Огромни вселенски бродови идат кон Земјата
Астрофизичарот Крег Каснов од СЕТИ програмата, објави дека три големи објекти се движат кон Земјата и тоа доста брзо. Големината на овие „летечки чинии“ е во опсегот на неколку десетици километри. Слетувањето, според пресметките на научниците, би требало да биде некаде на средината од декември идната година, датум кој „случајно“ се поклопува со предвидувањата на Маите.
Неколку големи објекти, брзо се приближуваат кон Земјата – тврди СЕТИ астрофизичарот Крег Каснов, но не го земајте неговиот збор во обзир, туку проверете си и самите. Тој препорачува да одите на
http://www.sky-map.org/ и да ги внесете следните координати:
19 25 12 -89 46 03 – првиот голем објект
16 19 35 -88 43 10 – цилиндричен објект
02 26 39 -89 43 13 – кружен објект
Учесниците на овој проект се црвсто убедени дека ова се вистински објекти и дека Американската вселенска организација НАСА се труди да сокрие важни информации.
Ниту еден од овие објекти неможе да се види од северната хемисфера. Вториот сет на бројки во секоја линија ни кажува дека објектите доаѓааат од длабочините на небото на јужната хемисфера.
Во секој случај, единственото нешто кое можеме сега да го направиме е да чекаме – вели Крег Каснов. Наскоро овие објекти ќе бидат видливи со секој подобар телескоп.
Држете ги Вашите очи на небото … вистината е тамо некаде.
Превземено од The Examiner.
----------------------------------------------
Значи пред да почнам да мрчам од типот: Знаев!, не можам а да не ги изнесам фактите кои „нажалост“ ја откриваат оваа „фабрикувана“ сензационална информација, која покрај тоа што се најде на скоро сите НЛО блогови и споредни страници, ја имаше и на неколку попознати интернет страници како што е Руската Правда.
Имено астрофизичарот Крег Каснов (ориг. Craig Kasnov) не можев да го најдам никаде освен на некои непознати интернет блогови. Ако се земе во обзир дека наводно е познат СЕТИ астрофизичар, би требало да биде добро познат на јавноста. Од друга страна го имаме наводно вистинскиот Крег Каснов (ориг. Craig Casnoff) кој тврди дека како прво воопшто не е астрофизичар и дека никогаш не објавил ваква вест, а дека тој е вистинскиот ко-оснивач на SETI@HOME заедно со Давид Геди. Еве тука може да го прочитате неговото официјално излагање. Но, не би било се така лесно кога не би било истовремено и сомнително. Што сакам да кажам – имено на официјалниот сајт на SETI@HOME многу убаво си пишува дека ко-оснивач е Crais Kasnov. Во моментов веќе ја слушам мелодијата од Twiglight Zone.
Да преминеме сега на објектите кои и се доближуваат на Земјата.
Не сум ниту оддалеку толку стручен за да објаснувам што и како се гледа на сликата па затоа морам да се повикам на одредени статии и информации кои ги пронајдов на интернет истражувајки ја оваа вест.
Имено телескопите кои се користат за да се добијат овие импресивни слики имаат специјални стаклени плочи кои се прскаат со специјална емулзија која е осетлива на светлина со што се формира еден филм врз самата плоча. Подоцна истите овие плочи ги скенираат и дигитализират техничари при што е тотално невозможно да се отстранат сите аномалии и нечистотии на плочата.
Како што се гледа од плавиот спектар на горната слика, околу самиот објект има доста мачканици да ги кажам, кои на оригиналната слика не се видливи. Според 30+ години искусни астрофозочари кои за задача имаат цел живот да проучуваат вакви слики – ОВА Е ОБИЧНА ФЛЕКА!
Втора работа која е сомнителна е големината на бродовите. Практично е невозможно да се одреди големината на објектот кога не знаеме на која далечина се наоѓа (проста физика нели – до толку знам). Но е ве и да земеме дека бродот е некои 50км. Користејки ја сликата може да се пресмета големината на бродот во степени и со помош на одредена формула може да се пресмета оддалеченоста на бродот. Според добиените резултати ваков објект со големина од 50км според сликата би требало да биде оддалечен некои 100000км од Земјата што е една четвртина од оддалеченоста на Месечината. (Ако земеме дека сликите се направени во деведесетите од минатиот век – бродовите значи се движат мнооооогууууу спорооооо). Чудни некои вонземјани, нас ни требаа околу три дена со релативно уназадена (за нив) технологија да стигнеме до Месечината, а на нив очигледно им требаат декади за да поминат такво слично растојание.
Сепак на крајот од креавите, оваа и информации слични на неа секогаш ќе ги интересира луѓето како мене кои веруваат дека не сме сами помеѓу ѕвездите и дека еден ден ќе излезе вистината на виделина. Но за тоа некој друг пат.
Превземен текст од
LordsOfCobol