Автопатите и незнам таму што ни од далеку не е знак дека државата е економски напредна туку дека се земени кредити кои некој треба да ги врати. Чист пример за тоа ти е Хратска од бившите ЈУ простори која е задолжена во три п.м.
Хрватска е понезадолжена од Србија на пример и колку толку успева да ги враќа долговите......
Автопатот не е можеби доказ за каква е состојбата на Косово,но верувај го направија најдобриот можен прв чекор со изградбата на тие автопати.И Албанија и Косово.....
Погледни било која автокарта на Европа и види каде се автопатите и ќе видиш дека секоја развиена земја е поврзана со автопати од ќош до ќош........балканот и источна Европа на пример имаат многу помалку автопати.....а тоа се знаеме понеразвиените делови од Европа.
Автопатот останува тука и за наредните 50 години ако се одржува добро......можеби и повеќе.До тогаш автопатот може и да ја врати инвестицијата само преку патарини......поготово во Хрватска каде што 11 милиони туристи доаѓаат секоја година, најголем дел од нив со коли и автобуси.
И не мора да се гледа на враќање на инвестицијата директно,знаеш ти колку тие автопати го подобрија квалитетот на животот во тие краеви и колку ја помогнаа економијата ?
Домашните градежни фирми се наполнија со пари од изградбите......со самата изградба и се даде поттик на економијата......башка што автопатот тука останува да носи пари и да го подобрува животот и после изградбата.
За пример ќе го земам автопатот Загреб - Сплит....... поминува низ доста пасивни краеви кои беа оштетени во војната.Тотална сиромаштија,луѓето се иселуваат,работа има само ако отвориш кафана и пиљара и ако си во државна служба.
Дојде автопатот луѓето се вработија по патарини,одржување на автопатот,бензинските,се изградија приклучни патишта,па може да стигнат за кратко време и до поголемите градови на море......едноставно се задржаа луѓето таму и им се подигна стандардот.
За тоа колку со тие автопати се намалија транспортните трошоци и времето на достава не мора ни да збориме.Плус економските зони во внатрешноста на Далмација заживеаа бидејќи веќе не се наоѓаат во пм. па лево и не требат 5 саати кружење за да поминеш 50 километри.
Автопатиштата што водат кон Ријека на пример го направија тоа пристаниште многу поатрактивно него што беше........пристаниште кое е одма во срцето на Европа и од поврзано со брзи автопати......
Такви примери има еден куп......автопатиштата се крвни садови на една држава и нејзината економија, a нашите се мали и запушени.
Ако Македонија денес се задолжи со 5 милијарди евра јас одма би го потишал тоа,ако тие пари отидат за градба на автопати и коридори......