MajMyH
EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 2.256
Здраво момци. Нов сум на форумот и сакам да ве прашам нешто. Висок сум 175цм,17год. сум и имам 82 килограми. Претходно за 1 лето ослабев 10 килограми односно бев 92килограми. Па сега сакам да продолжам со слабеење. Не вежбам туку тренирам кошарка секој ден. Секој 3ти ден имам тренинг по 3 часа. Чув од другари дека е добро да земам Л Каринтин или како и да е за да ослабнам побрзо... Може ли да ме советувате каков л каринтин да земам... Ви благодарам однапред
Со л-карнитин ќе си мислиш дека слабееш , второ animal cuts ако сакаш да земаш не ти треба е премногу скапо, а не баш многу безбедно како што сите го прикажуваат.Другар зошто бе да ослабнуваш ногу потешко е после да ставеш килограми..
мој совет е запиши се во тетератан 3/4пати неделно оди со тренингот што вежбаш и можеш веј-протеин да додеш среди ја исхраната и че се средиш ептен добро за лето
Има други продукти многу појаки од овие работи за слабеење. По мое не трчај уште невлезен во теретана да земаш од овие чуда, пробај да си ја средиш само исхраната за почеток и не се замарај со вакви работи. Број си ги калориите, внимавај што јадеш и од која храна ти се калориите кои ги внесуваш и нема да имаш гајле. И овие топачи не се ефективни ако не ти е средена исхраната, пробај ти некој месец научи ги вежбите во теретана па после прашувај тука што да земаш од суплементи, оти не се толку ефтини и безбедни суплементите и толку сјајни да се земаат постојано.
Ти ги кажувам овие работи од лично искуство оти се изгорев со многу непотребни суплементи се додека не научив што треба да земам и кога да земам, имав платено топач кој го нема во мкд по 90 евра па не добив ефект како што ми беше кажано бидејќи немав средена исхрана, од ко си ја средив исхраната и со добра комбинација на тренинзи се симнав од 103 кила на 74.
Моментално 1.74 висина 79 кг одиме пак на чистење
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 22:01 ---