Правите маргинална грешка уште во старт.
Фил Џоунс против Фелаини изигра одлично, да, но движењето на Фелаини со тоа на Роналдо/Озил е сосема различно.
Фелаини се движи вертикално од средина до полушпиц, двајцава везат хоризонтално кон лева или десна страна кај бековите. Тоа остава огромен простор ако Џонс ја има инструкцијата да чува човек.
Валенсија ке игра сигурно, момчето има неверојатна стамина и тоа му е повеќе од потребно на овој Манчестер кој против Реал нема никакви шанси да го има поседот и играта. Затоа Фергусон ке оди на познатиот контра систем кој и те како стана карактеристичен кога го имаа Роналдо во тимот.
Средината на Јунајтед е тоа што ми дава дилема, Керик иако игра одлично сезонава, кога е притиснат и нема простор секогаш прави катастрофални грешки. Ефективен е само кога топката е во него и има барем два метри простор пред себе, но кога копач како Кедира ке му се стави да го напаѓа, се плашам да помислам на реакцијата.
Слично како со Челзи низ годините кога дефанзивата повеќе се концентрираше на нашата десна страна кај што напаѓа Мата/Малуда/Хазард и Ешли Кол, а у меѓувреме се оставаше простор на Иванович, мислам дека ке се остави и Арбелоа во некој си слободен простор затоа што едноставно за напад не го бива. Така да ке нема потреба од покривање на таа лева страна од Руни.
Сепак мислам дека Керик и Клеверли ќе се во средина а Руни пред нив во дијамант формацијата.
Ферги ке му даде инструкција константно да му дише на Алонсо, да не му дозволи време со топката и да се неутрализира нивниот концепт на игра.
Иако Алекс ке го остави поседот на Реал, Манчестер ке има период во кој ке напаѓа.
Бидејќи му е потребен гол, кој ке биде некаква гаранција за прогрес понатаму.
Според мене, играчи кои ке изиграат на ниво ке бидат РВП, Валенсија, Де Геа.
Резултат: 1-0 или тврда 0-0.