Секаде е вака, живот од денес за утре, само што нас одеднаш ни дојде па не можеме да се навикнеме.
Да и секој сака да биде главен,да не речам господ.
Уште и оваа акција на владава ни требаше 98% младите на факултети.Ги одучивме младите од работа.Прво дома не им даваме ништи да работат,-дај нека поспие уште малку и од кревет право на маса.
Се заборави времето кога(уште во онаа стара Ју пред ратот)синовите одеа со татковците на работа на 14-15 години по Београд,Загреб,Тирана,обично во градежништвото.
Се заборави времето кога некој деца беа глава на семејствата на тие години,поради загубени-загинати родители.Работеа и се грижеа за помалите.
Да не кажувам дека децата(не викам,младинци или тинејџери)
буквално мали деца ја вршеа поголемата „селска“-домашна работа,-пасење на стоката,работа во поле и шума и слично.
Тоа тие го работеа,беа послушни,не се смеело да се каже не на родителот,и се живееше добро,а за тоа добивале не нови џинсови или ајвони,туку палто од постариот брат.
Се заборави ли и времето на нашата генерација.И ние деца бевме научени на работа.Прво дома а потоа и на школо.
Сега младиве сите сакаат,веднаш да фатат работа после факсот за на биро,и со неколку млади колешки со здолништа нешто под газот.А го завршиле и без учење и без работа.Само да одиш два пати неделно ќе го завршиш.
Е тоа е така уште од ОУ па и во средно,ало...алооо...2,3,4,5.
Сега не постои навики на работа а а со тоа и правилен живот на младите-светски мрзи ги направивме.
Грешка е што се мисли дека треба факс за живот,може и да се нормално живее и да си бербер или фурнаџија,ама сите сакат без мака и плата и живот.
Се заборави она еден ден на школо еден ден на пракса,или пак по една недела беше некаде.Се добиваше навика на работа и се оформуваше „детето’ за живот.
Дури и да не одам подалеку,кај мојте кога ќе појдам,ѓубрето од неколку дена им е на тераса.
Се сменија времињата,ја снема Кривината на Треска,ја снема Прочка на Кале, Катлановска бања е без нас,корзото го снема прво во Скопје а сега и во другите градови,нема дружење-почнавме да се делиме и на класи.
А ќе заборавев прво го снема Маршалот.