Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Само да пишам забораив вчера дека се изнатреска глупости Фергусон со тоа што кажа дека ги сменил плановите сабајлето и го променил тимот. Абе ајде, не е пологично штом изгубија Сити да си има уште поголема резултатска слобода? Да тепаа, ќе го извадеше нели најсилниот тим.
Сакате да кажете дека во 7 сабајле вчера му текнало на Фергусон дека Џонс ќе го маркира Фелаини? Хахахаха.... Сѐ си беше извежбано.
Еве ја изјавата каде кажа дека го сменил тимот, дека ова била голема шанса за да се одлепи од Сити
 
На Фергусон ли му верувате вие кога збори за избор на тим и трансфери?

Сакате да кажете дека Џонс во 7 сабајле му искочил ко опција да го маркира Фелаини и за 2 саата извежбале се? Не бе браќа, тоа недела дена е мислено како да се настапи, уште дента после Саутемптон. Да се угуши Бејнс и Фелаини да не може да мрдне.
 
Еве го составот и според мене :)

--------Де Геа----
Раф-Рио-Видич-Евра
--Џонс--Керик--
ЛАВ----Руни---Кагава
----РВП----

Го ставив Џонс наместо Клеверли за да ги пресекува контрите на Реал,но и Клеверли да биде стартер наместо Џонс не би бил разочаран.:)
 
Ако некогаш има натпревар кој треба да се изигра до перфекција, и да се искористи секоја шанса, тогаш тоа е натпреварот во среда...

Милан, ви текнува, Руни?
 
Ако некогаш има натпревар кој треба да се изигра до перфекција, и да се искористи секоја шанса, тогаш тоа е натпреварот во среда...

Милан, ви текнува, Руни?
Од која сезона?
 
Цц сеа ѓи глеам провизорниве коефиценти,колку смо само потценети,тоа е чудо едно.За победа ни дале 5 коефицент,за инат ќе лупнем една 1000ка,еј 5 коефицент,не ми се веруа еј:confused:.
 
Цц сеа ѓи глеам провизорниве коефиценти,колку смо само потценети,тоа е чудо едно.За победа ни дале 5 коефицент,за инат ќе лупнем една 1000ка,еј 5 коефицент,не ми се веруа еј:confused:.

Нема да е воопшто едноставен дуел....Можда 5 коефициент е преголем,ама не е ни далеку од вистината....Мислам дека бинго за Манчестер би било нерешен резултат со голови,тоа би било идеално од повеќе причини....

Прво Мурињо е мајстор за ЛШ,и знае дека ако не победи тешко ќе биде многу на Олд трафорд да бара победа па и нерешено...Меѓутоа од друга страна ќе игра доста стегнато во дефанзивата зошто па примен гол,еден или не дај боже два може да значи и поздрав од ЛШ...

Во секој случај,утакмицата ќе се игра во фази,и се зависи како ќе бидат реализирани почетните планови на тренерите,особено на Мурињо...Но знаејќи го мислам дека ќе почне доста претпазливо,со акцент на дефанзивата и ќе проба да ја добие средината да ја контролира играта...Ќе биде тензична утакмица,и тесна,освен ако по некоја случајно не падне некој гол во првите петнаесет минути,кој би го сменил текот на утакмицата.

Затоа мислам дека тој коефициент не е толку страшен,и дека нерешено со голови за Манчестер би било полн погодок....Сигурно победа па би значело огромна шанса за прогрес понатаму.
 
Правите маргинална грешка уште во старт.
Фил Џоунс против Фелаини изигра одлично, да, но движењето на Фелаини со тоа на Роналдо/Озил е сосема различно.
Фелаини се движи вертикално од средина до полушпиц, двајцава везат хоризонтално кон лева или десна страна кај бековите. Тоа остава огромен простор ако Џонс ја има инструкцијата да чува човек.
Валенсија ке игра сигурно, момчето има неверојатна стамина и тоа му е повеќе од потребно на овој Манчестер кој против Реал нема никакви шанси да го има поседот и играта. Затоа Фергусон ке оди на познатиот контра систем кој и те како стана карактеристичен кога го имаа Роналдо во тимот.
Средината на Јунајтед е тоа што ми дава дилема, Керик иако игра одлично сезонава, кога е притиснат и нема простор секогаш прави катастрофални грешки. Ефективен е само кога топката е во него и има барем два метри простор пред себе, но кога копач како Кедира ке му се стави да го напаѓа, се плашам да помислам на реакцијата.
Слично како со Челзи низ годините кога дефанзивата повеќе се концентрираше на нашата десна страна кај што напаѓа Мата/Малуда/Хазард и Ешли Кол, а у меѓувреме се оставаше простор на Иванович, мислам дека ке се остави и Арбелоа во некој си слободен простор затоа што едноставно за напад не го бива. Така да ке нема потреба од покривање на таа лева страна од Руни.
Сепак мислам дека Керик и Клеверли ќе се во средина а Руни пред нив во дијамант формацијата.
Ферги ке му даде инструкција константно да му дише на Алонсо, да не му дозволи време со топката и да се неутрализира нивниот концепт на игра.
Иако Алекс ке го остави поседот на Реал, Манчестер ке има период во кој ке напаѓа.
Бидејќи му е потребен гол, кој ке биде некаква гаранција за прогрес понатаму.
Според мене, играчи кои ке изиграат на ниво ке бидат РВП, Валенсија, Де Геа.
Резултат: 1-0 или тврда 0-0.
 


Керик е доволно искусен и поретко прави грешки кога вршат кон него притисок.Често пати му даваат топки кои што се "тешки", но тој секогаш наоѓа излез каде да ја даде топката.Впрочем тој и за тоа е на терен да ја поврзи одбраната со средината и нападот. Другиот што е до него има малце повеќе работа, а тоа е сечење на акции итн.
Џонс би бил идеално решение затоа што Озил нема доволно сила/снага да се носи со Џонс. Сеедно како и да е мислам дека Џонс добро би се снашол во средина затоа што и немаат некој така физички јаки играчи освен килерот Пепе.

Зборуваш само за недостатоците на Манчестер Јунајтед, а не на противничките фудбалери. Забораваш/го немаш следено Арбелоа дека ептен е аматер во офанзива за разлика од тоа што знае да одигра во дефанзива.
Доколку беше доволно фит Јанг би го ставил во секое време пред Валенсија затоа што пред се дефанзивно е одличен и знае да изнесе топка како што треба, не дека не може Валенсија ама во дефанзива е навистина добар.
Клучен ќе биди моментот Роналдо да се запре, а со формата и перформансите на Рафаел и помагањето од страна на Валенсија би било навистина добро.

На овој натпревар би требало да сме задоволни и со реми затоа што Реал Мадрид не е чкљ екипа, но и победата не ја прогласувам за чудо....
 
Da se probam i jas: DeGea, Rafael, Rio, Vidic, Evra, Valencia, Cleverly, Carick, Nani, Rooney, RvP. Iako e mozno i Welbeck mesto Nani radi defanzivni zadazi zasto ke mora da se igra mnogu pretpazlivo i da se odi na kontra vo koja i Nani i Welbeck bi zavrsile dobra rabota.Nekoj od niv ke uleta od klupa vo zavisnost od rezultatot. Mnogu mi e zal so ke moram da ja gleam snimka, a ovoj duel go cekav so godini...se nadevam nema da zagubime vo Madrid, veruvam vo silata na timot i Fergie. Jones mislam oti e neiskusen za vakov duel pa i na Bernabe, smetam deka moze da se 'lizne' vo tekot na 90 min i toa da ne cini skapo. Ostajte snaga ova ona, ne e ova Stouk.Daj Boze da me demantira vo slucaj da igra. So srekja gjavoli...

Sry za latinicata.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom