Serie A 2012/2013

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Ситее сидии во Италија се за на бесилка!!! Марко Гуида од Наполи сакаш на Јуве пенал да досуди дај ме се заебавај којзнае колку пари му има фрлено Де Лурентис...:tapp:
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Како прво, единствени кои во случајов треба да добијат суспензија се судијата и неговите помошници а не играчите на Јуве.
Како второ, интересна логика се тера на темава. Прв случај: Противникот на Јуве е оштетен-местачи, мафијаши, бла, бла, бла... 20 и кусур страни. Втор случај: Јуве оштетен: ако им е, мило ми е, вие немате право да зборите. Беа со Милан оштетени Јуве? Тогаш немавме право да збориме заради Gol di Muntari, денес пак Јуве оштетен ама сепак Gol di Muntari не треба да се заборави. Ќе дојде и некој друг меч каде Јуве е оштетен ама ние Јувенташите мора да се потсетиме на Gol di Muntari. Абе играчите на Јуве подобро ќе поминеа да го примеа по еднаш од Мунтари и да не слушаме веќе за таа пацовска фаца, преку таквото веќе!!! Милан си го доби својот реванш за Gol di Muntari, што има Џенова, Наполи , Петко, Станко да добиваат компензација затоа што Милан бил пред една сезона оштетен?
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.121
Поени од реакции
18.008
Јас се бунам за судиските одлуки кога тие вистински го оштетуваат Јуве. На пример минатата сезона судиите не убиваа скоро секој натпревар. Затоа на никој не му давам право да се буни за голот на Мунтари.
Но, денес Јуве си е сам крив. По трет пат во лигата заводуваме па ни израмнуваат. Тоа е многу лошо. Исто со Парма од една шанса ни дадоа гол во второ полувреме. Пеналите можеше да ги свири, но и не мораше. Во случајот со раката, топката прво удри од земјата па во раката. Тоа според правилата е случајно, но според практиката се суди пенал. И тоа во 90% од случаевите.
Ова врз Вучинич според мене не е пенал, затоа што го повлече кога веќе топката помина. Не влијаеше врз акцијата. Според мене она што требаше да се свири беше тоа кога Фреј бараше фаул врз него, а всушност еден играч на Џенова комплетно незаинтересиран за топката во завлече Погба многу очигледно.
Но, во секој случај судиите не треба да бидат кривци за лошите резултати на било кој тим.
Не знам како овде реагирале навивачите на Интер по натпреварот со Калјари ( на други форуми, страни се бунеа многу), но јас да бев навивач на Интер или пак тоа на Јуве да му се случеше ќе ми беше срам да се бунам, имајќи предвид каков катастрофален натпревар одигра тогаш Интер и всушност имаше среќа да не загуби. Затоа јас и не го почитувам баш Интер. Затоа што своите недостатоци ги криеја врз наводни судиски одлуки против нив.
Јувентус тоа не смее да помисли да го направи. Она што треба да направи и да работи многу повеќе на концентрацијата и да се обиде во следните 3-4 натпревари гол да не прими, оти тоа е главното оружје на успехот.
Поздрав до сите вас и добар помин вечер :)
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.493
Поени од реакции
4.338
не бе...ако не суспендираат ќе плачеме на темава ко шо плачете сеа вие за пенали :D
Кој одговор ми го даде човече.Congrats You win the Internet.И стварно ако немаш нешто паметно да дискутираш не се ни обидувај да ме цитираш на ваков начин оти никој не е дужен да те чита кој "плаче" и зошто "плаче" ;)
 
Член од
12 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
402
Јас само се надевам дека перикана и баграна околу него ќе бидат санкционирани од федерација за ваквото урлање кон судии, а многу брзо забораваат дека тие исти судии мината сезона титула им поклонија.
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917
Кој одговор ми го даде човече.Congrats You win the Internet.И стварно ако немаш нешто паметно да дискутираш не се ни обидувај да ме цитираш на ваков начин оти никој не е дужен да те чита кој "плаче" и зошто "плаче" ;)
добро бе...не се нервирај...нареден пат ќе добиете пенал...е одма се љутиш... забораив дека секој пост кажуваш нешо паметно.....
ама ако се лажеме... :D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.171
Поени од реакции
85.646
Јас само се надевам дека перикана и баграна околу него ќе бидат санкционирани од федерација за ваквото урлање кон судии, а многу брзо забораваат дека тие исти судии мината сезона титула им поклонија.
Не заебавај...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.986
Поени од реакции
14.091
Прециози со порака до фановите на Јувентус. :)


Најдобрите другарчиња во италијанскиот фудбал. :love:

 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Да. А зашто не би добиле ? Или Гуарин му пцуел мајки шајки а Вучинич Конте и Лихштанјер не ?
Пошто Гуарин е циган а у Италија се расисти,ете затоа
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Абе навивачи на Милан, стварно го почитувам Милан како клуб и поголемиот дел на нивни навивачи тука на форумов а исто така имам и голем број другари кои се за Милан + и брат ми е е за Милан ама не претерувајте со тоа дека Gol di Muntari го решил ланското првенство. После тој фамозен гол, за две-три кола Милан имаше разлика од 4 бода пред Јуве, сами решаваа за титулата и сами ја изгубија затоа што го изгубија чекорот со Јувентус во финишот. Лесно е да се тешиш дека тоа бил моментот кој ја решил титулата а и самиот да си свесен дека не е така. Еве на пример сезонава Јуве да ја изгуби титулата од некоја X екипа, дали јас треба да кажам дека титулата е изгубена поради непостоечкиот пенал кој му е суден на Милан, а притоа да сум свесен дека во текот на сезоната Јуве имал опиплива предност пред второпласираниот? Тоа може да биде само слаба утеха и повод да се расправам со некој а во себе ќе бидам свесен во кој била грешката.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Јас само се надевам дека перикана и баграна околу него ќе бидат санкционирани од федерација за ваквото урлање кон судии, а многу брзо забораваат дека тие исти судии мината сезона титула им поклонија.
Ако некој им поклонил на Јуве титула,ова е тој


Иначе не се секирај за казната на Конте,ФИГЦ едвај чека такво нешто.Кога можеа без докази да го суспендираат 5месеци,нема да пропуштат ни сега кога имаат материјал за тоа
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.986
Поени од реакции
14.091
Вие уште се надевате на титула :D ?
Абе навивачи на Милан, стварно го почитувам Милан како клуб и поголемиот дел на нивни навивачи тука на форумов а исто така имам и голем број другари кои се за Милан + и брат ми е е за Милан ама не претерувајте со тоа дека Gol di Muntari го решил ланското првенство. После тој фамозен гол, за две-три кола Милан имаше разлика од 4 бода пред Јуве, сами решаваа за титулата и сами ја изгубија затоа што го изгубија чекорот со Јувентус во финишот. Лесно е да се тешиш дека тоа бил моментот кој ја решил титулата а и самиот да си свесен дека не е така. Еве на пример сезонава Јуве да ја изгуби титулата од некоја X екипа, дали јас треба да кажам дека титулата е изгубена поради непостоечкиот пенал кој му е суден на Милан, а притоа да сум свесен дека во текот на сезоната Јуве имал опиплива предност пред второпласираниот? Тоа може да биде само слаба утеха и повод да се расправам со некој а во себе ќе бидам свесен во кој била грешката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom