Од Скопје со брод до Париз, Прага и Солун?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
Колку пари би ја чинел Македонија овој проект?

Ако е над 3-4 милијарди, повеќе ни се исплати да дигнеме една нуклеарка кај Криволак и да продаваме струја низ цел балкан отколку да се бафтаме со канали од кој најголем ќар ќе имаат централно европските земји и неколку балкански држави!

За 2 милиони народ не ни треба пловна река. Доволно ни е блиску Солунско пристаниште!
За нуклеарка треба знаење, капитал, гориво и складиште за нуклеарниот одпад. Ние немаме ништо од ова....
И да не заборавиме дека Македонија е претежно планинска земја, поради што во случај и на најмал нуклеарен инцидент, радијацијата нема каде да бега, сите од прв до последен ќе го кркаме стапот.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Пa каде па сега пловна река кога секое лето има недостиг на вода и реките се толку плитки што можеме да одиме пешки како Исус .


Sent from my iPad 3 using Tapatalk HD
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
За нуклеарка треба знаење, капитал, гориво и складиште за нуклеарниот одпад. Ние немаме ништо од ова....
некој ептем е влезен у филм
rekao i da bi izgradnja kanala od Srbije napravila regionalnu silu i da je zato treba proglasiti projektom od nacionalnog značaja.

 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.032
Нема ништо ново официјално, а ? Штета.....
На прва, идејава личи ОК....

Да се гради или не? Каналот Белград-Скопје-Солун ќе ја потопи Тиквешијата!

„Изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе поплави три населби во јужниот дел на Македонија, а ќе предизвика и големи ходрогеолошки и миграциони промени. Пред да реши да се вклучи во неговата реализација македонската влада треба сериозно да ги разгледа позитивните и негативните ефекти на овој мега проект“, вели во интервју за српска Политика, Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти, на Градежниот факултет во Скопје.

Зошто Кинезите се заинтересирани за изградба на каналот Белград-Скопје-Солун?

Водениот пат од Северна Европа до Средоземно море ќе се скрати сегашната траса за 1.200 километри во однос на трасата преку Црното море. За овој зафат се потребни 17 милјарди долари, а според оптимистичките прогнози би можел да биде завршен за осум години.
Пред се би можело да стане збор за економски интерес, бидејќи ако земе учество во проектот Кина би ги вработила своите големи фирми, како и голем број луѓе. Кинезите исто така сакаат да ги продаваат своите производи на територијата на Европа на својот најголем пазар – Европската унија
Оној кој ќе биде дел од каналот на Морава во Србија, без огледа на сопственичкиот договор, тој ќе биде геополитички и геостратешки присутен во Европа

Груевски и Дачиќ се договорија, каналот Белград-Скопје-Солун треба да се гради!

Српските експерти се убедени дека станува збор за невозможна мисија, затоа што еден таков проект е комплициран и премногу скап. Првичните проценки велат дека ќе чини меѓу 12 и 17 милијарди евра.Тамошната опозиција обвинува дека мегаломанскиот проект ќе чини повеќе од 18,5 милијарди евра и ќе ја одведе Србија во должничко ропство.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
Според него, Вардар по однос на билансот на води е многу неповолен за организирање воден сообраќај, а уште понеповолна е хидрологијата на реката Пчиња во чија долина е лоцирана третина од пловидбениот канал во Македонија.
кратко и јасно,Вардар не располага со потребни количини на вода,обично поточе во споредба со Дунав........убаво е да се има замисли,ама оваа колку е остварлива посебно овде на Балканот - мнооогу тешко
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.178
некој ептем е влезен у филм
rekao i da bi izgradnja kanala od Srbije napravila regionalnu silu i da je zato treba proglasiti projektom od nacionalnog značaja.

Па немаат море србите и фантазираат да права свое море......
 
C

cige

Гостин
Во Велес ќе треба најмалку 3.000 домаќинства да сменат место на живеење, исто така и железничката пруга Скопје-Велес ќе треба да биде потопена, којашто истотака ги поврзува Солун и Белград. Огромни површини со обработлива површина би биле потопени коишто се користат за раноградинарски култури во населбите Шорка, Речани и Башино село. Голем дел велешани би останале без егзистенција, а во Велес "бавчеванџиите" се познати како најбогати фамилии, меѓутоа и на целата територија на Македонија раноградинарството е убедливо најисплатлива земјоделска гранка, па со овој проект би имале голема загуба. Да не споменувам за надоле, Неготино, Градско и околните села каде што населението живее во рурална средина коишто се бават со овоштарници со праски и лозје.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Таков магаломански проект е неисплатива и штетна за екологија поарно со тие пари дури и помалку да се гради ,,брза пруга" со воз кој оди над 300Км/ч ем за патници и ем и за товарни вагони и побрзо ќе заврши транспортот и таман пред да се расипе папаја и авокадо ;) :)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Хахах чекај ова озбилно ? Прво Вардар ќе треба од школки да се исчисти, да не заринка бродот у некое југо :pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom