Фан Клуб: Јувентус

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.327
Поени од реакции
26.273
Имате среќа што Сколари не го пушти Густаво во игра инаку Пирло ќе беше повреден :LOL:
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Де Шиљо веке е звер ,неговата игра многу напредува !Има 20 години а игра во првата постава на Италија и на Милан што е големо достигнување за него .
Сеуште не е регуларен, ова му беше прва утакмица, али не се сомневам дека ке биде. Само треба да иде десно, ем му е природна позиција ем треба овој Маџо да брише ем помала конкуренција има него на левата страна.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.406
Поени од реакции
86.884
Ајде Марота...:vozbud:

Parisi: Juve davno započeo pregovore sa Ogbonnom

FIFA-ih agent Costantino Parisi rekao je kako je Juventus davno započeo pregovore sa Angelom Ogbonnom, defanzivcem Torina. U suprotnom pravcu bi, uz novac, otišao i neko od mlađih igrača, najvjerovatnije Marrone.

"Juventus je već davno započeo pregovore sa Ogbonnom, igračem koji bi bio prava zamjena za jednog od tri standardna štopera. Za samog igrača sjedenje na klupi ne bi predstavljalo problem jer bi mu to bila prva godina u velikom klubu."

Parisi smatra da bi u suprotnom pravcu trebao ići Marrone, ali spominju se i Immobile i Boakye.

"Sva trojica se dopadaju Venturi ali bi mu na raspolaganju trebao biti samo Marrone. Immobile je u suvlasništvu Juventusa i Genoe dok bi Boakye trebao ostati u Sassuolu u Serie A."
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
Абе играчите на Италија се добри,ама реално Прандели е просечен селектор. Кога запнал со таа глупава 4-3-1-2 формација, со глава во ѕид оди и никако да му текне да излезе попаметен и да попушти. Италија нема trequartista или fantasista како Дел Пиеро, Тоти или Баџо во моментот. Така да таа формација треба да се исфрли, бидејќи покрај тоа остава и многу дупки во одбрана. Италија многу подобро би играла со 3-5-2 или пак ако веќе толку не ја сака Прандели таа, тогаш 4-3-3 е најпогодна.
Едноставно треба да се сфати дека Италија нема добри странични бекови во одбрана и затоа мора да наоѓа начин да ги покрива дупките кои ги оставаат. Тие дупки се покриваат или со 3ца централни дефанзивци или со крилата во 4-3-3. Сме виделе Ел Шарави во Милан како игра во одбрана од таа странична позиција.
Де Шиљо можеби ќе се развива, но вчера за првиот гол беше позициониран катастрофално(всушност го немаше никаде на позицијата која требаше да биде). Џакерини не смее да биде во прв состав, а истото важи и за Освалдо. Черчи е дечко во кој треба да се вложи бидејќи е играч со стварно огромен потенцијал и страшна техника, а не е стар како Дијаманти на пример. Но и Дијаманти треба да биде повикуван како резерва бидејќи е добар за таа работа.
Не знам дали Прандели ќе се тргне од таа катастрофална 4-3-1-2 формација или ќе чека уште некој пораз 4-0 па да му дојде мозокот на место.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Сите што ги спомна се трекватристи а не плејмејкери. онаа 1 во формацијата е плејмејкер (Дијаманти, Диего, Озил, Пирло и Чави (со тоа што последниве играат бааги поназад)). И Тоа е различно од трекватриста што повеќе е support striker и легнува во напад со 2ца напаѓачи, а не 3. Ниту тоти ниту Делпјеро не играле подолг период на таква позиција биле пробани да ама не играле нон стоп. Едино Липи успеа 2006та да ги игра и двајцата во некоја таква формација.
Бековите на италија моментално се беда. И се сложвам дека во 3-5-2 можи малку подобро да се покажат. На припремите за европското маџо беше мизерија во 4ка назад, а вчера и шиљо се покажа. Маџо истото ова си го игра во Наполи а мислам дека и Абате ќе биди далеку покорисен во таква формација. За Шиљо и останатите како него мислам дека е прерано за репрезентација. Добро е да се повикуваат на по некој натпревар за да добијат малку мотивација а и осет што значи репрезентацијата. Ама факт е дека не се созреани играчи. Добро е шо некои од младинците сепак можат да играат. Пред се тука мислам на Верати и ЕлШарави.
Џакерини е супер играч кој дава флексибилност за трансформации на тимот. НЕ е некое играчиште али ... не го плукајте толку оти е еден од најпотценетите играчи во италија.
Черчи е крилен напаѓач а не плеј. Досега имаше неколку блесоци и доста бледи изданија. Исто така тука би додал дека е прилично темпераментен играч и често добива картони. Потполно идентичен играч со Освалдо.
Дијаманти според мене досега најмногу заслужува да ја играа таа плеј позиција и тоа во прв тим. Едино монтоливо како шо тргнал во последно време можи да конкурира за таква позиција.

Формацијата не е толку лоша колку што ја правиш, рачунај ја однесе италија во финале на еу. Ама се сложвам дека можи да ја поработи малку и 352. особено ако има во предвид дека скелетот на репрезентацијата го игра то нешто на дневна основа.

ЕлШарави - Балотели​
Балзак-Маркизио-Пирло-ДеРоси-(Маџо/Абате)​
Киело-Бонучи-Барзаљи​
Џиџи​
И ормално тука можат да се уфрлат уште едно чудо играчи како Џак, Дијаманти, Монтоливо, Верати, Огбона, Гледам Сантон нешто го фалат во Њукасл и тн итн​
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Погба прв состав за Франција :vozbud: И дај не пишете толкави реферати оти никој не ве чита бидете кратки и јасни. Фала :)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Погба уште прва утакмица штом стартувал и тоа цела ја изиграл изгледа ептен го импресионирал Дешамп. Не е ова пријателска па туку така да влезе...Мислам дека ке биде редовен од сега во репрезентацијата.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
јас

За позициите не е толку важно но ќе ти разјаснам нешто. Trequartista не е втор напаѓач и не легнува во напад како втор напаѓач. Самиот израз trequartista сака да каже дека играчот игра во третата четвртина(3/4) од теренот. (alla tre quarti del campo- како што може да го слушнеш на италјански). Што значи тоа е играч кој игра зад два напаѓачи. Класични примери се Озил, Кака, Зидан(иако овој немаше каде не игра :)), Руи Коста... додека Тоти и Дел Пиеро точно во поголем дел од кариерата играле во нападот, но исто така играле и зад два напаѓачи, посебно како помлади.

За 3-5-2 нема што да се дополни друго, туку се е кажано.
Џакерини никаде не го плукав туку едноставно го реков она што и ти. Тој не е играчиште па да биде прв состав во националниот тим. Едноставно треба да си седи на клупата и од таму евентуално да чека шанса.

Знам дека Черчи е крилен напаѓач, затоа и ја споменав формацијата 4-3-3 :). Значи Черчи нема каде да игра во 3-5-2, но може да игра како десно крило во 4-3-3, со Ел Шарави на левата страна и Балотели во центарот. Оваа формација би била стварно одлично решение бидејќи и на Ел Шарави повеќе му одговара да игра како крилен напаѓач отколку како напаѓач во 3-5-2.

Не би се согласил дека 4-3-1-2 не е толку лоша формација. На европското најдобар натпревар на Италија беше со Шпанија во првото коло, во кое формацијата на теренот беше 3-5-2. Со Хрватска катастрофално играа, исто така лошо и против бедната Република Ирска. Единствено со Англија во 1/4 финалето иако заврши 0-0 италјаните демонстрираа одлична игра. На германците во полуфиналето повеќе победата се должеше на индивидуалната брилијантност на Касано и Балотели отколку на формациска поставеност. За финалето подобро да не зборувам.
Едноставно таа формација 4-3-1-2 нема покажано резултати дека треба да биде прва формација. Јас барем немам видено некаква полза од таа игра или пак некоја нова димензија(како што видов во 3-5-2 и како што верувам дека треба да се проба 4-3-3 затоа што може и од неа италјанската игра да добие повеќе инвентивност).
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
Конте планира тактичко изненадување против Баерн Минхен во лигата на шампионите. Има намера во првиот натпревар кој се игра на Алианц Арена да игра со само еден напаѓач, односно со 3-5-1-1. Местото на напаѓачот се разбира би го зазамал Погба, а сам во нападот би останал Вучинич. На некој начин вака отприлика се претпоставува.

http://juve1897dnagobbo.altervista.org/blog/il-marchio-pogba-conte-con-il-bayern-una-punta-in-meno/
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.539
Поени од реакции
17.358
Конте планира тактичко изненадување против Баерн Минхен во лигата на шампионите. Има намера во првиот натпревар кој се игра на Алианц Арена да игра со само еден напаѓач, односно со 3-5-1-1. Местото на напаѓачот се разбира би го зазамал Погба, а сам во нападот би останал Вучинич. На некој начин вака отприлика се претпоставува.

http://juve1897dnagobbo.altervista.org/blog/il-marchio-pogba-conte-con-il-bayern-una-punta-in-meno/
Мене ми мириса на Маркизио на таа позиција во последните натпревари таму го пробуваше..

а за подолгите постови погоре ке се смешам кога ке имам малце повеќе време

позз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom