Еве мое искуство со клима. Пред зимскава сезона зедов клима МИДЕА 7-ка 1000евриќи инвертер за просторија од 30м2. Мислев да земам 3-ка па се предомислив и зедов 7-ка нормално за потопло. Кога температурите беа нормални се топлев одлично, но кога имавме температури со поголеми минуси измрзнав. Проблем беше што ми се исклучуваше кога ќе помисли дека има 'постигнато' температура од 30степени иако ми беше уклучена на макс, а мене нозете камен. Друго ми дуваше 1саат млако па после 1саат почнува топло и таман ќе стопли исклучува и нема опција за да ја пуштиш пак....
Така да не сум задоволен од оваа клима искрено.
Не требало да земаш клима од пониска класа за да загрееш просторија која без проблем ќе си ја загревал со Инвертер од 12.000, односно 3.5 КВ клима.
Троши многу повеќе енергија и нема никаква функционалност.
За тие пари си можел да земеш Тошиба Даисекаи 12-ка и да си немал никакви проблеми.
Ама нејсе пошто ова е завршена работа, сепак не е нормално климата да се однесува така.
Дали забележа кога ја монтираа дали беше употребена вакуум пумпа пред да ја наполнат со фреон монтерите?
Добро се изолирани цревата надворешно? Климата е уште под гаранција, викни ги тие што монтираа и од каде што ја купи.
Не е возможно клима со толкава можност да не затопли просторија од 30 КВ.
--- надополнето: 17 март 2013 во 10:45 ---
Треба да одлучам какви цевки за централно греење да пазарам (за во под, треба кошулица на подот да се става потоа). Опциите се:
- турски, некои алупласт или алуфлекс, реалативно евтини, близок роднина ми ги фали многу, наводно истите ги користела топлификацијата во Словенија
- италијански, некои 30-тина % поскапи од турскиве и наводно не многу поквалитетни
- австриски Херц, некаде дупло поскапи и наводно најквалитетни на наш пазар
Роднинава се колне во турскиве, негов ортак професионално ги користи во сите инсталации без проблеми (плус ќе ми ги најде за набавна цена). Од друга страна кога ќе се зацементира кошулицата секакви интервенции заради евентуални порблеми се многу сложени и скапи.
Се работи за накај 150 метри должина и мислам дека можам да си ја дозволам разликата до тие австриските Херц... прашањето е дали вреди разликата во квалитет?
Ако не е голема разликата во цена тогаш воопшто не се двоуми што ќе одбереш, замисли да ти пукни цевка кога ќе имаш се инсталирано што ќе ти се случи во просторијата.
Инаку сум имал искуство со ПВЦ цевки од турско производство за водовод и истите имаат одличен квалитет.
Во случај да е големка разликата во цена, распрашај се и посети објекти каде што имаат инсталирано турска инсталација.
Не мора ништо да значи земјата на потекло.