Мечов беше феноменален, наспроти дискутабилната одлука на судијата гледавме навистина извонреден меч. Факт е дека судијата го охбрари Реал да нападне и да биде поконкретен а не да пимпла како Барселона, не дека Нани правеше голема разлика на теренот, по мене беше тотално аут од игра, не направи ништо корисно, само трчаше ко млад мајмун по банана, но на психички план играчите на Јунајтед паднаа, и го платија цехот.
Во прво полувреме беа тука негде и двата тима, но во второ Реал беше каде подобар, Фергусон мораше уште на полувреме да го извади Нани и да го стави во игра Руни.
Според мене лично, престрог беше црвениот картон, жолт беше таман за фаулов, плус Нани не го ни гледаше кај е Арбелоа, но факт е дека кармата е курва, и дека секогаш неможе да биде се праведно, али тоа е, очигледно дека е коцките се склопија за Мадрид да пројде и тоа е тоа, вака онака, Англија остана без претстанивк во ЛШ што ми е криво, ама пак од друга страна мило ми е за Мурињо и Реал, го заслужија пласманов.
Неможам да кажам дека ми е криво, но ни дека ми е задоволство, само ќе го постирам видеово, колку да се свестите какви работи се простувани на вас, еве како сум се чувствувал јас при овој незаборавен момент на Челзи и Дрогба.
This is the feeling which you have been laughing out loud then.