Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
За после тренинг наместо декстроза растворам со протеинот по една лажица мед. Мислење според вас дали е правилно или не бидејќи многу ми е фаил ова декстрозата што ја земаме ниту пакована ниту ништо така рандом ми изгледа ко обичен шеќер (сахароза) мелен.
Се наоѓа и пакована...
 
Искрено ако си така со исхрана би требало доста да ти игра улога во однос на прекин на катаболизам (состојба во која го доведуваш телото при вежбање) и побрзо преоѓање во анаболна состојба (идеална за градба на мускулна маса) опоравок итн итн.
Иначе да, изолатот зашто овој е претежно концентрат али ОК за другпат ќе знаеш и јас досега се имам зезнато неколку пати али па од грешки се учи.

Не го зедов изолатот зашто купував заедно со цимер ми и едвај го натерав да собере за овој, а не па за поскап и помал :). Иначе изолатот освен што има поголем процент протеин по сервирање, се апсорбира и побрзо? Ако е само првото, не ми е проблем, 22г има овој и таман ми е :)

Совет после вежбање со декстроза внесувај го, ако немаш касни банана па после 10 минути протеинот

Немам декстроза моментално, колку пари беше килограм? Иначе банана или суво грозје ми се задолжителни после тренинг, само што протеинот го пијам во теретана кога завршувам со вежбање, а другото го јадам по патот накај дома. Може е подобро како што викаш ти, ама попрактично ми излегува вака :D
--- надополнето: 7 март 2013 во 14:54 ---
Се наоѓа и пакована...

Мајсторе, беше во продавницата вчера околу 19:30? Дојдов и прашував за протеин, немав појма дека тоа си ти :D
 
Не го зедов изолатот зашто купував заедно со цимер ми и едвај го натерав да собере за овој, а не па за поскап и помал :). Иначе изолатот освен што има поголем процент протеин по сервирање, се апсорбира и побрзо? Ако е само првото, не ми е проблем, 22г има овој и таман ми е :)
Изолат се апсорбира побрзо од концентрат, и тоа дупло побрзо. Концентрат е од прилика 3-4 грама на саат, изолат е 10-11 грама на саат. (ова зборам за чист концентрат и за чист изолат)
 
Оф, ептен голема била разликата. Ај мојов е мешавина на концентрат и изолат, ќе помине, па здрајве за нареден пат :)
Фала на сите
 
За после тренинг наместо декстроза растворам со протеинот по една лажица мед. Мислење според вас дали е правилно или не бидејќи многу ми е фаил ова декстрозата што ја земаме ниту пакована ниту ништо така рандом ми изгледа ко обичен шеќер (сахароза) мелен.
Медот е мешавина од декстроза и фруктоза која што варира од мед до мед и не е најдобар избор за после тренинг...Ако веќе се сомневаш во декстрозата или од било кои причини не е твој прв извор, како нејзина најдобра замена би било СУВОТО ГРОЗЈЕ или ПЕЧЕН КОМПИР ;)
 
Немам декстроза моментално, колку пари беше килограм? Иначе банана или суво грозје ми се задолжителни после тренинг, само што протеинот го пијам во теретана кога завршувам со вежбање, а другото го јадам по патот накај дома. Може е подобро како што викаш ти, ама попрактично ми излегува вака :D
Лапни бананата или субото грозје после тренинг па накај дома протеинот :)
 
За после тренинг наместо декстроза растворам со протеинот по една лажица мед. Мислење според вас дали е правилно или не бидејќи многу ми е фаил ова декстрозата што ја земаме ниту пакована ниту ништо така рандом ми изгледа ко обичен шеќер (сахароза) мелен.

Имаш пакувана кај Ѓороски CarboX од Biotech мислам беше, јас имам земано од таму. Тоа ти е микс од јаглехидрати меѓу кои и декстроза но има додаено и јаглехидрати со споро и бавно разложување(малтодекстрин, фруктоза, рибоза...) така да е идеална за после тренинг затоа што ги надокнадува гликогенските резерви на подолг рок не само мускулните туку и гликогенот во црниот дроб.
 
Мајсторе, беше во продавницата вчера околу 19:30? Дојдов и прашував за протеин, немав појма дека тоа си ти :D

Кога ќе биде потопло, ќе шетам со маички со кратки ракави, за да ме препознавате (y)
ако одлучам да вежбам годинава ...
 
Одамна си го ставил прашањево на дневен ред ама никако да се одлучиш :D
 
Не е лесно да се одлучам и пресечам, ама ќе морам. Ќе затопли, кој ќе ве гледа како ќе ми се шетате по улици :cool:
 
Не го зедов изолатот зашто купував заедно со цимер ми и едвај го натерав да собере за овој, а не па за поскап и помал :). Иначе изолатот освен што има поголем процент протеин по сервирање, се апсорбира и побрзо? Ако е само првото, не ми е проблем, 22г има овој и таман ми е :)

Еве еден интересен графикон ќе им помогне на многу

2aki82t.jpg
 
Значи технички, за после вежбање најбоље е BCAA + L-glutamin + декстроза + некој спор јх?
Немаш потполен амино профил во БЦАА и глутамин. Затоа е идеално изолат како основа, а глутамин и БЦАА можеш да ги додадеш во нив.
 
Кои се најефтините БЦАА на кои имате налетано ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom