Лига на шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Какво е ова судење на натпреваров Кил-Чеховски???
Многу лошо, лом го направија Медведи ова судииве :unsure:
--- надополнето: 24 март 2013 во 21:31 ---
По средбата Металург – Динамо Минск се одржа редовната прес-конференција.
Лино Червар:
- Секакао, дека многу сум среќен и задоволен по она што го остваривме во Лигата на шампионите, а со тоа го реализиравме зацртаниот четиригодишен план. За сето ова се заслужни, како сите играчи, така и управата на клубот, спонзорот. Горд сум што сум тренер на екипа, која живее на крајот од градот, во една мала населба Автокоманда, каде работиме во сала од “пола дрво пола камен“. Горд сум што тренирам еден млад и скромен клуб, бидејќи и јас потекнуван од таков клуб и затоа добро знам што значи да се работи во ваков клуб. На патувањата ги избираме најевтините варијанти, често пати спиеме по аеродроми со сендвичи во рацете. Ние немаме многу пари, но сме во друштво со екипи како што Барселона, Кил, Хамбург, кои имаат десет пати поголем буџет од нас. Металург ги нема најдобрите ракометари во светот, ги имаме оние што ги имаме, но многу сме горди на нив. Не се замислуваме дека сме Атлетико Мадрид или Барселона, но станавме дел од најдобрите осум во Европа. Токму затоа и им честитам на сите мои ракометари.
Во Минск им одржавме на Белорусите една вистинска лекција од школски ракомет, а така беше и сега во Скопје.
Посебно им благодарам на нашите навивачи, кои и денеска беа фантастични, ние имаме посебна публика, тоа се семејни луѓе кои доаѓаат на нашите натпревари и не бодрат со сето срце. Многу сум среќен, вечерва ќе се напиеме од среќа – изјави тренерот на скопјани, Лино Червар.
http://www.rkmetalurg.mk/pres-konferencija-po-natprevarot-metalurg-dinamo-minsk/
 
Не пишувам активно на темава али сеа морам,значи ваква утакмица одамна немам гледано(y).Прва ракометна војна,видовмо све што може да понуди еден ракометен натпревар.ми се напрае ќејф за Атлетико,едноставно не се предадоа пред време,иако некој више ѓи имаа отпишано.Кире Лазаров:cuc::cuc:,каков играч човече,у моменти кога никој не сакаше да ја преземе одговорноста,он покажа што значи да бидеш голем играч,како ја оптегна:vozbud:.Али сепак според мене главен играч беше Омбрадос:cuc:колку само пати спречи серија на Фуксе.Кога Атлетико имаше кризни моменти,само он успеваше да ѓи одржи у игра.
 
МЕТАЛУРГ ВО ДРУШТВО СО МОЌНИТЕ И БОГАТИТЕ

25.03.2013 18:19
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize1.jpg
Meталург се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите и е во друштво со седум великани на европскиот и на светскиот ракомет. За неупатените, се фативме во оро со седум моќни и богати клубови, кои имаат вкупен буџет од 47.300.000 евра и кои зад себе имаат 252 освоени титули (ЕХФ, ИХФ и национални титули). Во ЕХФ титули се сметаат: Лига на шампионите, ЕХФ Куп, Куп на победници на Куповите, Трофеј на шампионите (постоел до 2008 година), Челинџ Куп. Во ИХФ титули се смета: ИХФ Супер Глобе. Во национални титули се сметаат: национални првенства, купови, лига-купови, суперкупови, покраински првенства итн.
.
Титули:

Барселона: 19 ЕХФ титули и 91 национална. Вкупно 110.
Кил: 8 ЕХФ и ИХФ титули и 32 национални. Вкупно 40.
Атлетико Мадрид: 10 ЕХФ и ИХФ титули и 17 национални. Вкупно 27.
Фленсбург: 3 ЕХФ титули и 4 национални. Вкупно 7.
Веспрем: 2 ЕХФ титули и 41 национална. Вкупно 43.
Хамбург: 1 ЕХФ титула и 6 национални. Вкупно 7.
Киелце: 18 национални титули.
Металург: 9 национални титули.
Нашите противници, меѓу другото, имаат 14 титули во Лигата на шампионите.
.
Буџети:

Кил 9.500.000 евра
Хамбург 8.100.000
Барселона 8.000.000
Киелце 7.500.000
Фленсбург 5.700.000
Веспрем 5.000.000
Атлетико Мадрид 3.500.000
Металург 1.500.000
http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-vo-drushtvo-so-mokjnite-i-bogatite/
 
Металург има поголем буџет, нека не глумат многу.
 
Металург има поголем буџет, нека не глумат многу.
Ова се информации од нивната официјална страна зошто би "глумеле" дека имаат поголем буџет? Што ќе добијат со тоа?
 
Ова се информации од нивната официјална страна зошто би "глумеле" дека имаат поголем буџет? Што ќе добијат со тоа?
Затоа што истиот буџет го имаа напишано и пред една година, така да одма од старт се гледа дека лажат. Само Мојсо, Червар и Станиќ земаат заедно најмалце околу 600.000 евра нето плата, кај се останатите давачки. Кај се останатите играчи? Според веб страната на EHF CL, Металург има ростер од 27 играчи. И сакаш да кажеш дека Миркуловски, Додер, Козлина, Вугринец, Велко Маркоски, итн, итн, до 25 играчи играат за 30.000 евра годишно? Давачки за сали, давачки за припреми? Металург има најмалце 2.000.000 буџет, а зошто би лажеле? На пример, за да кажат дека со малце пари направиле голем успех... Или за да палат некои како тебе.
 
Време е за реванш! :)
 
Затоа што истиот буџет го имаа напишано и пред една година, така да одма од старт се гледа дека лажат. Само Мојсо, Червар и Станиќ земаат заедно најмалце околу 600.000 евра нето плата, кај се останатите давачки. Кај се останатите играчи? Според веб страната на EHF CL, Металург има ростер од 27 играчи. И сакаш да кажеш дека Миркуловски, Додер, Козлина, Вугринец, Велко Маркоски, итн, итн, до 25 играчи играат за 30.000 евра годишно? Давачки за сали, давачки за припреми? Металург има најмалце 2.000.000 буџет, а зошто би лажеле? На пример, за да кажат дека со малце пари направиле голем успех... Или за да палат некои како тебе.
Дај линк каде најде дека 600000 евра е нето платата на овие што ги наброја.
Металург ќе игра со Килце во четвртфинале!
 
:vozbud::vozbud::vozbud:Киелце

2 пати ни се протнаа, ама третиот пат време е за вратка :sneaky:

Па се гледаме во полуфинале :pipi:
 
Историска шанса за фајнл-фор. Нека се мобилизираат во Металург ова мора да го искористиме. Да ги избегниш гиганти како Атлетико, Хамбург и Веспрем е премија. :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom