STEALTH
God is a DJ
- Член од
- 25 ноември 2011
- Мислења
- 10.676
- Поени од реакции
- 14.559
Српското движење „Наши“ објави фотографиja на коja се гледа претепаниот претседател на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.
Настанот се случил во мај 2000 година помеѓу руските војници кои биле стационирани на Косово и Метохија и новоформираните безбедносни сили во јужната српска покраина.
Фотографиите со Харадинај се направени во 2000 година на Косово во близина на селото Мушотиште во Сува Река.
Руската единица од составот на КФОР го сопрела возилото со вооружени терористи, меѓу кои бил и Харадинај. Бидејќи се брзо совладани и разоружани, Харадинај им рекол на руските падобранци дека е џудист и дека поинаку би разговарале доколку Русинот не бил вооружен. Рускиот витез наредил да го одврзат Харадинај, ја оставил пушката, а потоа објаснил каква е разликата меѓу рускиот падобранец и него. Борбата била кратка и предизвикала солзи на очите на придружбата на Харадинај. Руските војници, кои тогаш не знаеле кој е Харадинај, уапсените ги предале на органите на ОН, а истите подоцна биле ослободени, се додава во соопштението на „Наши“.
Рамуш Харадинај во изјава не сакал ниту да го потврди, ниту да го демантира, според него, непријатниот настан.
Не сакам да одговорам на српската пропаганда, рекол тој.
Како што е објаснето, руските специјалци овие фотографии му ги подариле на Игор Маринковиќ од ова движење за време на неговата посета на Москва.
Фотографијата која е чувана како еден од најмилите трофеи на елитната падобранска единица и до сега никогаш не е прикажана е подарена за да се подигне моралот на граѓаните на Србија, но и како завет дека голем број Руси се подготвени доброволно да учествуваат во одбраната на Косово, наведуваат од оваа организација.
За овој настан своевремено пишувале и други медиуми . Тие тогаш објавиле дека „поранешниот командос“ на Ослободителната Војска на Косово е повреден во судар со припадници на руските безбедносни сили кои се на Косово.
Тогаш реагирал и рускиот контингент на Косово со соопштение за јавноста.
За време на приведувањето на осомничениот дојде до пружање отпор и нашите војници употребија минимална сила за да го совладаат, се вели во соопштението на Русите.
Убаво му објаснил![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
![](http://kurir.mk/images/stories/2013/01/02/haradinaj1-630x425.jpg)
Настанот се случил во мај 2000 година помеѓу руските војници кои биле стационирани на Косово и Метохија и новоформираните безбедносни сили во јужната српска покраина.
Фотографиите со Харадинај се направени во 2000 година на Косово во близина на селото Мушотиште во Сува Река.
Руската единица од составот на КФОР го сопрела возилото со вооружени терористи, меѓу кои бил и Харадинај. Бидејќи се брзо совладани и разоружани, Харадинај им рекол на руските падобранци дека е џудист и дека поинаку би разговарале доколку Русинот не бил вооружен. Рускиот витез наредил да го одврзат Харадинај, ја оставил пушката, а потоа објаснил каква е разликата меѓу рускиот падобранец и него. Борбата била кратка и предизвикала солзи на очите на придружбата на Харадинај. Руските војници, кои тогаш не знаеле кој е Харадинај, уапсените ги предале на органите на ОН, а истите подоцна биле ослободени, се додава во соопштението на „Наши“.
![](http://kurir.mk/images/stories/2013/01/02/haradinaj2a-630x425.jpg)
Рамуш Харадинај во изјава не сакал ниту да го потврди, ниту да го демантира, според него, непријатниот настан.
Не сакам да одговорам на српската пропаганда, рекол тој.
Како што е објаснето, руските специјалци овие фотографии му ги подариле на Игор Маринковиќ од ова движење за време на неговата посета на Москва.
Фотографијата која е чувана како еден од најмилите трофеи на елитната падобранска единица и до сега никогаш не е прикажана е подарена за да се подигне моралот на граѓаните на Србија, но и како завет дека голем број Руси се подготвени доброволно да учествуваат во одбраната на Косово, наведуваат од оваа организација.
За овој настан своевремено пишувале и други медиуми . Тие тогаш објавиле дека „поранешниот командос“ на Ослободителната Војска на Косово е повреден во судар со припадници на руските безбедносни сили кои се на Косово.
Тогаш реагирал и рускиот контингент на Косово со соопштение за јавноста.
За време на приведувањето на осомничениот дојде до пружање отпор и нашите војници употребија минимална сила за да го совладаат, се вели во соопштението на Русите.
Убаво му објаснил
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)