Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Пред мене се наоѓа голем ризик. Вечерва доста чудна ноќ ми е, разговарав со газдата... му реков "Ја напуштам работава..." ... мило ми е што прифати и го ценеше моето мислење. Ги работам шо се вели последните саатови / денови, додека да се најде замена за мое место. Се сеќавам на интересни моменти, ќе ми фали понекогаш местово, знам. Запознав прекрасни личности, а и нив ќе им фалам исто. Нема веќе ништо да биде тука како што беше... и самите тоа го рекоа. Сето веќе е спомени само, и минато. Повеќе од 3 години поминати низ смеа, сериозни муабети, собирања, проблеми и секакви дешавки.

... али тоа е, морам за мои интереси да продолжам напред кон подобро. Останува да видиме дали ќе успеам, ако не успеам... ќе се сметам за најголемата пропалица шо постои на светов.

Сега се што ми треба е малку одмор, да го одморам мозоков, полека да се вратам во реалноста... и да продолжам понатаму со новата работа.
 
Д.
за една недела треба да ослабам најмалку 3 кила :facepalm:
никогаш не сум се замарал за килажата, а и не сум дебел ама што се мора, се мора :unsure:
како ли јас да ослабам? се испуштив од раце бе, гојдо......
 
another day...
си седам во мојата „канцеларија“ (технички е канцеларија али немавезе) пијам нескафе без млеко пошо нема млеко и му го цедам малборото на газдата... Life is good... или сепак не, цртам работи кои не би стоеле во мојот профил али интересно е :) мислам на нешто на што не би требало да мислам. All in all правам работи што не би требало да ги правам, али јебеш ионака неам шо да прам :)
 
Што би им порачале на младите?

Не знам... Мислам дека би сакал да има кажам само дека треба да научат да бидат сами и да се обидат да поминуваат што е можно повеќе време со себеси.Мислам дека една од грешките на младите луѓе денес е тоа што заедно одат на настани кои се гласни,понекогаш и агресивни. Желбата да бидат заедно само за да не се чувствуваат осамено според мене е многу лош симптом. Секој човек уште од дете треба да научи како да поминува време со самиот себеси. Тоа не значи дека треба да биде осамен, туку дека не смее да живее досадувајќи се во сопственото друштво, бидејќи тие на кои им е здодевно да бидат сами ми изгледаат како да се во опасност. Од гледна точка на нивната самодоверба.

-Така говореше Тарковски
 
Здравеј Д.К, ќе бидам краток, да не го тупам.:)

Мука ми е од луѓе кои се заштитиле со високи ѕидови, а се душевно осакатени и не веруваат на себе си и во ништо, кои за искрените постапки на некои луѓе гледаат низ призма на цинизам и хејт. Кој сте бе вие да го пикате носот секаде и да делите правда дали нешто е искрено или не. Абе дај живејте, сменете си го животот, срушете ги ѕидовите, оставете ги останатите кои се уште веруваат во некои вредности да си практикуваат. Ги жалам ваквите изгубени ситни душички.....полни со омраза, мизерија и беда....
 
Драга Кајгано.

Се заледив денес...
Но срцето ми е топло...
Срекно и исполнето...
Јас за разлика од друг *
Можам да спијам мирно.
Не глумам совршеност...
А некој да...
Игра дрско...
Со сите карти...
Која е целта на таа глума?
Нели не постои совршеност?
Нели сите имаме свои маани и недостатоци?
И мали мрачни тајни?
Tреба и јас да почнам да играм така?
За да добијам?
Ризик ли е?
 
Ебала те и драга и кајгана,

Денес мзт тепаше , пред еден месец животов ми зема се.ТОа се не семери со ништо.Пијан сум да, ептен пијан.Животов ми зема се,да ми зема.Брат нероден по крв,по душа сроден.Животот го пројдов со него во моменти тешки и лесни.Денес тој почива во мир додека ние си го носиме во срце.Мајка ми ме праша зашто не сум и дал цвеќе за 8ми март....Па мамо како да ти кажам тој ден му беше роденден на братот мој,кој не напушти прерано.МЗТ ги тепаше партизан,да им се изнаебам на србоманите у пичка.Никогаш нема да те заборавам никогаш нема ова празно место во срцево да го пополнам,засекогаш ќе бидеш ти во мене.Те сакам повеќе од се....
--- надополнето: 17 март 2013 во 02:03 ---
 
Ти „Другар“ - карши мене,што моментално зјапаш во мене,
-ПРОСТИ МИ,ПРОСТИ МИ,ПРОСТИ МИ
ако сум ти нешто згрешил оваа година,
прости им и на другите 90.000 очи што секојдневно зјапаат во тебе,
нека ми простат некои од нив и мене ако нешто сум ги минатава година навредил или било како текстуално повредил,со некој мои зборови,
а од мене ви е ПРОСТЕНО НА СИТЕ.
и ви подавам рака со портокал во неа,како некогаш во некои други добри времиња,
дедоми Мино ми подаваше мене и на мајками кога ќе појдевме на Прошка да бараме.
 
Драга како сум расположена денеска, абе ова се нема десено, вишок на енергија имам на претек.
Уште вечер да ми ги погодат песните ее то има да биди, пуфка.
Еве ти еден поздрав.
 
Убавината на секое вечерно излегување мала, зависи од 3 фактори :

- Тајминг
- Локација
- Луѓе

Едно од овие 3те да ти се погоди може супер да си поминеш. Ама ако ниту едно не стрефиш - е тогаш ТАПА. Па не карневали во мојот град, во Рио да бев немаше да го биде :( . А шо убаво бев нашминкан сношти, комплименти до колешката (y). Догодина друго оро ќе се игра. А и ова плус успут ..

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom