Serie A 2012/2013

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
објасни како тоа Канаваро со две години успешна кариера (две наместени скудета) и едно светско заслужи Златна Топка. Со блескавите сезони во Интер и Реал и кариерата во.... Парма ли ?
Италија светското првенство го завршија со 2 примени гола и тоа 1 од пенал, Канаваро беше еден од најзаслужените за тоа, па затоа тоа е една од главните причини зошто Канаваро доби Златна топка :)
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.472
Поени од реакции
5.519
Италија светското првенство го завршија со 2 примени гола и тоа 1 од пенал, Канаваро беше еден од најзаслужените за тоа, па затоа тоа е една од главните причини зошто Канаваро доби Златна топка :)
Да не изиграше перфектно Барзаљи после повредата на Неста и црвениот картон на Матераци со Австралија немаше да биди Италија шампион. :icon_lol:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.835
Поени од реакции
111.480
Леле гледам сте изнапишале неколку страни за оваа посрана награда... Џабе човек да троши зборови на наградава, цел свет знае кои се Меси и Роналдо, но релевантноста што ја содржи оваа награда не е ни нула, туку влегува во минус. Не дека сум навивач на Интер ама после она со Снајдер во 2010 шта речи? Снајди освои Триплете со Интер, беше и еден од најзаслужните за овие титули, освои Супер Куп на Италија и Светско Клупско првенство, ја одведе Холандија до финалето на СП и патем беше најдобар стрелец во тимот решавајќи го Бразил со 2 гола, исто така и во финалето му намести два зицера на Робен но овој не ги погоди. А Меси таа сезона имаше Ла Лига освоено ако не се лажам, флопна на најбитните утакмици, што за репрезентација што за Барса и ја освои таа награда, епа покрај овие факти што да се каже повеќе??
Аааа и ќе заборавев, Милито не беше ниту во топ 20 номинирани таа сезона, човекот што му го донесе Триплетето на Интер, човекот што го реши сам Баерн со два гола во финалето, човекот што среде Рим ја реши Рома во финалето на купот и човекот што го даде победничкиот гол против Сиена во последното коло. Ееееј ниту во топ 20 не беше, срамота, еден Азамоа Гијан беше во топ 20, по која логика само не ми е јасно...
Затоа дечки не се замарајте со оваа награда ниту со тимот што го избрале, гледате и самите дека ја фаворизираат таа Ла Лига која како и да ја вртиме се базира на два тимови, Реал и Барса, за разлика од Италија и Англија да речеме каде стандард повеќе тимови се борат за титулата, исклучок се само овие 2-3 сезони бидејќи фудбалот во Италија е во криза и доминира само Јуве, но речиси сигурен сум дека ќе си дојдат работите на свое место и за 2-3 сезони Италија повторно ќе биде онаму каде што е, на врвот, а кловновите од Фифа и Уефа ќе можат у гз да си ја стават наградава.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
полека на лајте, знам дека Јуве освои против Ајакс,.... у 96та година.. стварно жалите по таа “пропуштена’’ Златна топка на Дел Пиеро кој имаше 13 и пол години и пола од вас не ни глеале фудбал или “ај за Јуве сме па морало Дел Пиеро да има златна топка’’ . Од 96 навака зошто не успеа да земе, ни да се наметне.
Не заебавај брат. 96' Дел Пиеро имаше 22 години а јас 15, така да и тој играше и јас гледав. :pos: Туку, муабетот не ми беше дека таа година требал да освои. Јас мислам дека требаше да освои 97' кога освои Роналдо дабарот а втор беше Предраг факинг Мијатович (овој ни на ФИФА не можеше да биде пред Дел Пиеро а не на официјално доделување на награди) и трет беше Зизу.
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917
Чим Малдини нема златна топка освоено незнам шо се чудите за другите...
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Златна топка се дава кога играч ќе освои Лига Шампиони и ќе доминира на турнирот или истово за некое Светско првенство ( и при тоа да има историја на добри сезони позади него) ... Дел Пиеро ни има освоено Лига Шампиони, ни има ептен доминирано на Светско пошто кога Италија го освои, 12 различни играчи дадоа гол ( за да биде јасно колку колективна победа беше).

Дел Пиеро едноставно немаше таква сезона, односно немаше среќа да има сезона во која се ќе му се поклопи, во смисол на игра и трофеи, па да му се додели. Во годините кога беше во најјака форма секогаш беше “тука некаде’’, ама не беше на право место.

И не, не е права трагедија што дел пиеро немал освоено златна топка, трагедија е што просек како Канаваро ја има. Мора да дојде некогаш денот кога ќе размислат што направиле и ќе му ја одземат
Проблемот е што воопшто нема критериум кога се дава Златна топка.Меси минатата година не освои ни ЛШ,ни Ла Лига,Светско до сега нема освоено,али пак заврши кај него наградата.Сите гласаат за него зошто е Меси,ги знаат неговите квалитети,знаат што освојувал со Барса,едноставно го гледаат профилот на играч,а не што има освоено или што има постигнато во конкретната сезона.Затоа ни наградава за мене не е објективна,уште помалу оној тим од "играчи на годината".Треба да сфатат некои луѓе дека не се бира играч на деценијава или веков.Се бира играч кој бил најдобар таа сезона,што со своите игри постигнал и освоил нешто со тимот или репрезентацијата.

Кога веќе збориме за Дел Пиеро
-Во сезоната 97/98 е еден од најзаслужните што Јувентус,повторно стигнува до финале во ЛШ трета година по ред.Постигнува хет-трик во полуфиналето против Монако,но Јувентус изгуби во финалето против Реал.
Таа година е најдобар стрелец во ЛШ со 10 голови.Постигнува 21 гол во Серија А,го освојува 25тото скудето со Јуве,ја добива и наградата за фудбалер на Италија на годината.Тоа е можеби неговата најдобра сезона во кариерата,али повторно не ја добива Златната топка.

Може да се каже дека и нема среќа,таа сезона и Зидан игра со него,али Зизу плус го освојува и Светското со Франција,кое може беше и пресудно да ја добие наградава.Али по ваква сезона да не се најдеш ни помеѓу најдобрите тројца во конкуренција за Златната топка е стварно срамота.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.700
Поени од реакции
3.651
@Middle Distance Runner објасни како тоа Канаваро со две години успешна кариера (две наместени скудета) и едно светско заслужи Златна Топка. Со блескавите сезони во Интер и Реал и кариерата во.... Парма ли ?
A од кога тоа златна топка се дава за успешна кариера?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.523
Поени од реакции
47.837
A од кога тоа златна топка се дава за успешна кариера?
па ја не знам досеа друг ојдле-дојле да ја лапнал, прв е Канаваро со победите над Чешка, Австралија и Украина што ја спакува.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.700
Поени од реакции
3.651
Ако тргнам да те убедувам како играл Канаваро во 2006 нема да успеам, и покрај тоа што наградата се доделува врз база на играта и освоените трофеи во претходната сезона.

По твојава логика, следствено Буфон требаше да ја земе таа награда. Меѓутоа Буфон не може да ја земе таа награда затоа што пола сезона беше повреден.

Како и да ја вртиш, Златната Топка му беше заслужена.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
за 2006 пирло или буфон ... а не канаваро
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.700
Поени од реакции
3.651
Канаваро и Буфон наградата ја заслужуваат скоро подеднакво. Канаваро покажа неверојатна конзистентност низ целата сезона, додека Буфон беше повреден цела прва полусезона. Разликата кој ќе ја добие наградата беше направена тука, затоа што наградата се дава врз база на перформансите во текот на една цела сезона и Европско/Светско првенство и трофеите освоени.

Пирло не беше во потесниот избор на крајот, така да он може да се вброи ко конкурент.

Едит: Сега видов, Пирло бил 9ти на изборот според поени :icon_mrgr:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Само кога ќе се сетам во полуфиналето 2006 против немците како изигра Канаваро, ми доаѓа да се наежам .. Италија кога освои прими 2 гола и тоа 1 од пенал на Зидан и си постигнаа автогол (мислам матераци) ... Најзаслужен беше Канаваро со ненормалните и невозможни пресечени акции, блокирања на шутеви, дури 2 пати мислам ја спасуваше пола метро ( не од гол линија али да не беше он сигурно ќе влезеше у гол) ... Втора работа, после него најзаслужни за титулата светски првак се Гросо и Матераци, едниот гол во продолжение за пласман во финале другиот гол во финале за израмнување .. Како и да ја свртиш одбраната односно катанаџото донесе титула на Италија ... А Канаваро посебно импресионираше со неговата борбеност пожртвуваност (истрча контра во 120 минута против немците и му подаде на џилардињо а овој ја чепна малку дојде до дел пиеро и даде гол за 2-0 ) ...
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Еј баш видов за Барзагли нешто дискутирате па да се приклучам :)
Значи да се разбереме, медиумски е тотално деградиран како играч, али човекот е најстадарден и по настапи и по констатност во формата, не се секјавам да имал некоја кардинална грешка што ќе резултира со примен гол во последниве година ипол (и настапот на Еврото летово).
Ако го споредуваме со Ќиелини, Барза ја има смиреноста,читањето на играта,контрола на топка,и хируршки прецизни интервенции во 16-тникот( сите постари љубители на Калчото ќе се сетат на неговата сезона во Палермо 2006 пред Светското, каде беше капитен ,и еден од најдобрите одбрамбени играчи таа сезона , со што го заработи прекарот "Новиот Канаваро")
Е сега Ќиелини е друг тип на одбрамбен играч, физички супериорен спрема противниците, одличен во скок игра, кондициски спремен тактички поливалентен, и на моменти бескруполозен во стартовите .Борец на теренот, игра и со срце и нозе .
Вака двајцата кога би ги спариле , би добиле идеален стоперски пар( Brains & Bounes)
И да според прикажаното ( и фактот дека Силве беше out долго време претходната сезона) моментално Барза е доктор за него :P

Пошто сум нов на форумот , ве поздравувам сите, посебно Bianconerite :P, и се надевам да добро дружење .
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.523
Поени од реакции
47.837
Канаваро и Буфон наградата ја заслужуваат скоро подеднакво. Канаваро покажа неверојатна конзистентност низ целата сезона, додека Буфон беше повреден цела прва полусезона. Разликата кој ќе ја добие наградата беше направена тука, затоа што наградата се дава врз база на перформансите во текот на една цела сезона и Европско/Светско првенство и трофеите освоени.

Пирло не беше во потесниот избор на крајот, така да он може да се вброи ко конкурент.

Едит: Сега видов, Пирло бил 9ти на изборот според поени :icon_mrgr:

која сезона мајсторе, сфаќаш ти дека таа сезона не се рачуна како играна или уште живеете во негирање ?
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.468
Поени од реакции
10.195
Goodfella - Дечкото потпаѓа под влијанија,така да секој напишан збор овде,да знаете дека претходно е кажан од некого.Глупавото е кај него што не си гради сам став за некој и нешто,туку од слушање на други личности "констатира".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom