Ајде малку да ја смениме практиката и да ставиме актер во подем, човек кој за две-три години направи невиден бум во филмскиот свет и тоа прилично доцна, на свои 33 години (сега веќе има 36).
Бенедикт Кумбербат
За повеќето Бенедикт се поистоветува со серијата Шерлок на ББЦ, но човекот е многу повеќе од тоа. Додека не беше емитувана Шерлок, Бенедикт веќе имаше снимено серии и филмови, но беше познат само во родната Британија.
Прв доказ за неговиот талент беше ТВ филмот Hawking во кој го одигра Стивен Хокинг. Сериозно добро одиграна улога и воедно филм кој мора да го погледнете.
Потоа следеа филмови како Amazing Grace и The Other Boleyn Girl, за подоцна да дојде улогата на Шерлок и да добие невидено внимание сосем заслужено. После таа серија, Стивен Спилберг го побара за во War Horse, а доби и улоги во The Hobbit и Star Trek.
Од Кумбербат се очекува многу, а тој досега добива одлични критики за одиграното во театар и на филм.
Па, колку сте запознати со него, како ви се допаѓа неговата игра и што од него ви е омилено за гледање?