Таа самата, младата и згодната знае дека нејзиниот директор е семеен човек, а сепак се осудува да се впушти во авантура во која ќе летаат искри и и треба едно добро мување

Друже,
Ако и требало САМО мување, биди сигурен дека ќе си ја барала среќата на друго место, а не со оженет човек (можеби со деца), да си става во здрава нога трн. Биди сигурен дека малечката има некои други намери освен мувањето со тебе.
Дека ќе се плеснете САМО ЕДНАШ е приказна за мали деца, се гледате секој ден, така да ‘‘еднаш ко ниеднаш‘‘ утре ќе дознае сопругата, (тоа биди сигурен, не останува ништо скриено, кога тогаш ќе се дознае), ќе ти ги земе децата и ќе ти каже адиос. Тогаш ќе си останеш со твојата згодна, убава и млада муваторка
А биди сигурен, штом била во состојба да се мува со тебе, зошто не би била во состојба утре тебе да те замени со некој друг, така да во целиов случај ти ќе останеш ебената странка..
Ќе си го растуриш гнездото, семејството, за една авантура без никаква цел, освен што не си бил способен да си го држиш во гаќи.
И на крај, не прави нешто што несакаш да ти прават, само за миг стави се во улога на твојата сопруга, или утре твојата ќерка со нејзиниот директор, за миг замисли дека таа е на службено патување и со нејзиниот директор, ќе ти стане појасно