Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.798
Поени од реакции
2.366
Да го истрчам за добро време ... под 2 саати..
Зависи секој за различно време се спрема. Зависи шо ти е целта,дали да финишираш само или да го истрчаш за одредено време и колку кондиција имаш пред да почнеш да се спремаш баш за ваква трка.
Еве на мене пример прв полумаратон ми беше во 2011 и се спремав точно месец дена и го истрчав за 2 часа и 6 минути. (целта ми беше само да финиширам)
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.798
Поени од реакции
2.366
Фала друже за поткрепата. Инаку кој е поискусен нека ми каже што да правам и како што да се хранам и колку време да трчам и дали секојдневно за да качувам кондиција! Имам голема желба да го минам маратонов! Ви благодарам :)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Фала друже за поткрепата. Инаку кој е поискусен нека ми каже што да правам и како што да се хранам и колку време да трчам и дали секојдневно за да качувам кондиција! Имам голема желба да го минам маратонов! Ви благодарам :)
Јади храна богата со јаглехидрати(шпагети или макарони) тренирај 6 дена,седмиот одмарај за да имаш сила за наредната недела,без правилен одмор ќе немаш резултати.
Постепено накачувај со километражата и ако сакаш за побрзо време да го истрчаш прај интервали,пример еден ден трчај 5 км со побрзо темпо од што ќе го трчаш полумаратон за телото да се навикне и на појак ритам.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444

Мислам дека 6 дена трениг е премногу, особено за почетник... :)
Јас би препорачал трчање барем 3 од 7 дена. За повеќе, само ако се чувствуваш доволно одморен. Освен храната, препорачувам да си внесуваш и магнезиум... За придобивките од магнезиумот, ќе се информираш на некоја друга тема, или Google :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.067
Дојдов јас за совети.. Почетник засега, но не за маратонскиве спремања, туку онака за себе и за кондиција.
Гурман човек, воопшто не внимавам на исхрана и имам некоја минимална кондиција, за партија фудбал per se.
Не сум со намера слабеење али ако во меѓувреме загубам малку пивскиот стомак нема да е на одмет. :D Значи претежно ми е за кондиција и долги патеки. Што значи, исхрана и распоред т.е некоја почетничка програма. Почнав пред 10 дена да видам кај сум, 7 дена истрчав, другите одмарав ради фудбал и снег/дожд. Патеката ми е прилично планинска и качување и симнување ми е -200/300 ~ 5 километри. Но има 3ипол рамно за трчење другото е качување угоре некои 500 метри, според RunKeeper. Ми се допаѓа дека е прилично високо и различноста на теренот, дека пример качувањето и да не е темпо е прилично напорно и ми ги потпалува мускулите. Според моја логика ова би ми помогнало да не ми се угасат нозиве ако пробам трчење на подолго. Засега да фатам кондиција ми е, па ќе се пробам на нормално редовно трчење, како во парк. Морам да признаам со апликацијава повеќе се мотивирам, време, далечина, брзина.. негошто според лично расположение некогаш влечење некогаш повеќе од супер. Околу патики користам од адидас шо ми беа за по надвор, воопшто не се лесни ама теренот е пола планински и катастрофален а се преполни памук од секоја ебена страна па воопшто не го осеќам. Здравје летово би одвоил евентуално за подобри, дека овие докај 1500 обично се срање, ги имам за фудбал и сл и секој дел од телото ме боли. Да прекинам.. би се префрлил на рамно минус свежиот воздух, па програма по која се спремате, еве нека е за 5км. :) Колку трчање колку одмор, исхрана и што за конзумирање пред/после.. вообичаените ствари.
 
П

Пепси_

Гостин
Да се убацам само онака,техниката на дишење е од огромно значење ! Сеуште не можам да ја усогласам за жал. Минатото лето човек приближно 60 години трчеше исто темпо колку јас,јас дишев како пит бул тој како да е на лежалка на плажа,релаксирано. се зачудив страшно.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Да се убацам само онака,техниката на дишење е од огромно значење ! Сеуште не можам да ја усогласам за жал. Минатото лето човек приближно 60 години трчеше исто темпо колку јас,јас дишев како пит бул тој како да е на лежалка на плажа,релаксирано. се зачудив страшно.
Да беше само до дишењето, сите ќе идеа на курс за дишење и ќе беа професионалци...
Чиченцето дишело посмирено од тебе затоа што бил во подобра физичка состојба, за жал. Што подобра кондиција и општо - подготвеност, толку помалку чувствуваш замор, толку помал пулс, посмирена работа на срце - по мирно дишење. Со тек на време ќе ти се нормализира дишењето. Кога ќе дојдеш до тој стадиум да си трчаш со средно темпо и да можеп да водиш нормален муабет со тие што трчаат до тебе (без да го губиш здивот), тогаш значи дека немаш никаков проблем со физичката подготвеност :)

И доста се читаме тука, кога ќе идеме да трчнеме заедно?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Жени деновиве ќе се опраи времево конечно, ако сте за трчање на кеј Аеродром пишете, па ако се држиме добро кондиционо може и за маратонов да се пријавиме.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
wot ај на кратко што и како те интересира, се изгубив у постов твој.
Acid јас сум за трчање, кондиционо доста паднат ама не се давам. Може да договориме било кога.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Ако има некој да трчаме заедно по кеј, Влае- Аеродром ? Не сум трчал на вака долга релација, не знам ни темпо што како.. ?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.067
wot ај на кратко што и како те интересира, се изгубив у постов твој.
Acid јас сум за трчање, кондиционо доста паднат ама не се давам. Може да договориме било кога.
Па дали има зацртано некоја програма по која се спремате за маратониве воглавно.
Колку денови трчање, по колку, колку денови одмор.. онака некои медицински докажано факти, за подобри резултати.
Дали е битна исхраната во крајниот резултат, пример сакам да постигнам кондиција, ама не сакам да слабеам или да се откажам од хамбургер.
Течности пред/после како иде тоа.. дека пред ако пијам јас воопшто неможам да трчам, за време на трчањето знам да ожеднеам, ако се напијам неможам да продолжам, ако не се напијам уште стотина метри ми е силата. :D Ептен почетнички ствари ме занимаат, али еве дефинирано како до кондиција за подолго трчање.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.798
Поени од реакции
2.366
Мислам дека 6 дена трениг е премногу, особено за почетник... :)
Јас би препорачал трчање барем 3 од 7 дена. За повеќе, само ако се чувствуваш доволно одморен. Освен храната, препорачувам да си внесуваш и магнезиум... За придобивките од магнезиумот, ќе се информираш на некоја друга тема, или Google :)
Па не сум баш и некој почетник... 2те претходни лета ги поминав во трчање, наутро 4-5км навечер a и играње баскет пред трчање навечер! ;) Башка 1 саат редовно тренирање во сала мислам дека е доволно ! Магнезиум во кое јадење можам да најдам..Инаку дајте некој план за исхрана добар што ќе ми помогне да дигнам кондиција а во исто време да не е многу калоричен.. Фала ви :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Па дали има зацртано некоја програма по која се спремате за маратониве воглавно.
Колку денови трчање, по колку, колку денови одмор.. онака некои медицински докажано факти, за подобри резултати.
Дали е битна исхраната во крајниот резултат, пример сакам да постигнам кондиција, ама не сакам да слабеам или да се откажам од хамбургер.
Течности пред/после како иде тоа.. дека пред ако пијам јас воопшто неможам да трчам, за време на трчањето знам да ожеднеам, ако се напијам неможам да продолжам, ако не се напијам уште стотина метри ми е силата. :D Ептен почетнички ствари ме занимаат, али еве дефинирано како до кондиција за подолго трчање.
За почеток доволно е 3 до 4 пати неделно трчање со послаб интензитет за да го спремиш телото и организмот за она што понатаму следува. Како ќе совладувуваш подолги растојаниа без или со краток одмор (не буквално да седнеш туку да одиш) така ќе зголемуваш интензитет.
Срцевата фреквенција и нивото на подготвеност играат голема улога како ќе се напредува и дали 3-4 тренинзи неделно се многу или малце итн.
Вода обавезно 2.5 до 3 литри дневно, јадење пред трчање најмалце 1:30 до 2 часа. Во тек на трчање за старт шише со тебе од пола литро и кога ептен ќе осетиш потреба за вода малце по малце да не се налупаш ептен па да ти кљокоти во стомак после.
Од исхрана претежно сложени јагленихидрати како компир, ориз, овез итн.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom