Заборавете на „Хари Потер“ и на „Хобитот“, Холивуд најде нова книга која ќе ја претвори во блокбастер - Библијата.
Девет години по успехот на „Страдањата на Христос“, која е во киноприкажувањето низ целиот свет заработи 612 милиони долари, сите големи имиња на Холивуд како Бред Пит или Стивен Спилберг уште еднаш се свртеа кон најпопуларна книга на сите времиња.
Студиото „Парамаунт“ веќе го ангажирал режисерот Дарен Аронофски, за 125 милиони долари да направи адаптацијата на „Ное“ со Расел Кроу во насловната улога. Филмот ќе се појави во кината на крајот на март 2014.
Студиото „Фокс“ пак, работи на филм за Мојсеј. Главната улога треба да ја добие Кристијан Бејл, филмот ќе се вика „Егзодус“, а ќе го режира на Ридли Скот.
И „Ворнер“ работи на филм за Мојсеј. Стивен Спилберг е најсериозен кандидат за режијата, а Бред Пит би го играл Понтиј Пилат во филм за овој лик.
Компанијата „Сони“ ќе го продуцира филмот „Kain Redemption“, нов поглед на приказната за братското предавство на Каин и Авел, која би требало да биде режисерско деби на Вил Смит.
Студиот „Lionsgate“ го снима филмот „Марија, мајката на Исус Христос“.
Филмовите базирани на Библијата беа исклучително популарни во 50-тите и 60-тите години, каков што беше, на пример „Десетте заповеди“ на Сесил Б. Демил, кој суверено владееше со кино благајните. Потоа овој жанр падна во заборав, а сега повторно заживува, поради потребата на филмските студија да заработат пари на веќе познатите ѕвезди.
Најголем предизвик, сепак, ќе биде како да се направи филм кој ќе привлече масовна публика и нема никого да навреди. Оваа лекција ја научи Мартин Скорцезе со филмот „Последното искушение на Христос“, кој предизвика голем гнев кај верниците.
Продуцентите на филмот "Ное" Скот Френклин и Марија Парент консултираат теолози и свештеници за да не се провлече грешка во библиските податоци или да се навредуват верниците.
„Имаме креативна слобода, но верувам дека ќе останеме верни на приказната“, изјавли Френклин за американските весници. Останува прашањето како конзервативните и Евреи и Христијани ќе ја прифатат адаптација на режисерот на чудниот "Црн лебед", особено по информациите дека Ное во филмот е воин кој се соочува со шест вооружени паднатите ангели.
Марк Бурнет, извршен продуцент на мини серијата „Библијата“, која овој месец почна да се емитува на каналот „History“, а која е традиционална адаптација на светиот текст, верува дека Холивуд ќе биде непријатно изненаден.
"Мислам дека некои луѓе во Холивуд не знаат што ќе ги снјаде следната година. Се работи за Библијата! Со неа не може да се игра ... 160 милиони Американци одат во црква секој месец и ним ова ќе им биде исклучително важно", предупредува Бурнет.