Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Тоа е тоа, расчистив со Тутунска. Нит има асални извештаи, нит најава за акционерско собрание, не се трпат веќе.
Се надевам со новите берзански правила дека ќе се потсредат малце, дури тогаш може пак да ги земам во обзир.
Добра цена фати...јас генерално сум оптимист за ТНБ иако може да има корекција а што се однесува на извештаите па горе доле се на ниво на берзата а најава за собрание нема кога ќе биде како и со извештаите беа последи и финален извештај изгледа и со тој ќе каснаат очигледно менеџментот не е баш заинтересиран за акциониерите посебно не за поситните...инаку е добра банката и цена ефтина :( ....
Инаку кога сме кај ТНБ денес се префлив кај ТНБ брокер стариот ептен не ми го биваше. Нешто што ми презентираа е тоа дека имаат комплетно телефонски налози. А не како кај мојот стар каде требаше да оставаш бланко потпишани се се снима по телефон и тоа е тоа целиот налог е комплетно вербален. Може и други брокери нудат вакво нешто...јас да информирам дека го имаат тоа кај ТНБ брокер.
П.С. Берзата повторно паѓа фати таков тренд пак...може ќе се укаже нова шанса за влез?...
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Тоа е тоа, расчистив со Тутунска. Нит има асални извештаи, нит најава за акционерско собрание, не се трпат веќе.
Се надевам со новите берзански правила дека ќе се потсредат малце, дури тогаш може пак да ги земам во обзир.
Jas pak mislam deka se spremaat da ja prodavaat pa zatoa kalkuliraat so sobranieto. Marfiev zakon.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Jas pak mislam deka se spremaat da ja prodavaat pa zatoa kalkuliraat so sobranieto. Marfiev zakon.
Можно е и да ја продадат, ама тешко да си ја дадат златната кокошка.
Ако решат да продадат тогаш ќе купам пак, барем ќе знам на што сум.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Шпаркасе Тутунска Банка??? :D
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Можно е и да ја продадат, ама тешко да си ја дадат златната кокошка.
Ако решат да продадат тогаш ќе купам пак, барем ќе знам на што сум.
Ama kje ja propustis cenata od 8000-9000 po akcija, kolku sto jas pretpostavuvam deka kje bide. Daj boze i 15000 da bide
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ama kje ja propustis cenata od 8000-9000 po akcija
Оваа цена важи за бумот во 2007/2008 година.
За сегашни услови, ако почнат да даваат дивиденда пореална цена би била околу 4.000 денари.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Оваа цена важи за бумот во 2007/2008 година.
За сегашни услови, ако почнат да даваат дивиденда пореална цена би била околу 4.000 денари.

Mislev na cenata po koja kje ima prevzemanje
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Индустријата престана да паѓа

По континуираниот пад на индустриското производство во Македонија во последнава година, за прв пат, во февруари тоа бележи раст од над 4 отсто. Овој податок само по себе не значи ништо доколку ваквиот тренд не продолжи во подолг период, односно, најмалку година две, велат економистите.

Александар Пешев
28.03.2013
Порастот на индустриското производство за над 4 отсто во февруари не значи ништо ако се има предвид дека индустријата беше во минус повеќе од една година, велат дел од економистите. Според нив, за вистински раст на индустриското производство потребен е постојан раст повеќе од година и половина, а не само во еден месец.
Индустриското производство во целина сè уште се намалува. Нормално е сега, дури и со намалено индустриско производство резултатите да почнат статистички да стануваат позитивни, затоа што ако веќе два февруари по ред паѓало индустриското производството, во 2011 и во 2012 година, и мало поместување сега во 2013 година ќе покаже раст во однос на 2012 година, но ако го споредите индустриското производство со пред две или три години кога почна да се намалува, ние сè уште сме на пониско ниво од тогаш.
Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Универзитетскиот професор Никола Поповски вели дека порастот секако е добра вест, но не треба да се залажуваме. Тој пораст е само во однос на февруари минатата година, потсетува поранешниот министер за финансии.

​​
„Индустриското производство во целина сè уште се намалува. Нормално е сега, дури и со намалено индустриско производство резултатите да почнат статистички да стануваат позитивни, затоа што ако веќе два февруари по ред паѓало индустриското производството, во 2011 и во 2012 година, и мало поместување сега во 2013 година ќе покаже раст во однос на 2012 година, но ако го споредите индустриското производство со пред две или три години кога почна да се намалува, ние сè уште сме на пониско ниво од тогаш.“

За опоравување потребно е статистиката да покажува позитива минимум толкав период колку што беше и падот, кој беше драстичен со по 6, 7 или 8 проценти месечно, вели Поповски.

„Не треба еуфорично да се прима овој резултат, затоа што ништо не покажува, буквално ништо. Индустриското производство да речеме во февруари оваа година сè уште е помало од февруари 2011 или од февруари 2010 година, што значи дека многу внимателно треба да се пристапи, особено што порастот не е во сите сектори од индустриското производство, туку во неколку концентрирани сектори“, вели Поповски.

Според Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија, станува збор за периодичен, цикличен тренд.

„Не може да се каже дека одеднаш ние заживеавме, но постепено ако се задржат овие трендови на ликвидност, на навремена исплата на долговите на државата кон стопанството што е побарано од страна на бизнис секторот, се надеваме дека овој тренд пополека ќе заживува.“

Потребно е да се избегне ланскиот надолен тренд на производството со примена на одржлива стратегија, вели Кучи.

„Трендот е нагорен, меѓутоа и е нормален, периодичен, на некој начин цикличен, меѓутоа не дава некоја надеж дека ќе може да се одржи ако немаме стратегија за одржување на истиот, односно како да не ни се случи и догодина истиот тренд“, вели Кучи.

Инаку, во јануари годинава се забележа пад од 1.3 проценти во споредба со истиот период лани.
http://www.makdenes.org/content/article/24941282.html
Без разлика што овие зборуваат горе ова се добри вести за берзата... Да треба внимателност ама раст на ИП на г/г база е знак на тренд на м/м база. Коментарите им се за реалната економија...пазар на капитал и реална економија не е баш исто иако е доста поврзано. Инаку асални предвидување и ОК резултати ќе има кога економијата ќе биде прегреана...се разбира сите ќе бидат оптимисти како и обично а работите во основа се трули и одат на лошо.
Инаку она што го зборува Кучи тотално нема смисла неможе да има цикличност на г/г раст освен ако не мисли на м/м или на некој многу подолг циклус од 1 година...но и во двата случаи одговорот му нема смисла ако е на м/м има на г/г раст што е по релевантно а ако е на ниво на долгогодишен бизнис циклус тогаш секој раст е цикличен:confused:.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Нека врзе индустријата барем два добри квартали па дури тогаш ќе правиме муабет за оздравување.
Мене ми изгледа дека добриот февруари е резултат на раздолжувањето на владата спрема стопанството.
Најверојатно и март ќе биде вака, ама што правиме од април натаму? Следните избори се за 2 две години.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
4
Нека врзе индустријата барем два добри квартали па дури тогаш ќе правиме муабет за оздравување.
Мене ми изгледа дека добриот февруари е резултат на раздолжувањето на владата спрема стопанството.
Најверојатно и март ќе биде вака, ама што правиме од април натаму? Следните избори се за 2 две години.

Eh izbori izbori :) mislam deka treba sto pocesto da se organiziraat ;)
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ШПЕKУЛАЦИИ ЈА сардисаа ТУТУНСKА ВО ПРИЛЕП

Земјоделците се залетаа да ги вадат субвенциите..

Земјоделциве се испаничииа...Инаку поминав до една експозитура на ТНБ во Скопје нема живо пиле...тотално празна. Ова прилепчаниве... Инаку шала на страна од играчка може да биде плачка :).

Инаку ќе имало наводно нови фирми на МСЕ...во основа се старите (мислам дека има и нешто ново или се лажам...) само ќе преминат од еден во друг пазар...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Поголема селска томбола :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Знам дека принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета II, има ептен изопачена смисла за хумор, но не знаев дека и принцот Чарлс, најстариот син на Елизабета II, имал доста надарена смисла за хумор.

Или за реалност ???

Земајќи ги во предвид вашите лични познавања за Македонската Берза, кој е вашиот став околу содржината на наредниот текст ?

http://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-makedonskata-berza-ne-mrda-i-nema-da-mrdne

Зошто Македонската берза не мрда и нема да мрдне

Објавено на
28 Март 2013 - 12:55

Вака, како што стојат работите, оваа наша институција уште долго ќе си остане ’поголема селска томбола’, како што ја нарече англискиот принцот Чарлс кога ја посети во минатото.



Неколку фактори влијаат врз неразвиеноста на пазарот на капитал во Македонија, кој тоа е само по името и по ништо друго.

Прво, тука е регулаторот, кој никако да си ја сфати улогата како што навистина треба и како што е во домаќински земји. Комисијата за хартии од вредност (која, патем, се финансира од две места – од буџетот и од учесниците на пазарот – по 0,4% месечно, и тоа не од остварениот промет, туку од капитализацијата на друштвата со чии хартии се тргува!?!), уште од своето формирање, е сконцентрирана на казнување и дисциплинирање на брокерските друштва, берзата и централниот депозитар. За жал, не и на поединците кои го изигруваат законот без ’око да им трепне’ или затоа ’што им се може’. Не постои брокерска куќа (па и брокер-поединец) која не била казнета барем еднаш – некои привремено, некои дури и трајно, некои по неколку пати, а некако е тешко да се поверува дека сите, ама баш сите ги изигруваат правилата и заслужуваат санкции. А секоја казна повлекува и неработење и, се разбира, значителни загуби (не само на приходи, туку и на клиенти, поради негативната перцепција што се создава со такви мерки). Во други, поразумни средини, телото кое е задолжено за надзор над пазарот на капитал, предупредува, води, едуцира, помага, насочува и се грижи пазарот да се развие, во најмала мера исто колку и тие од коишто живее – посредниците и институциите што го овозможуваат тргувањето. Се разбира, и таму казнуваат, но само како последна мерка, а не како начело на работење.

Второ, самата Берза: не можам да се сетам кога таа, како институција во сопственост на брокерските куќи и секторите за хартии од вредност на банките, застанала во одбрана на своите газди. А и таа наплатува од секоја (и куповна и продажна и т.н. блок) трансакција на посредниците. Овие, пак, неразбрано и типично балкански, единствениот излез го гледаат во бескрајно спуштање на цените на своите услуги, божем така ќе (о)станат конкурентни.

Освен тоа, Берзата досега имаше најмалку две сериозни понуди да се продаде на поразвиена берза – еднаш, уште таму, околу 2000-та (ми се чини), кога Атинската берза нудеше да откупи најмалку 10% од акциите издадени од Македонската берза. И тоа, по добра цена, по цена што самата наша берза ја имаше пресметано. Вториот пат беше понеодамна, кога се проширија гласини дека една од берзите во САД сака да ја купи нашата. Да се случеше која и да е од тие две нешта, сега нашите акционери во, да речеме, Алкалоид, Макпетрол, (бивша) Железара..., ќе можеа да си ги нудат своите (па и да купат) акции во Атина или на Вол Стрит, каде што и бројот и видот на купувачи и продавачи е неспоредливо поголем и пософистициран од оние кои ’играат’ кај нас и каде што врз цените влијаат вистински информации, па се следствено далеку пореални. И веројатно немаше да се случи еуфоријата во 2007-та година. Барем не со таква идиотска димензија.

Трето, самата брокерска заедница е неорганизирана, нездружена (и после толку години присуство на пазарот) и несвесна дека интересите на една се интереси на сите брокерски куќи. Имено, и покрај тоа што во рамките на Стопанската комора постои групација на членки на Македонската берза, таа ниту ја консултираат пред носење закони што ја тангираат индустријата, ниту таа самата застанува во одбрана на сопствените членки од налетите на Комисијата за хартии од вредност или од лошонамерни клиенти. А, не дај боже заедницата и да помисли дека токму таа треба да биде најнеуморниот борец за привлекување странски инвестиции! Ако донесат ’промотерите’, донесат, ако не – живи и здрави. Ваквиот став е и една од причините што од некогашните речиси 30 брокерски куќи, сега функционираат само 12-ина, а во блиска иднина ќе ги има и помалку.

Единствениот учесник на пазарот на капитал кој воспостави релативно добри односи со брокерските посредници беше Централниот депозитар за хартии од вредност. Неговите провизии отсекогаш беа најниски, а подготвеноста за соработка и заедничко решавање на проблемите највисоки во однос на сите други што грабаат од приходите на брокерите. Меѓутоа, со последните измени во раководните структури на депозитарот, се чини дека и тоа ќе се смени: на местото на досегашниот извршен директор, кој го основаше и солидно го разви депозитарот, назначија лице кое доаѓа на тоа место од Македонската берза. Мене ми се чини дека целта е овие две институции да се спојат во една, а причината би била, главно, покривање на лошите финансиски резултати на берзата со одличните на депозитарот.

Понатаму, фактот што лиценцираните инвестициски советници зеле лиценца само колку да го заобиколат ограничувањето во поглед на можните полиња на работа, е причината зад тоа што неискусните и неуките клиенти (и продавачи и купувачи) во просек се во минус на годишно ниво од аспект на работењето со хартиите од вредност. Некои од купувачите, кои слушаа совети од секакви ’советници’ во 2007-та, никогаш нема да можат да излезат од дебелото ’црвено’ во кое безумно се втурнаа. И, речиси сите веруваат дека тргувањето на Македонската берза не зависи од перформансите на друштвата со чии хартии се тргува, туку исклучиво од политичките настани во и околу Македонија. Анализа на финансиските показатели? Долгорочни стратегии? Диверзификација на портфолиото? Тоа, во очите на овие самоуверени играчи на берзата кај нас, се глупости што не се поврзани со движењето на цените.

Истото ова се однесува и на инвестициските фондови, кои, за разлика од фондовите во други земји, одвај успеваат да го одржат капиталот што им е доверен од нивните членови (повторно главно македонски инвеститори). Да не зборувам и за небулозата на владата која ги принудува пензиските фондови да продаваат обврзници издадени од државата во момент во кој фондовите знаат дека тоа е спротивно на секоја инвестициска логика. Се чини дека овој потег на владата навестува дека следното нешто е формирање ново, државен (или поврзан со државата на некој начин) пензиски фонд. Се разбира, откако пред тоа ќе ја дотепа сегашната конкуренција со насилно наметнати потези или (ако, не дај боже, се осмелат да не постапат спротивно на налозите на власта) казни, пенали, санкции...

Барем еднаш, само едно акционерско друштво да издадеше нова емисија на хартии од вредност на Македонската берза, таа и ќе можеше некако да се нарекува пазар на капитал. А тоа, пред се и во најголема мера, зависи од условите што ги нуди самата берза. И од нејзините искрени намери после цели две децении работење навистина да стане место на кое друштвата ќе може да приберат евтин капитал само заради тоа што се успешни.

Вака, како што стојат работите, Македонската берза уште долго ќе си остане ’поголема селска томбола’, како што ја нарече англискиот Принц Чарлс кога ја посети во минатото. И тоа, томбола во која дури и бројките може да се ’поднаместат’ да им паѓаат најчесто на одредена привилегирана група.

Захари Арсенков
 

Kajgana Shop

На врв Bottom