Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
Е не е ваљда на Сони Вегас да го правел :pos2::toe:
И ти тоа за аргумент го рачунаш зошто мојот коментар нема логика?

Ако не е со компјутерски програм праено незначи дека е вистинито. може од соседната зграда закачиле нешто да виси таму малечко, и сеа шират видеа од НЛО демек за да ги пишува по сите весници, и се вадат на тоа дека е очигледно дека не е фотошоп па со тоа демек дека видеото и објектот се вистински...

Сериозно, според видеото тоа е мноооооооооооооооооооооогу мало (односно далеку). Шансите некој да ја примети таа точка се многу мали, а уште помали па баш да забележи дека е НЛО... ко боже си се шетал низ град со телескоп и оп шо ќе види, нло таму негде во небото ЛОЛ
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
Шит хепенс брат , срања се дешавају.

Се може да е , неможеш да поверуваш додека не видиш нешто со свое ОКО!!!.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
А ти си го видел некад со свое око? :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Шит хепенс брат , срања се дешавају.

Се може да е , неможеш да поверуваш додека не видиш нешто со свое ОКО!!!.
Точно, али дури и окото може да лаже, може да помислиш сешто ако не знаеш. Можно е да е оптичка илузија, можно е да е некој сателит кој рефлектира светлина...
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
Точно, али дури и окото може да лаже, може да помислиш сешто ако не знаеш. Можно е да е оптичка илузија, можно е да е некој сателит кој рефлектира светлина...
Да бе оптичка илузија или сателит , види убаво ти е снимено на видеото брат!!!.
Се глеа дека е летачка чинија! [:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Да бе оптичка илузија или сателит , види убаво ти е снимено на видеото брат!!!.
Се глеа дека е летачка чинија! [:
А бе изгледа како чинија, ама дали е... се гледа само на неколку пиксели... :) можи да биди некоја ѕвезда или планета.... Венера поверојатно зашо има и сенка... :)
 

1n$An3 k!|L3R

Internet Addict :)
Член од
1 март 2009
Мислења
19
Поени од реакции
1
Прво-Мое мислење дали постојат вонземјани?-Да.
Второ-Јас имам лично видено непозната светлина но неможам од искуство да кажам дека беа вонземјани но верувам дека беа
Трето-Брзо ја снема и тоа е уште еден доказ дека тоа се вонземјани
Четврто-Пред три лета имаше сообраќајка од таа иста светлина барем така раскажуваа дека е слична на таа што јас ја видов
Петто-Уште еден доказ-Кога излезе светлина го снема комшијата од некои ЧУДНИ СТВАРИ СЕУШТЕ НЕПОЗНАТИ ЗА НАС~!!!!
Шесто-Дали верувате во ова?
Седмо-Фала шо ве измачив да го читате ова но за жал се е лага
 
D

D_NazGUL

Гостин
Огромни вселенски бродови идат кон Земјата

Астрофизичарот Крег Каснов од СЕТИ програмата, објави дека три големи објекти се движат кон Земјата и тоа доста брзо. Големината на овие „летечки чинии“ е во опсегот на неколку десетици километри. Слетувањето, според пресметките на научниците, би требало да биде некаде на средината од декември идната година, датум кој „случајно“ се поклопува со предвидувањата на Маите.

Неколку големи објекти, брзо се приближуваат кон Земјата – тврди СЕТИ астрофизичарот Крег Каснов, но не го земајте неговиот збор во обзир, туку проверете си и самите. Тој препорачува да одите на http://www.sky-map.org/ и да ги внесете следните координати:

19 25 12 -89 46 03 – првиот голем објект
16 19 35 -88 43 10 – цилиндричен објект
02 26 39 -89 43 13 – кружен објект

Учесниците на овој проект се црвсто убедени дека ова се вистински објекти и дека Американската вселенска организација НАСА се труди да сокрие важни информации.

Ниту еден од овие објекти неможе да се види од северната хемисфера. Вториот сет на бројки во секоја линија ни кажува дека објектите доаѓааат од длабочините на небото на јужната хемисфера.

Во секој случај, единственото нешто кое можеме сега да го направиме е да чекаме – вели Крег Каснов. Наскоро овие објекти ќе бидат видливи со секој подобар телескоп.

Држете ги Вашите очи на небото … вистината е тамо некаде.

Превземено од The Examiner.

----------------------------------------------

Значи пред да почнам да мрчам од типот: Знаев!, не можам а да не ги изнесам фактите кои „нажалост“ ја откриваат оваа „фабрикувана“ сензационална информација, која покрај тоа што се најде на скоро сите НЛО блогови и споредни страници, ја имаше и на неколку попознати интернет страници како што е Руската Правда.

Имено астрофизичарот Крег Каснов (ориг. Craig Kasnov) не можев да го најдам никаде освен на некои непознати интернет блогови. Ако се земе во обзир дека наводно е познат СЕТИ астрофизичар, би требало да биде добро познат на јавноста. Од друга страна го имаме наводно вистинскиот Крег Каснов (ориг. Craig Casnoff) кој тврди дека како прво воопшто не е астрофизичар и дека никогаш не објавил ваква вест, а дека тој е вистинскиот ко-оснивач на SETI@HOME заедно со Давид Геди. Еве тука може да го прочитате неговото официјално излагање. Но, не би било се така лесно кога не би било истовремено и сомнително. Што сакам да кажам – имено на официјалниот сајт на SETI@HOME многу убаво си пишува дека ко-оснивач е Crais Kasnov. Во моментов веќе ја слушам мелодијата од Twiglight Zone.

Да преминеме сега на објектите кои и се доближуваат на Земјата.

Не сум ниту оддалеку толку стручен за да објаснувам што и како се гледа на сликата па затоа морам да се повикам на одредени статии и информации кои ги пронајдов на интернет истражувајки ја оваа вест.

1.jpg

Имено телескопите кои се користат за да се добијат овие импресивни слики имаат специјални стаклени плочи кои се прскаат со специјална емулзија која е осетлива на светлина со што се формира еден филм врз самата плоча. Подоцна истите овие плочи ги скенираат и дигитализират техничари при што е тотално невозможно да се отстранат сите аномалии и нечистотии на плочата.

2.jpg

Како што се гледа од плавиот спектар на горната слика, околу самиот објект има доста мачканици да ги кажам, кои на оригиналната слика не се видливи. Според 30+ години искусни астрофозочари кои за задача имаат цел живот да проучуваат вакви слики – ОВА Е ОБИЧНА ФЛЕКА!

Втора работа која е сомнителна е големината на бродовите. Практично е невозможно да се одреди големината на објектот кога не знаеме на која далечина се наоѓа (проста физика нели – до толку знам). Но е ве и да земеме дека бродот е некои 50км. Користејки ја сликата може да се пресмета големината на бродот во степени и со помош на одредена формула може да се пресмета оддалеченоста на бродот. Според добиените резултати ваков објект со големина од 50км според сликата би требало да биде оддалечен некои 100000км од Земјата што е една четвртина од оддалеченоста на Месечината. (Ако земеме дека сликите се направени во деведесетите од минатиот век – бродовите значи се движат мнооооогууууу спорооооо). Чудни некои вонземјани, нас ни требаа околу три дена со релативно уназадена (за нив) технологија да стигнеме до Месечината, а на нив очигледно им требаат декади за да поминат такво слично растојание.

Сепак на крајот од креавите, оваа и информации слични на неа секогаш ќе ги интересира луѓето како мене кои веруваат дека не сме сами помеѓу ѕвездите и дека еден ден ќе излезе вистината на виделина. Но за тоа некој друг пат.

Превземен текст од LordsOfCobol
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ај да речиме дека идат... шо можиме ние да напрајме? Кога некој е техолошки едно 50 века понапреден од нас, можиме само да седиме и да си чекаме. Ништо повеќе.

Па ќе тераме сеир исто како со милениумската бубачка.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Го има пишано истово поназад ама поради натрупаноста на нови постови и останатата дискусија многумина не го виделе.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Сеа го разгледував Golden record, што е пратен во вселената, има слики, песни и поздрав на 55 светски јазици.
Интересни фотки, кои сепак за тоа време претставувале врв во технологијата. Од сегашна перспектива, вонземјаните да ги видат сликите ќе се уплашат, усвет ќе фатат нема да им текне да стапнат овде :). Најнтересна слика ми е кога се објаснува начинот на јадење, пиење и лижење на храната. Кога сме пиеле вода не сум знаел дека зимамае бокал и го ставаме 30 см. над уста и го истураме внатре :).
У секој случај корисна направа која верувам дека вонземјаните нема воопшто д ја разберат.
п.с има и песна на бугарски- Излегол (не знам име.... ) ајдутин :).
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сеа го разгледував Golden record, што е пратен во вселената, има слики, песни и поздрав на 55 светски јазици.
Интересни фотки, кои сепак за тоа време претставувале врв во технологијата. Од сегашна перспектива, вонземјаните да ги видат сликите ќе се уплашат, усвет ќе фатат нема да им текне да стапнат овде :). Најнтересна слика ми е кога се објаснува начинот на јадење, пиење и лижење на храната. Кога сме пиеле вода не сум знаел дека зимамае бокал и го ставаме 30 см. над уста и го истураме внатре :).
У секој случај корисна направа која верувам дека вонземјаните нема воопшто д ја разберат.
п.с има и песна на бугарски- Излегол (не знам име.... ) ајдутин :).
Дај линк од видеото/сајтот баш да го објавиме и тоа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom