Не знам дали ми е за тука мислењево, ама не знам во која друга тема би го поставила.
Сакам да го заменам обичниот бојлер во вц со проточен. Може ли да ми препорачате каков проточен бојлер е најдобро да ставам, кои се најквалитетни и најекономични и каде можам да ги најдам во Скопје?
Малце каснам, ама сега видов.
Имам проточен бољер незнам веке ни јас колку време. Марка сименс со бакарни цевки( многу битна работа) и досега се има покажано како одличен.
Тоа за сервисот на неколку години што ти рекле зависи само од колку имаш нечистотии во водата( песок) и се менува една мембрана која ако не се лажам кога последен пат ја сменав кошташе 200 -300 денари. Поседен пат ја сменав пред можеби 10 години. Ако земиш со пластични цевки , кога мембраната ке се скини ке го фрлиш цел бољер пошто е залиен, вака само неколку штрафчиња и заврши работа.
За тукашни услови ти брка 21 кв снага, а за во летно време се намалува на 18 и тоа е тоа. За економичноста сименс и било кој друг бољер од 21 кв ке ти потрошат исто така да, најповеќе зависи колку ке кисниш под туш пошто водата никогаш нема да се олади
.
За притисокот е точно но не е толку трагично како што некој кажуваат. Ако нема притисок нема да работи ни обичниот бољер така да не се замарај премногу со тоа.
За штеловањето на топла вода незнам што толку комплицираат, се штелова ептен лесно. ја пушташ топлата до даска и после регулираш со ладна ако има потреба да регулираш. Значи топлата не се штелова, туку ја ладиш само со ладната.
Сега за другите кои се повеќе автоматизирани незнам и неможам да кажам, ама јас со овој сум презадоволен.
--- надополнето: 1 март 2013 во 11:36 ---
Protocnite bojleri se opasni po zivot,nese lazete obicen bojler e najdobro itoa dabide isklucen koga kese tushirate.nikogas nese znae koga greacot moze da probie 5 termostati da imate zabe vie [nikogas nese tusirajte so uklucen bojler] edno neka vie jasno ne postoi ekonomicno greenje, postoi za zal mnogu skapa struja.Lesno se resava problemot mazite treba da prestanat da bidat zeni,so benzin treba dase zapali EVN togas smetkata ke bide mnogu mala toa znaci kolku treba.Taka vo Romanija istiot gazda [KOPILE] pocna da imja kaci strujata mnogu loso pomina go zapalija edvaj se spasil so helikopter se izvlekol nikogas nese vratil tamu.Nekoj mu kazal deka kaj nas nema mazi itaka dojde ovde imu ide biznisot super.
Ке ти одговорам на битолски.
Шоо збораш бе така останав
Прво само колку си неупатен е чудо едно. Незнам како си го замислуваш проточниот бољер, но греачите се одвоени од водата физички за разлика од обичниот бољер кај кој не е.
Попрво би те фатило струја со обичен отколку со проточен( се разбира ако струјата ти е поврзана како што треба и имаш нормално заземјување). Ако инсталацијата ти е онака згорапопреку ке загиниш од струен удар и од фрижидерот ако пробие некоја фаза или од електричното шпоре кога вариш кафе. Сигурно не вариш кафе со исклучена рингла??