Налетав на вакво нешто како опција за загревање:
http://www.youtube.com/watch?v=5Fonlmeklxs
Котел за индивидуално греење..... вели со COP фактор скоро 1.6!
Уште немам чуено за котел со COP фактор.... За heat pump (inverter) дека се пресметува COP фактор имам слушнато, ама за вакво нешто реков не!
некоја ‘‘направија‘‘ од Латвија.
http://www.stafor.lv/ion/
Кој разбира нека чита.
Онак го нема одамна на потфорумов, но ова може да биде интересно и за него!?
тука сум друже, тука сум... пасивен читач сум, бидејки на секое мое мало пишување напаѓан сум од одредени структури да давам технички податоци, а милион пати напишав дека ако некого нешто интересира, нека повели кај мене во офис, со задоволство ке му појаснам, не тука на форум... и погоди што? ниеден од сите оние кои агресивно напаѓаа и силуваа за податоци не се појави нити се јави нити пак посака да дојде... нејсе.. не битно е тоа...
значи за стафор уредов. не е нов. датира одприлика околу 14 години како продукт. внатрешно е електрохемиски уред, кој користи електролит кој има загревање и искористување односно продуцирање на топлинска енергија така што го користи молекуларното триење на водата при бомбардирање со електричен набој.. всушност, ова стафор е поинаку спакувана руска подморница, односно она што го гледавме како вулкан што стига од крагуевац...
заради дополнителен доказ ке ви посочам дека во сите појаснувања за снагите на уредот постои табла која вели од-до киловати, односно има логаритамска потрошувачка исто како и руските подморници исто како и кано системите... снагата со која повлекува струја и со која ослободува топлинска енергија е различна според должината и големината на електродите, за разлика од тоа што кај кано системите тоа се контролира со концентрацијата на електролитот во флуидот односно кај руските подморници со концентрацијата на содата во водата.
од друга страна ке посочам дека стафор системот е систем со лимитиран работен век.. не знам колкава е точно бројката на работни саати, но секако знам дека не се сервисира одкако ке се потрошат електродите. што поголем систем, толку побрзо трошење на електродите.
ги имам контактирано техничиот персонал за стафор системот, поготово за делот со тековното одржување ми беш епојаснето дека при потрошување на електродите “време е“ за мењање на тубата.
кор фактоторот не им е реален, бидејки тој однос е нивна пресметка израчуната спрема класично електрично котле. ако се појде од теоријата дека за 1 киловат струја=1 киловат топлинска енергија и таа теорија се порамни со елкетричен котел, тогаш нивниот кор фактор е точен. ама тоа на теорија. на пракса и на измерени инструменти вели дека електричен котел има од 30 до 60% загуби (зависно од квалитетот на греачите) и во тој случај кор факторот ако се земе предвид на нај добриот ел. котел е 1:0,70 одприлика, па така на стафор системот кор факторот е 1:1, исто како и на руските подморници односно вулкан системот од србија. уствари, како што и кажав,ова е потполно истиот систем, спакован во нов изглед. тоа е тоа...