Ај ке речеме дека е така. И Битола е печалбарски крај со долговековна традиција на печалбарство по белиот свет, секако тоа е не е непозната категорија и во Македонија. По таа логика сега тука требаше мед и млеко да течи. Е арно ама не течи.
Ако знаеш некоја друга држава што живее од печалбарството и толку економски накрева слободно сподели.
Јас ке ги земам за пример Бугарија и Романија. Па пола население им е на печалба, дури ги сметаат за напаст по европа но сепак далеку се мноогу далеку од останатиот дел на европа посебно тој индустриски развиениот.
Врти сучи индустрија треба за да некоја држава накрени и тоа на подолг временски период. Нити туризам нити печалбарсто не помага многу многу. А индустрија некоја салам немаме ни ние нити Косово нити Албанија и затоа сме такви какви што сме.
Автопатите и незнам таму што ни од далеку не е знак дека државата е економски напредна туку дека се земени кредити кои некој треба да ги врати. Чист пример за тоа ти е Хратска од бившите ЈУ простори која е задолжена во три п.м.
Од нашето соседство ете ја и Грција. И двете имаат добро развиен туризам, пола граница им е обала и излез на море, дури Хрватска има и индустрија и брендови со кои може да се пофали но сепак е во долгови до гуша. Така да ги баталиме тие муабети, можи?