Edno prasanje za tie sto se razbiraat vo ovaa rabota.
Baram mislenje za kotel na struja za parno greenje pomegju vaillant ili ovie od nase proizvodstvo pr.ales ili kolarov kako varijanta na el. energija ili kotel na peleti.
Se raboti za povrsina od okolu 150m2 ili okolu 400m3 nova kukja so odlicna izolacija
Извини што ќе ти речам, но тоа е зе експлатација, најскапа и нај нерационална варијанта.
Зошто би поставувал котел за затоплување на струја?
Во тој котел, со помош на електрична енергија, ќе затоплуваш вода, по потоа таа топла вода со помош на цевки и пумпи ќе ја распоредуваш низ просториите до секој радијатор, Тоа не е разумно. Поедноставно е струјата да ја распоредуваш во секоја просторија до поединечен електричен радијатор или друг вид греалка.
Уште по подобро е, за затоплување, да користиш клима уред (топлотна пумпа ), во тој случај ќе имаш помали сметки,
Централен котел е добро да поставиш ако е на дрва или друго евтино гориво, за да избегнеш да се ложи низ цела куќа и да се разнесува пепел.
Инаку типот на електричниот котел воопшто не е битен, Тоа се прости направи составени од електричен греач, прекинувач и два термостати. Не мораш ниту да купуваш.Речи им на работниците кои ќе ти поставуваат парно - цевки и радијатори и тие речиси за безпари ќе ти направат котле кое нема битно да заостанува зад купечките