Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Добар е хамбургерот и во Тетекс во чаршија за 80 динарчиња.
убав ама малецок

Иначе Сити Грил Рамстор моментално растура за хамбургер во Скопје потврдено


Sent from my iPad3 using Tapatalk
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
најлош(и) не се ни сеќавам. али знам дека ако го видам ќумезот, НЕ влегувам :D
али затоа за најдобар се сеќавам ко вчера да сум го јадел е '95 во бургер кинг во будимешта Ф1. аууууу луѓе, посладок хамбургер немало до сега. еве и сега го има тој бренд во мкд, ама не е тоа тоа.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Најлош од мекдоналдс прошлава година, ме прелажа системот да земам три хамбургера за 100 денари. Порано јадев често па си викам ај да пробам пак одамна не сум јадел. Коа земав и коа пробав, тоа лепчето прегорено, плескавицата од што беше лоша не знаев дали беше препржена или непржена... no comment.

Најубаво у трета година на екскурзија у Будимпешта, првпат влегов у Бургер Кинг таму. Земав голем хамбургер, па кога го пробав тоа беше најсочното, најрајското нешто создадено на планетава. Јадеш и осеќаш како да си фараон во египетско кралство, опкружен од безброј девици кои непрекинато те галат, додека во позадина слушаш жубор од фонтана која тече директно од реката Нил, обземајќи те во рајските благодети кои ги нуди твојата лична пирамида која го носи твоето име...

А вториот пат кога го пробав истиот хамбургер... исто :гик:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.837
Поени од реакции
20.302
Незнам дали е до мене или општо сите го делите мислењево, абе порано коа сме се враќале од град вриело пре Кинг Бургер, Аркадија и Попе ли беше не ми текиња тука во редот и 7ца тогашна, не сме можеле на ред да стигнеме... неможам да го најдам тој вкус на хамбургер, онака јадеш и свршаваш од убајни (не баш ко колегава над мене, да се осечам ко Клеопатра), сменија се, порано дур можеше и у НЛО да си земеш убав хамбургер од бутка и да се најадеш убаво.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Kaj Jamie Oliver, Italian burger so posh chips. Vrv na vrvovite! Najgaden vo Sedmica.

Sent from my Intel Phone
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Најубавиот Седмица,најгадниот Џамбо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
Незнам дали е до мене или општо сите го делите мислењево, абе порано коа сме се враќале од град вриело пре Кинг Бургер, Аркадија и Попе ли беше не ми текиња тука во редот и 7ца тогашна, не сме можеле на ред да стигнеме... неможам да го најдам тој вкус на хамбургер, онака јадеш и свршаваш од убајни (не баш ко колегава над мене, да се осечам ко Клеопатра), сменија се, порано дур можеше и у НЛО да си земеш убав хамбургер од бутка и да се најадеш убаво.
Пробај во City Grill. Дефинитивно единствениот хамбургер со истиот квалитет како во поранешен Кинг Бургер и 7ца! (y)
 
Член од
10 септември 2008
Мислења
65
Поени од реакции
23
Добро зарем никој од вас не мисли дека Жужу-бургер заслужува некакво позитивно признание? Ем си најаден, ако не и прејаден.. ем имаат сосови за прсти да излижеш, прекрасен помфрит и солидно месо. What more could you possibly want?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Добро зарем никој од вас не мисли дека Жужу-бургер заслужува некакво позитивно признание? Ем си најаден, ако не и прејаден.. ем имаат сосови за прсти да излижеш, прекрасен помфрит и солидно месо. What more could you possibly want?
Koга го отворија може и беа добри, ама после тоа хамбургерот личеше на се само на хамбургер не.
За многу кратко време се укакаа. Така да не би јадела веќе во Жу-Жу бургер....макар и ме настрвил мирисот на скара/помфрит.
 
A

Avenger99

Гостин
Најдобар седмица и вили,City Grill не е лош,Жужу некако премногу работи во него o_O
 

Kajgana Shop

На врв Bottom