Златна топка се дава кога играч ќе освои Лига Шампиони и ќе доминира на турнирот или истово за некое Светско првенство ( и при тоа да има историја на добри сезони позади него) ... Дел Пиеро ни има освоено Лига Шампиони, ни има ептен доминирано на Светско пошто кога Италија го освои, 12 различни играчи дадоа гол ( за да биде јасно колку колективна победа беше).
Дел Пиеро едноставно немаше таква сезона, односно немаше среќа да има сезона во која се ќе му се поклопи, во смисол на игра и трофеи, па да му се додели. Во годините кога беше во најјака форма секогаш беше “тука некаде’’, ама не беше на право место.
И не, не е права трагедија што дел пиеро немал освоено златна топка, трагедија е што просек како Канаваро ја има. Мора да дојде некогаш денот кога ќе размислат што направиле и ќе му ја одземат