Искрено, има сегменти во кои Де Геа треба да се подобри, и врапчињата знаат дека кросовите(нафрлените) топки му се мака...
Плус треба и овие нашиве да му помогнат кон напуканите топки, посебно кога врне, реално, ми се врти во стомак кога ке видам напукана топка, која навистина е тешка да се брани, едвај ке ја фати Де Геа поточно ке ја одбие, и ке натрчаат и ни даваат гол по одбиена топка.
Мора да му помагаат повеќе Рио, Вида и Рафаел, дека Евра знае да забега централно со покривање...
Во многу наврати сезонава примивме таков гол, и мора да престанеме да ги правиме истите грешки, ке го пукнев телевизорот мислејки дека Дефо ке ни даде гол по таква топка, зошто го гледав Мичу кој ни даде гол по одбиена топка, па истото се случи со Перч со Њукасл, па истото со Стариџ, и сега со Дефо...
Аман со истите финти, не научи и Вест Хем, кој све што требаше да направи е да нафрли во пеналтикот и тука ни почнуваа проблемите...
Штом ке го подобри тој дел од својата игра, може комотно да се каже дека Де Геа е најдобриот во светот, зошто ретко кој може да му парира во рефлекси, а посебно во footwork(бранење со нозе)...