Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.334
- Поени од реакции
- 18.788
Не знам зошто, но не сум задоволен. Се чувствувам неисполнето. Прв пат да ми стане толку досадно додека гледам Јувентус. Може да кажам дека сум засрамен од начинот на кој игравме. Мене ништо не ми менува тоа што сме први со 6 бода предност пред вториот или пак тоа што сме чекор пред 1/4 финале во ЛШ. Јас гледам дека не е во ред нешто со тимот. И сега се разбира ќе излезе Конте на прес и на секоја мала упатена критика, ќе спомене дека Јуве беше два пати по ред 7мо место и дека ова што го прави овој тим е неверојатно и дека не смее да има никакви забелешки. Преку глава ми е тие работи. Многу луѓе изгледа заборавија дека Јуве и 7мо место кога беше, повторно беше Јуве. Не се избриша ништо со тие две 7ми места па Конте да дојде и да мисли дека е месаја. Дури и Конте како да заборавил дека Јуве никогаш не престана да биде тој тим, во кој играше и самиот тој лично. Историјата на Јуве не започна од 2011. Таа е започната многу оддамна. Не секој кој ми вели дека Јуве дојде од две 7ми места по ред, јас пак му одговарам дека Јуве дојде од 29 титули освоени со многу пот. Никој тоа не го смени.
Треба реално да ја погледнеме ситуацијата во Италија и да увидиме дека сме НАЈДОБРИ и тоа со голема разлика. Ако не го освоиме Скудетото ќе биде срамно. Овие 6 бодови разлика се малку со реалната слика. Погледнете само во првото полувреме колку лесно стигнавме до шанси за гол и тоа конкретни. И оди после не ги критикувај Вучинич и Џовинко. Првиот промаши 1на1, додека вториот имаше одлична шанса за шут од шеснаесетник а тој одлучи да се прави Меси и да оди да ги помине сите. Се разбира од ова секогаш е исклучена одбраната. Секоја чест за Бонучи, Барзаљи и Киелини. Им симнувам капа.
За голот што го примивме (и шансите кои ги имаа со шутеви од далеку) можам да кажам дека сум разочаран од средината. Никаде ги немаше Видал и Маркизио да помагаат и да блокираат удари од далеку. Исто и Пирло ни малку не се потрудуваше.
Уште многу имам да кажам, но ќе прекинам овде.