Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Го ставија филмов на trackermk.com
Со англиски превод ,во ДВД формат,без мени само филмот :)

за оригинално ДВД ќе почекаме ,како што ќе чекаме за „Мајки“ „Ова не е американски филм“ , „Балканот не е мртов“ а којзнае дали ќе ги има

едно време македонските филмови на Милчо Манчевски „Прашина“ , „Сенки“ , на Дарко Митревски - „Балканкан“ и на Теона Митевска „Јас сум од Тито Велес“ одеа со весник „Дневник“, „Утрински весник“ ... ама годинава па и некоја наредна којзнае дали ќе биде така
 
кој успее да го извади преводот од тоа двд да ми јави моментално
 
има и DVDrip за оние со помал бандвит трансфер
 
Го ставија филмов на trackermk.com
Го симнав, ама нема звук. :confused:
Овој проблем и појано ми се појавувал со други филмови. Што може да е работата? Пред 2 дена друг филм симнав и тој си има звук.
 
Го симнав, ама нема звук. :confused:
Овој проблем и појано ми се појавувал со други филмови. Што може да е работата? Пред 2 дена друг филм симнав и тој си има звук.
Инсталирај VLC

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Кога ќе излезе преводот од DVD форматот одма во ПП да ми јавите. Бљагодарим однапред :icon_mrgr:
 
кој успее да го извади преводот од тоа двд да ми јави моментално
Кога ќе излезе преводот од DVD форматот одма во ПП да ми јавите. Бљагодарим однапред :icon_mrgr:
Инсталирајте VLC ако немате, и кога ќе го пуштите филмот одете десен клик->subtitles->кликнете Track 1 :cool:
 
Инсталирајте VLC ако немате, и кога ќе го пуштите филмот одете десен клик->subtitles->кликнете Track 1
шефе, друг е муабетот, да го гледам филмот со превод знам
сакам да го извадам од самиот филм преводот, да го има во посебен .idx/.sub/.srt file, пробував со неколку различни програми не може
нешо не е како шо треба DVDR-во
 
"Не може нас да не тренира нацист
Па кој вели дека е нацист
Другарот Ленин вели......
Да те ебам и тебе и другарти Ленин да ве ебам"
убедливо најјака реплика од цел филм!!!!
(y)(y)(y)(y)
 
Го изгледав филмот и искрено не ме импресионира премногу, не ни очекував ама мислев дека ќе биде нешто-нешто подобар. Глумата така-така, неколку колоквијални шеги, цицки и други стандардни елементи. Режијата е добра, ама целата приказна како да нема некој континуитет, некоја длабочина. Ако ги изоставиме патриотските елементи и погледнеме пообјективно филмот не успева да те внесе во приказната, нешто крупно изостанува во филмот. Исто така многу клише сцени и дијалози забележав и задржување на небитни нешта. Ми изгледаше како доста шаблонски филм, не забележав нешто по што можам да речам дека е оригинален. Исто сцените со фудбалот и инструкциите на тренерот ми изгледаа многу плитки, не дека очекував да им каже да играат 4-3-3 со пресинг со висока одбранбена линија и полуконтри и кој кого да маркира ама можеле повеќе да се потрудат од „фудбалот е како танц - лева нога, десна нога“ :)

Да не испадне дека пљукам, не знам дали сум прв ама забележав многумина се воодушевија од филмов... не знам од што до толку им остави впечаток. Не заслужува толку високо да се издигнува само зашто е македонски и што ја пееја „Море сокол пие“. Да не ме сфатите погрешно, се радувам секогаш кога ќе излезе македонски филм, и ја го проследив филмот навивачки за „нашите“ ама да не се лажеме, ова е многу далеку од филм [за номинација] за оскар како на пример „Пред дождот“. Дарко Митревски можеби знае да направи филм кој ќе го привлече вниманието на масите во Македонија, ама го нема уметничкиот сенс на Манчевски. Во секој случај, ете филмот ќе служи како уште еден споменик на холокаустот на евреите.
 
Убаво филмче во глобала. Хуморот функционираше, песните ме наежија а сценографијата и костимографијата беше на ниво! Актерите се тие истите во секој македонски филм ама ептен се навикнав на нив па ако ги нема ми недостасуваат. :)

Малку напорно што на милион јазици се зборува во филмот, па те читај превод те пробај да разбереш што зборуваат, ми направи збрк-здрк™ во мозокот. Но беше доста добро изведено, му дава доза на автентичност на филмот.

Приказната ни е позната, но овој пат од наш агол. Крајот ми беше малку клише и предвидлив но ништо страшно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom