- Член од
- 6 декември 2010
- Мислења
- 39
- Поени од реакции
- 9
Тие по вин го гледаат во базата на мерцедес поврзани се во мрежа сите дилери и можат да ти кажат кога бил последен сервис во овластен дилер направен и во која земја.Имаше случај пред едно 7-8 години... вујко ми донесе мондео 98-ма, Ghia опрема, климатроник (дигитален), масажери во седишта... возилото авион и солидно беше сочувано. Ама имаше 5ХХ.ХХХ на саатот. И му застанавме еден ден (километражите на форд се со бројчаник до 2000-та), одвртвај прај пусти, сечефме натре едни пластики за да дојдиме до сатот, го штелнафме на 1ХХ.ХХХ км, и го собрафме. По 2 недели дојдоја некој од прилеп да го гледат, а со нив носеа и некој “експерт“ за возила, кој откако се повози, рече дека гарантирано не е вратена километражата, си го зедоа и ајт.
Муабето е, не се пресудни километрите за состојбата на возилото. Сум видел кршови и со 150.000, сум видел сосема зачувани возила со 400.000...
Абе се научија и таму ги враќаат... порано ги буричкаа само на сатовите (таблите), сега има софтвер за поврзување шо го враќа и во бордот така да и то не е 100% сигурно.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 16:11 ---
И да ја сечиш гумицата не мислам дека ке го решиш проблемот, затоа што останува должината на самиот амортизер иста тоа ти ја влошува управливоста, функцијата на самиот амортизер е да ги смири движењата на спиралата, ако тој ти е подолг а спиралата пократка треба да си го смениш и амортизерот, т.е. и него исто да го скратиш.Се работи за Рено Меган 1. Спиралите се ФК 40мм пониски, не се кратени стандардните. Планирам да земам нови амортизери со пократок од(ако најдам низ ова Македонија).. ама до тогаш планирам барем 1.5-2 месеци да ги возам овие стандардни амортизери. Еве каква гумица има на амортизерите, во која удира горниот дел на амортизерот при притисок на крилото или при удар во дупка, пошто одот со овие спирали му е намален т.е скоро како да нема амортизер е.
Со кратење би требало да се зголеми одот, и да нема толку често "bottoming", а со тоа и поподнеслива вожња:... или не ?