статистиката 20~25% од домаќинствата во Мкд имаат ЛЦДили плазма ТВ..а од останатите 75~80% прашање е колку можат да си дозволат да купат ЛЦД ТВ...затоа на запад не е проблем дигитализацијата... не велам дека таму сите имаат ЛЦД И плазма, ама е помал проблем да ги набават...ела тука земи кредит за новТВ. ..:)
+ od tie 25 neka se i 30% пола од телевизорите не се Фул ХД со тоа што ако нее фул ХД а ХД Реди аутоматски немаат МПЕГ4 и пак нема да можат да ги гледат слободните македонски национални и локални канали бидејќи ОНе ги емитува со МПЕГ4 кодек....Шо е многу глупа постапка од нивна страна....Да ми дадат на мене подобро ќе ја направам дигитализацијата жити све...Ако незнаат нека реишат од друга држава например Германија, Хрватска имат супер дигитализација а не да експериментират на нас....

Допуна:
Знае ли некој на која фрекфенција да ја барам канал5 дигиталниот сигнал.Го имало веќе во етер...
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
neznam za skopje i dr. opstini ama vo prespa samo onie na boom tv frekvencii se aktivni,a tamu se kanal 5 i kompanija,mene me interesira dali alfa tv ima nacionalna koncesija?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
neznam za skopje i dr. opstini ama vo prespa samo onie na boom tv frekvencii se aktivni,a tamu se kanal 5 i kompanija,mene me interesira dali alfa tv ima nacionalna koncesija?
Алфа нема национала терестријална, има ТВ Скопје (Алфа) локална концесија за во Скопје (нормално) и ТВ Алфа (сателитска), терестијална за жал нема.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
228
Поени од реакции
26
+ od tie 25 neka se i 30% пола од телевизорите не се Фул ХД со тоа што ако нее фул ХД а ХД Реди аутоматски немаат МПЕГ4 и пак нема да можат да ги гледат слободните македонски национални и локални канали бидејќи ОНе ги емитува со МПЕГ4 кодек....Шо е многу глупа постапка од нивна страна....Да ми дадат на мене подобро ќе ја направам дигитализацијата жити све...Ако незнаат нека реишат од друга држава например Германија, Хрватска имат супер дигитализација а не да експериментират на нас....

Допуна:
Знае ли некој на која фрекфенција да ја барам канал5 дигиталниот сигнал.Го имало веќе во етер...
ХД Реди има МПЕГ4
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
koga e kraen rok za premin na dvb-t na nacionalnive koncesioneri? i ako se preku boom tv znaci na ista freqvencija ke se samo odkodirani ne vo viaccess kako sega ?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
794
koga e kraen rok za premin na dvb-t na nacionalnive koncesioneri? i ako se preku boom tv znaci na ista freqvencija ke se samo odkodirani ne vo viaccess kako sega ?
31 Мај е крајниот рок ,веќе од 1 јуни мора да се пренесуваат дигитално.Ќе видиме како тоа ќе го изведе Боом односно Оне .
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=2770

kaнал 5 ќе бара од Бум тв да го ослободат~ одкодираат сигналот за сите што имаат Тв со ДВБ Т приемници да можат да го следат бесплатно... изгледа ова што емитуваат преку МРД е само преодно решение дури да почни Оне со работа... после тоа значи летоска ке мора да го исклучи од мултиплексот на МРД...едно не ми е јасно,шо ќе прает локалниве тв од 1 јуни до средината или крајот на летото дури Оне стартува со работа... и зошто Ѕинго тел не се пренесува преку МРД...?на сајтот на ЈП МРД имет остаено телефон за контакт ама нешто не постои бројот...:))
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775

Или 25,000 европејци и локално ќе се пренесвет или епа чорба. Друга опција им е преку кабловски оператори да одет. Ќе си купет опрема, кабелот до в централа од кабловецот и така ќе терет.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Како што ми изгледа TotalTV и те како може да лапне голем дел од колачот после дигитализирање.
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Како што ми изгледа TotalTV и те како може да лапне голем дел од колачот после дигитализирање.
digitalizacija dvb-t e edno dvb-s e drugo..total tv odat preku satelit dvb-s i iskreno ako vaka se tegnat so digitalizacijava mozi i da lapnat :)
 
saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.465
И вика потешко оди дигитализација во селските средини. Па зошто тогаш е доделена концесија на ОНЕ кој не е способен да ја покрие цела територија, а одозгора сега ги уценува сите телевизии за плаќање големи суми. Зошто смотанава држава не издвои стредства на постоечките репетитори да засади соодветна врба ова опрема, а спроведува нешто за што нема пари на крај на штета на граѓаните.
На некои единствен начин на гледање е аналогниот сигнал, сега ќе го угасат без можност во одредени реони воопшто да гледаат некаква телевизија. На сето тоа ќе дојде некој со честитка за плаќање радиодуфузна такса? На крај кој не плаќа извршител, "запали" му ја куќата на тој криминалец.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
лепи,ај пиши шо имат на линков пошо 2 дена не го отварат...
Eф убав, прочитај. :D:D

Дигитализацијата потешко се спроведува во селските средини
Охрид, 28. март 2013 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива
Дигитализацијата на телевизиските канали во Република Македонија се спроведува се поинтензивно.

Охрид и Струга не заостануваат воопшто со дигитализацијата која ќе биде задолжителна од 1-ви јуни годинава. Но што се однесува до селските средини, мал е процентот на граѓани кои следат телевизиски канали дигитално.
Инаку, 130 илјади евра за дигитализација за националните и 20 илјади евра за локалните телевизии, плус трошоци за трансфер на сигналот и дополнителна опрема е трошок кој ги очекува македонските телевизии во иднина и со кој тие нема да можат да функционираат нормално.
Операторот ОНЕ ги побарува овие суми за емитување на дигитален сигнал од македонските телевизии веќе од 1 јуни оваа година. Според Здружението на приватните медиуми на Република Македонија ЗПММ ова ќе биде огромен трошок и можен крај за работата на голем број од ТВ станиците кои нема имаат доволно пари за нормално да работат и да опстанат на пазарот.
- Ова особено се однесува на локалните телевизии кои сосема оправдано стравуваат дека ќе престанат да работат со згаснувањето на аналогниот сигнал. Сумата од околу 20 илјади евра по телевизија, на што се додаваат и месечните трошоци од неколку стотини евра за трансфер на сигналот и побараната опрема за дигитализација на сигналот која чини над 10 илјади евра ќе бидат несовладлива пречка за огромен дел од ТВ станиците. Во овој момент и со овие цени дигитализацијата е преголем залак за телевизиите и економски е неоправдана и сосема неприфатлива, вели претседателот на ЗПММ и главен и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.
Од здружението додаваат дека ова, покрај веќе актуелизираните проблеми со авторските права, е само уште еден удар врз македонските медиуми кои и така се наоѓаат во незавидна финансиска кондиција и исклучително тешка материјална состојба.
Како што оценуваат познавачите на приликите, најпроблематични реони за целосното спроведување на дигитализацијата ќе бидат токму селата кои гравитираат кон градовите, а уште потешко ќе биде кај оние села кои се сместени во планинските региони.
Сите корисници кои моментално не се поврзани со некои од операторите во Македонија, со воведувањето на дигитализацијата ќе мора да поседуваат или соодветен ТВ приемник со вграден дигитален приемник, или посебен рисивер, наречен сет-топ бокс. Овој уред ќе може да ги прима дигиталните канали.
Како што се проценува, на почетокот од спроведувањето на дигитализацијата, цената на рисиверите ќе биде повисока.
- Овие приемници се уште не се купуваат толку масовно. Токму заради тоа, моментално нивната цена можеби е повисока, околу 40 до 50 евра. Се надеваме дека постепено со текот на времето, како што ќе се продаваат, така нивната цена ќе се намалува, објаснува Симон Патчев, претставник од „Тотал ТВ“ за регионот Охрид и Струга.
Граѓаните кои гледаат телевизија преку одредени кабелски оператори, нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал и домашните телевизиски канали, ќе можат да ги гледаат како и досега. Што се однесува до оние категории на домаќинства кои не се поврзани со операторите и не се прилагодени на новите услови, ќе го кочат во голема мерка спроведувањето на дигитализацијата.
- Во градските населби, преку оператор, каналите ги примаат околу 95 проценти од граѓаните или домаќинствата. А што се однесува во селата каде нема покриеност од кабелските оператори, Телеком каде што нема своја мрежа или Boom TV каде што не покрива, таму е поголем процентот на луѓето кои што ќе имаат на некој начин проблем со сето ова. Подготовката би била едноставна, иако за некои граѓани изгледа малку комплицирано. Или да се набави опремата или да се приклучат кон некој оператор кој веќе со години наназад работи со тоа. На пример, „Тотал ТВ“ ги покрива сите села, има тотална покриеност. Во регионот Охрид и Струга имаме отприлика околу 2.500 корисници во моментов, додава Патчев.
Операторот ONE го доби тендерот за дигитален радиодифузер и има обврска до први јуни годинава да обезбеди дигитален пренос на сите национални и регионални телевизии.
На 1 јуни 2013 година ќе бидат исклучени сите аналогни и ќе има само дигитални предаватели за емитување на телевизиски сигнал, што подразбира дека со постарите модели на телевизори, со помош на обична антена веќе нема да може да се гледаат програмите на домашните телевизиски станици, дополнуваат од Советот за радиодифузија.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
digitalizacija dvb-t e edno dvb-s e drugo..total tv odat preku satelit dvb-s i iskreno ako vaka se tegnat so digitalizacijava mozi i da lapnat :)
Јасно ми е да, целта на муабетот е дека откако ќе се воведе DVB-T стандард кај нас многу голем дел од руралните средини кои и онака сега се мачат со аналоген сигнал за едвај 3-4 станици тогаш па уште потешко ќе биде а можно и ништо да не фаќаат е тука јас ја гледам таргет групата на TotalTV и она што можат да го лапнат иако станува збор за два различни протоколи што ми е сосема јасно зашто гледам сакаш да ми објасниш што е едно а што друго. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom