Избор на најдобра песна од поранешна Југославија

Статус
Затворена за нови мислења.
Гласам за Црвена Јабука.

Фино, убаво и певливо. Нема нешто посебно лошо или посебно добро да се нагласи кај оваа песна.
 
Bolje da nosim kratku kosu - песнава ми е хит кога ќе ми потпорасни косата и кога одам на стрижење, обавезно ја слушам пред да ја скратам.
 
Другата песна првпат ја глеа, не ми е во план да ја слушам.
Значи за Црвена Јабука и две врзани победи по ред, евентуално ако не изненади некој па да гласа од инат за овие другите.
 
Гласам за Пекиншка патка - Боље да носим кратку косу , сепак ова е една од првите панк групи во екс Ју и имаа неколку добри песни . Што се однесува до Свиѓа ми се ова ствар се работи за преработка на преработка :pos:, односно ова е преработка на Twist and shout од Бубачките , кои всушност ја преработија La Bamba ( стара мексиканска песна ) .
 
Знаев уште кога видов дека си коментирал батка, дека гласов ќе оди кај Патката. Закон бенд нели? Ретка појава во Југославија. Со одлична трага и придонес во правецот.
Инаку не се секирајте, Јабука тепа во дуелов сто посто, оти другиве се поприлично хц и ретко кој ги слушал кога потпивнувал или се кефлосувал заради некаква околност.
 
Да , имаат неколку одлични песни а и како што пишав предходно , тоа е една од првите панк групи во Ју , а тоа значи дека нивните песни имаат и историско значење за екс Ју сцената . Иначе право да ти кажам не сум ги следел којзнае колку и знам само 5 или 6 нивни песни , но тоа ми е доволно за да ги сметам за одличен бенд .
 
Уф сум го промашила Чола. Ај сега нека оди еден глас за Јаболкото, атер за тоа што ги слушав во седмо и осмо одделение :)
 
Значи за вкусови не се разговара, аман веќе со тие мислења, ако ви се гласа - гласајте, а не цело време само да се мрчи.
Ај сега полека, без нервоза, да гласам ко човек:
ПП - Боље да носим кратку косу
 
Значи за вкусови не се разговара, аман веќе со тие мислења, ако ви се гласа - гласајте, а не цело време само да се мрчи.
Ај сега полека, без нервоза, да гласам ко човек:
ПП - Боље да носим кратку косу
па ова ако ти го прифатат,може и така да се гласа
со минимум зборови - само на песната,или и групата
а може и со , 1-глас за првиот предлог. 2- за вториот предлог
а што му фали и вака,да чуеме нешто,за песните или пеачите,
еве кога наскоро ќе има нешто од Нови Фосили,ќе напишам нешто,кога ќе биде Мишо Ковач,или Кичо пак ќе пишам нешто.
...Кој и да беше противник сепак глас за,бидеиќи ми се свиѓа
СВИЃА МИ СЕ ОВА СТВАР
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom