Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Многу лоши моменти во последно време, кога ли ќе дојде време да се израдуваме, титула да видиме...
 
BDf3HDgCIAAtw2Q.jpg
 
Едно нешто што веднаш се забележува на сликите е разликата во годините на составите...
Сакал да признае Венгер или не, му требаат зрели и етаблирани играчи...
 
Дечки, неќам да ме сватите погрешно, ама денеска Баерн победи заслужено, искрено не сте и вие дораснати за да поминете ваков противник, и вас ви треба искуство, и стариот Венгер...
Не го знам тимот колку вие што си го знаете, ама по мое, во нити една комбинација не требаше Волкот да игра шпиц, во нити една комбинација не требаше да го изостави Жиру од тим- очајно му требаше физичко присуство во нападот, и крајно, уште не ми е јасно зошто Казорла играше крило, да знам, си мисли оти "ќе му ја земи средината", ама гадно се лажи, кажете на колку дербија досега Арсенал излегол со таков состав (еден шпиц, едно крило, и еден advanced playmaker поставен на крило), и пак Арсенал ја губел средината? Ако не се лажам на сите дербија е истата приказна (освен со нас кога годинава игравте на Енфилд). Најискрено се надевам оти Венгер ќе ги свати некој работи и конечно ќе го видиме стариот Арсенал, и стариот Ливерпул секако ;) (Искрено смачено ми е да гледам екипа како Сити, макар и Челзи која се бори за титула, а легендарни екипи како нашиве каснат по 20-30 бода зад нив)
СПОРТСКИ ПОЗДРАВ!!!!
 
Имам доволно достоинство за да не реплицирам на падобранци кои се појавуваат на фан-клубов само после пораз.
На такви не треба ни 0.1 посто внимание да се придодава, гомнојадачи имало и ќе има а оној е меѓу најзаморните.

За утакмицава два-три збора.
Утната тактика од старт, кај бе со Волкот шпиц, нема леб од него, никад добар играч нема да стане, ја разбирам идејата да ја користи брзината против Ван Бујтен, ама џабе трчање ако нема на кого да подаде топка во напад. Во средина не надиграа, требаше Росицки да стартува, па макр и на место на Казорла. Одбраната катастрофа, Вермален во прво полувреме ужас, Сања цела утакмица ужас. И мислам дека Подолски треба од клупа да влегува, премногу често има огромни периоди кај што топка не фаќа, во прво полувреме никаде го немаше.
Остана да се фокусираме на тоа 4-то место, па на лето да видиме дали ќе им дојде паметот или не.
 
Осечам дека Росицки пак ќе ни ја спасува сезонава. Дефинитивно ни фали таков играч кој само он и Вилшир откако ќе добијат топка кренуваат напред а не да бараат да вратат назат кон Мертезакер или Кошиелни. Во последно ме нервира играта кога ќе видам Сања дошол во противнички шеснаесетник и ќе врати назад до артета а он пак назад до мертезакер и акција почнува да прави некој од одбраната. Па шутни во шеснаесетник може ќе киксне некој или слично.
 
Тотално разочарен од Војчех...И на трите голови можеше да интервенира подобро...
Ја сум за он да биде првиот "настрадан"...I wish Begovic to come :D
 
Тотално разочарен од Војчех...И на трите голови можеше да интервенира подобро...
Ја сум за он да биде првиот "настрадан"...I wish Begovic to come :D
Абе да беше лош, али Верма колку беше очаен лево да не заборавиме....
 
Не знам какво е вашето мислење за чоеков ,мене лично ми е многу лицемерен. Кога тепа арсенал се мава во гради најјаки сме ,шо ке ни е РВП и сл.,а кога се губи најголема плачипичка е! Еве му ја изјавата по поразот од вчера има некој добри поенти ,али да излезеш јавно и да критикуваш некои работи за кој врска немаш и да го кењаш клубот кој наводно толку ти е мил е тогаш си ти најголемото:гомце:
http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/21517190
Не се сложувам дека нема арсенал да игра у ЛШ догодина ,лично мислам дека минатата сезона беа полоши од оваа па успеавте да се квал. за ЛШ. Има уште време ,сега немате други натпревари освен во ПЛ и максимално ке се заангажира тимот за таму ,најважно е да се тепа во дуелите со кокошките,евертон па и Јунајтед ,другите дуели до крај на сезона се со релативно полесни противници. И на лето со одврзано едно големо големо кесе по играчи и да видиме еден конкурентен Арсенал кој би му парирал на Јунајтед и сити за титулата.
позз
 
Дебилче е овој Морган, уште одамна е познат...
 
Потребни се коренити промени наредново лето. Играчки кадар, формација и стил на игра, па дури и до систем на плати.

-Не очекувам ова лето некое звучно име да го напушти клубот( освен можеби Сања). Така да би требало да се купи: голман, централен дефанзивец, играч од средината, лево крило и евентуално напаѓач( само под услов ако Венгер упорно инсистира да го игра Подолски толку блиску до аут линија).

-За формацијата и стилот не игра, не знам што да потенцирам во поглед на промени бидејќи шкрипи играта во секој поглед. Целосно нов концепт е потребен.

-Backroom staff. Дали некој бил легенда на времето ама ич не е битно. Не си ја вршиш работата како што треба, пакувај куферите и ајт со здравје. Промени се потребно и таму. Нови тренери, психијатри, физиотерапевти...

-За продажба или прекинување на договорите со: Фабијански, Маноне, Скилачи, Денилсон, Дијаби, Жервињо, Аршавин, Шамак, Бентнер...(можеби и заборавив на некој)

-Промена на системот на плати. Не може некои „таленти“ да земаат 50-60к неделно само поради годините или бројот на години поминати во клубот. Затоа после се соочуваме со проблем да неможеме да се откачиме од некои играчи бидејќи не сакаат да се откажат од платата која ја земаат овде. Платата исклучиво треба да биде зависна од квалитетот и придонесот кон клубот и резултатите. Или на нашки кажано- секој треба да си ја заработи платата.

Многу работе е потребна за да се смени ситуацијата во клубот и да се тргне нагоре. Не е невозможно, само треба да се направи еден нов сериозен концепт за тоа кон каде ќе се движи клубот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom