Браво за сликата погоре јас ја барав, ова иде на позадина.
Инаку во врска со мечот со Реал скоро сигурен сум дека никој нема да го погоди составот но да се пробам.

Дефинитивно на голот ќе биде Де Геа нема тука дилеми, брани во фантастична форма и сврза два меча без примен гол така да сигурно стартува. На десната бековска позиција нашиот најдобар играч сезонава Рафаел, тој ќе има клучна задача да го задржи Роналдо, сигурен сум дека Ферги добро ќе го спреми со совети да биде смирен што и да се случи за да не се добие жолт картон и да се тресеме до 90 минута. Во одбраната јас би играл со Рио и Видиќ, Рио скоро сум сигурен дека ќе игра со оглед на тоа дека не беше ни на клупа за со Евертон додека Видиќ би го играл зашто има поголемо искуство од Еванс и ни е капитен, се враќа во форма и се подобар и подобар е. Еванс исто би можел да игра, Ферги му верува на него а искрено и јас, кој и да игра од нив дали капитенот или Еванс ќе биде оправдана одлука. На левата бековска позиција Евра ќе игра сигурно и тој ќе има тешка задача да го задржи брзиот Ди Мариа или Каљехон. Евра секако ќе има полесна задача за разлика од Рафаел бидејќи Роналдо е Роналдо. Али Евра сезонава е фантастичен и верувам дека ќе се справи со опасноста. Во средниот ред би играле Керик и Џонс, се разбира Џонс со подефанзивна улога за да ги прекинува контрите, акциите и ќе нема многу истрчување напред. Да се надеваме дека ќе е спремен бидејќи се здоби со ситна повреда против Евертон. На десната крилна позиција би го играл Валенсија бидејќи таму ќе игра Есиен, Марсело или Коентрао и ниеден не е 100% фит и во форма така да треба убаво да ги претрчува и ниски топки да дава за РвП а исто така и ќе покрива во одбрана. На левата крилна позиција Клеверли кој ќе учествува и во средниот ред и ќе работи како крило а се разбира и дефанзивна улога. Руни како полушпиц каде одлично се снаоѓа и удари од надвор од 16м додека во нападот ван Перси. Сега прашање е што Мурињо ќе извади, имам некое чувство дека можда Касиљас ќе брани иако толку се дигаше фама околу повредата тој веќе 2 недела е без гипс. На Лопез му немаме дадено гол на 4 меча па доколку игра верувам ќе се смени тоа. Исто и левата бековска позиција не се знае кој ќе игра а и штоперската бидејќи Пепе се врати али мислам дека не е спремен за старт. Очекувам тврд меч али после првиот гол доколку го има да се отвори мечот и да гледаме спектакл. Нема во никој случај ни при било кој резултат да биде позната судбината после првиот меч бидејќи на Олд Трафорд се е можно. Ние сме во одлична форма и серија од околу 15 меча по ред без пораз само 2 ремиња додека Реал единствено нешто им е ова за кое се борат и доколку Мурињо не помине повеќе од сигурно е дека ќе биде отпуштен по крајот на сезоната. Тие идат на се или ништо а ние сме на уште два фронта, додека го исфрлиме Реал од ЛШ ќе биде одлично бидејќи тие се сигурно меѓу топ 3 фаворити за освојување. Сега останува се на Ферги и играчите а се разбира и ние со нашата подршка без разлика како ќе завршат двата дуела.
У21 играат со Арсенал за 10 минути, после играчите кој ги дадовме на позајмица немаат класичен шпиц бидејќи Кофи, Македа и Енрикез се на позајмица а Вил Кин сеуште не се врати од повредата. Пауел ќе игра како шпиц, тој во Кру играше на таа позиција и беше одличен додека кај нас почна да игра средина. Еве го тимот. Ферги е на трибини.
XI: Amos, Veseli, Fornasier, Brown, Vermijl, Thorpe, Tunnicliffe, Januzaj, Cole, Lingard, Powell.
Subs: Sutherland, McGinty, Blackett, Ekangamene, Lawrence.
http://www.wiziwig.tv/broadcast.php?matchid=190051&part=sports