Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Не дека немаше играчи кои одиграа под нивото...(Џонсон Енрике Агер Лукас) повторно целата вина на Роџерс.

Која беше поентата со Шелви во напад а Борини на клупа....не дека дрвово направи нешто од коа влезе ама барем е класичен шпиц.

Зошто воопшто играше Лукас кога се знаше дека ВБА ќе се бранат денеска....зошто Ален преседе на клупа....

ЗОШТО ГО ИЗВАДИ ХЕНДЕРСОН.........

Иљада зошто ниеден одговор.....

Ах Роџерс дрво неделкано....ти треба уште многу да учиш!
 
Абре вие Роџерс го плукате???

Ту бе што фанови сте биле,не си го сакате клубот а ни напредокот не го гледате..подобро навивајте за Сити.

:):)
 
Абре вие Роџерс го плукате???

Ту бе што фанови сте биле,не си го сакате клубот а ни напредокот не го гледате..подобро навивајте за Сити.

:):)

Кога некој така ти има реплицирано? :)
 
Брат, да го примеше голот во 70та минута мислам дека беше, шутот од 20тина метри, ќе те разберам да кажеш дека Реина е крив и не брани. Ама со овие, едноставно не можеш да го окривиш, ниту за едниот, ниту за вториот гол.

За двата директен кривец е Агер.

Прашај се за играта на Џонсон, Џерард, Агер, Шелви и Хендерсон. Тие не направија БАШ НИШТО.

Не знам брат, како може за секој негативен резултат голманот секогаш да биде крив? Јас никогаш не сум играл фудбал ама брат тоа е најаматерско соогледување на работите.
Значи не го кривам Реина денеска, немаше работа денеска освен шутот на Мулумбу кој едвај го фати. ТОА беше среќа, не бранењето на Фостер. Кажав ќе дадам коментар за утакмицата, сеа ќе го дадам, првин сакав од тебе да слушнам што збореше Фостер не го бивало, не знам ти што таму. Денеска признал ти или не, типот таков демант ти акна, што да беше на форумов и да го читаше тоа што го пиша пред некое време, сеа немаше да имаш право да збориш со него (под ова се подразбира и македонски да збореше :D)

Инаку за утакмицава, очај бевме. Кажи ми посед на топка и шутеви, очај бевме. Џонсон - Тапа Џонсон. Џерард незабележлив ко црнец после полноќ, на Агер џабе сте му праеле бајрам на умот кога дојде, последниве месец дена ја друг играч гледам Agger the Dagger изгледа умре на нова година од превисоко количество на алкохол, Шелви не знае да смири топка, камоли да ја води, Хендерсон солидно во споредба со просекот на целата екипа. Суарез не знам дали еднаш во гол-аут шутна, да не збориме за голот дали го погоди. Шутевите му бегаа у аут, барем мене така ми се чинеше. Енрике на ниво, Лукас имаше моменти на светлост и мрак, цело време одземаше топки, али често и ги губеше, Даунинг ко што кажа еден член тука добар за невидлив. Стерлинг само трча ко лудо магаре, мада и немаше баш што да прави на оваа утакмица, Борини беше светла точкичка откога влезе, само Фостер беше подобар и го скроти на два наврати. Кутињо немаше време за да смени нешто, којзнае ни дали ќе има во неговиот претстој кај нас, туку ај да не кобам пред време. А Карагер, Карагер е единствениот што не потфрли. Се надевам ќе освоиме Лига Европа само за него, таков човек не заслужува да игра со ваква екипа. Време е да замине во спомен со останати играчи како него, достојни да ги памтиме по заеднички големи успеси. Останативе нека се запрашат за каков клуб играт, тие што го водат да се запрашаат каква екипа прават, можеби да погледнат некои стари снимки и да видат каква екипа ТРЕБА да направат.​
Толку е од Премиер Лига, не стигаме ни до Лига Европа сезонава со оглед на тоа дека Карлингот го освојува екипа што нема преку табела да се избори за Европа (мада Свонси сеа се 7ми), а 6то место моментално да бараш против екипи кои ги имаат Бејл, Подолски, Казорла, Хазард, Мата, па дури и Мичу, додека ти играш со екипа дечурлана чија просечна возраст е малку поголема од мојата е лудило, просто лудило.​
Се наведам, ќе се молам ако треба иако не верувам во господ, дека на лето ќе се смени нешто, дека следната сезона стварно ќе бидеме подобри, дека ќе им дојде паметот и дека Ливерпул ќе се врати кај што треба. Со оваа екипа, нема што да бараме ние. А ако не им текне, ако жртвено јагне го направат Роџерс (кој и понатаму не го кривам за оваа 22+ години ситуација-лајно во која ни се наоѓа клубот) и планираат доведување на некој друг со поинаква визија, можеби со некоја глупа визија која слепи американци ќе ја видат како победничка, тогаш подобро нека не бараат.​
liverpool-fc-legend-jamie-carragher-620-82082247.jpg
- Се надевеам дека Карагер еден ден ќе се стекне со менаџерско искуство и ќе не предводи нас. Барем ќе знам дека неговата визија, ИСТАМБУЛСКА ВИЗИЈА стално ќе му гори у срце. Се надевам дека од овој човек ќе стане голем менаџер кој ќе ни биде предводник за век и векови, дека еден ден ќе дочекам тој да направи менаџерски успех и да ни ја освои титулата за да можам да цркнам слободно. Мојот идол во животот, човек на кој се угледувам како треба да биде една личност по карактер во животот, како треба да се однесува према ривалите, према пријателите, соиграчите и како треба да ги согледува предизвиците кои ти ги поставува животот. Но овој човек повеќе не заслужува да биде дел од овој ЦИРКУС кој ни се случува. Со среќа понатаму во животот, жалам, навистина жалам што бевме толку неспособен клуб опкружен од мршојадни неспособни луѓе додека ти играше за нас, и жалам, во вистински смисол на зборот ЖАЛАМ, што овој клуб кој од корен треба да се менува не можеше да ти ја донесе таа долго посакувана титула во лигата. Се надевам дека во иднина ќе ја освоиш со нас како наш предводник од менаџерското столче, а мило ми е што за среќа у животов имав играч кој се радував да го гледам постојано како дава сто проценти на секој натпревар, без разлика дали има 23, 27 или 34 години. ИКОНА на која треба да се угледува секој што игра, навива и го води Ливерпул​
Carragher
23
 
Значи не го кривам Реина денеска, немаше работа денеска освен шутот на Мулумбу кој едвај го фати. ТОА беше среќа, не бранењето на Фостер. Кажав ќе дадам коментар за утакмицата, сеа ќе го дадам, првин сакав од тебе да слушнам што збореше Фостер не го бивало, не знам ти што таму. Денеска признал ти или не, типот таков демант ти акна, што да беше на форумов и да го читаше тоа што го пиша пред некое време, сеа немаше да имаш право да збориш со него (под ова се подразбира и македонски да збореше :D)

Фостер да го прочита ова ќе ти се изнасмее од проста причина што самиот не би се ставил ни 3 ранга подоле од Реина. Смешки.

Одбраната на Реина била среќна, одбраните на фостер биле знаење и умешност. Смешки.
 
Е кога го продадовте Џо Кол сега нормално дека нема да ги победите ВБА..
 
Фостер да го прочита ова ќе ти се изнасмее од проста причина што самиот не би се ставил ни 3 ранга подоле од Реина. Смешки.

Одбраната на Реина била среќна, одбраните на фостер биле знаење и умешност. Смешки.
Добро ај, најдобар е Реина, очигледно не може да те убеди човек каква дупка имаме на голот. Ајде, ќе не биде со него, може до тие пред него што играат е, може до тие ball-boys зад него што трчаат до нив е, не е до Реина ништо. Реина е маестро, диригент на Ливерпул.. НЕ! Диригент на фудбалот !! Реееина ќе ни донесе 12 поени да ги стигнеме Тотенхем до 4то, Реина е тој бе.
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 00:10 ---
Извини на испадов, напизден сум од ова денеска, секаков сон за среќа во оваа година поврзана со најбитното нешто во мојот живот денеска ме сруши на земја. Неам срце више...
 
Епа вака сега, од сезонава толку, го мразам овај период од сега до крајот на сезоната кога навиваме против манчестер, пошто ние немаме за што да се бориме, и се у пичку матер нека фати, мразам, мразам и мразам кога во Февруари ни завршува сезоната и јас гледам Премиерлига како неутралец, како љубител на фудбалот а ја гледам беж жар, зошто? Оти Ливерпул пак потфрли....
За утакмицава нема шо да се кажи, кога се промашува пенал нормално е она што следува, очекувам да отпадниме и од Зенит и така за 2 нед само ќе го гледаме онака Ливерпул, разочаран сум од се.
Што се однесува до Роџерс како што реков, од мене ќе има подршка до вгодина на полусезона, пошто три трансфер периоди се доволни да се направи своја екипа, не очекува тешка борба налето за да го зачуваме Суарез.....
Инаку Агер е директен кривец за 5 гола од полусезона наваму (Жиру, Ван Перси, Џеко, Меколи, Лукаку), како да му се удира славата од глава малку по малку....
Тоа е одсега само празни муабети ќе се прават.....
 
Добро ај, најдобар е Реина, очигледно не може да те убеди човек каква дупка имаме на голот. Ајде, ќе не биде со него, може до тие пред него што играат е, може до тие ball-boys зад него што трчаат до нив е, не е до Реина ништо. Реина е маестро, диригент на Ливерпул.. НЕ! Диригент на фудбалот !! Реееина ќе ни донесе 12 поени да ги стигнеме Тотенхем до 4то, Реина е тој бе.
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 00:10 ---
Извини на испадов, напизден сум од ова денеска, секаков сон за среќа во оваа година поврзана со најбитното нешто во мојот живот денеска ме сруши на земја. Неам срце више...

Тоа што си напизден е твоја работа.
Јас не реков дека Реина е најдобар. Каде прочита такво мислење?
Јас напишав и тврдам дека Фриден и Реина не смеат да бидат ставени во иста реченица. Не смее ни да се помисли на такво нешто.

Кажи ми, според тебе Реина е најслаб голман во лигата, со оглед на тоа дека минатата сезона сите на Енфилд бранеа како повампирени?

П.С. По 3542424 пат, Реина не е најдобар и има голмани кои може и треба да го заменат меѓутоа, тоа сигурно не е Фридел.
 
А кај го спомнав ја Фридел? :ROFLMAO:
 
На Фостер мислев, не ме јеби. :)
Истото го мислам и за Фридел и за поголемиот број на голмани во ПЛ.
Океј еве, кои од ПЛ би ги ставил над Реина?
 
Харт, Чех, ДДГ.

Ти?
Харт, Чех, Љорис, Бегович и Ворм. На исто рамниште со Де Геа и Цезар пошто првиот знае само топки од далеку да фаќа, а вториот брани само кога ќе му прдне, а коа ќе му прдне е еден од најдобрите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom