Леле гледам сте изнапишале неколку страни за оваа посрана награда... Џабе човек да троши зборови на наградава, цел свет знае кои се Меси и Роналдо, но релевантноста што ја содржи оваа награда не е ни нула, туку влегува во минус. Не дека сум навивач на Интер ама после она со Снајдер во 2010 шта речи? Снајди освои Триплете со Интер, беше и еден од најзаслужните за овие титули, освои Супер Куп на Италија и Светско Клупско првенство, ја одведе Холандија до финалето на СП и патем беше најдобар стрелец во тимот решавајќи го Бразил со 2 гола, исто така и во финалето му намести два зицера на Робен но овој не ги погоди. А Меси таа сезона имаше Ла Лига освоено ако не се лажам, флопна на најбитните утакмици, што за репрезентација што за Барса и ја освои таа награда, епа покрај овие факти што да се каже повеќе??
Аааа и ќе заборавев, Милито не беше ниту во топ 20 номинирани таа сезона, човекот што му го донесе Триплетето на Интер, човекот што го реши сам Баерн со два гола во финалето, човекот што среде Рим ја реши Рома во финалето на купот и човекот што го даде победничкиот гол против Сиена во последното коло. Ееееј ниту во топ 20 не беше, срамота, еден Азамоа Гијан беше во топ 20, по која логика само не ми е јасно...
Затоа дечки не се замарајте со оваа награда ниту со тимот што го избрале, гледате и самите дека ја фаворизираат таа Ла Лига која како и да ја вртиме се базира на два тимови, Реал и Барса, за разлика од Италија и Англија да речеме каде стандард повеќе тимови се борат за титулата, исклучок се само овие 2-3 сезони бидејќи фудбалот во Италија е во криза и доминира само Јуве, но речиси сигурен сум дека ќе си дојдат работите на свое место и за 2-3 сезони Италија повторно ќе биде онаму каде што е, на врвот, а кловновите од Фифа и Уефа ќе можат у гз да си ја стават наградава.