Баш заради емотивноста не треба да го прават.
Јас сум емотивна, па никогаш не би постапила така. Како тип екстремно многу избегнувам конфронтации и конфликти, дури и до степен на претеризам, но кога станува за ваква работа, ако треба месец дена ќе се вртам и ќе се собирам храброст, но никогаш не би исчезнала без збор, баш затоа што сум емотивна. Во глава одма ми се јавува сликата како би се чувствувал другиот ако направам такво нешто, таков однос ни на тие што не ги поднесувам не им посакувам. Тоа не би го нарекла емотивност, повеќе би го нарекла себичност.
Објективноста, или барем обидот за објективноста во субјективни ситуации за мене е најубаво решение. Со субјективни реакции човек нема ништо да постигне, ма да, во конкретниов случај општо зборував, не за себе.