Несоница може да се јави ако билобилот се пие навечер поради зголемениот проток на крв во мозокот и зголемена активност на истиот.
Јасен ми е механизмот но ипак се сомневам да САМО Гинко(Билобил, Билобил Форте на Крка, Гинкомакс на ESI) не би требало да предизвика несоница напротив протокот на крвта во мозокот и активноста ќе значи и повеќе мелатонин чие лачење стартува посебно во отсуство на УВ значи навечер(ова и објаснува зошто постарите лица лесно заспиваат навечер а се будат наутро лесно), значи да е само Гинко не би се сложил да предизвика инсомниа, но како што кажа производот актив има и женшен познат адаптоген добар е и за стрес но и памтење сега се прашувам кој т.е дали Корејскиот е или пак Елеутерококо т.е Сибирскиот кој има поизразито влијание врз надбубрежната жлезда, во секој случај одлична иновација од Крка.
Друга опција останува само Чајот(зелен и Женшен) или пак Гинко Чај со Женшен капсули од Алкалоид што мислам ќе да е подобро.
Ако не е само за Памтење работава значи ако станува збор и за физички активности дали е спорт, работа тогаш најдобар избор е Ginseng rapid energy бидејќи ги има двата типа на женшен има истотака и Кола која има добар вкус ако пиете од флакон понатаму има и гуарана која содржи танини па затоа има антиастенично дејство(народски кажано омалаксаност) има и кофеин помала количина малку има и Л-карнитин,Витамин Ц,А,Е и креатин така што добивате одлична комбинација и за меморија и за спорт се разбира и овие се насабајле една капсула или флакон зависи од длабочината на џебот.