Дали Mакедонецот заборави што е нормален живот?

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Можеби за некоја мала категорија на граѓани кои добро заработуваат може да се каже дека имаат нормален живот, но за најголемиот број на граѓани нормалниот живот значи преживување.
Уметност е во Македонија да имаш нормален живот :pipi:
Капитализам е млада дамо, индивидуализам... секој сам за себе ........... што има тука толку чудно и несфатливо !
Секој си работи и си живее сам за себеси и секако за своето семејство/куќа !
Ако имам имам, ако немам немам тоа е тоа ........ секој сам за себе ........... и колку ми е чергата толку ќе си ги испружам и нозете ............. ако имам пари можеби и ќе си приуштам некакво задоволство одвреме-навреме секако со мерка, а ако немам пари во одреден период ќе си ја свиткам опашката и ќе си ги соберам нозете и од никого ништо не барам и никого за ништо не обвинувам .......... системот е тој и таков и мора да го прифатиме и да се привикнеме на него !
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Нормален живот овие години за повеќето нема
прво во транзицијава арамиите најдоа „Дупки“ и се збогатија и станаа газди на големи фирми
Косоварине најдоа „Дупки“ на граница и добија државјанство море некој влегоа и во влада
А западот навлезе и овде со повеќе канали и младите открива повеќе „ Дупки“ кај жените,и еве сега сврти колку ги има присатни млади на такви теми,што ако нејќе да го лапа
и слични, подобро се живееше кога знаевме за жените дека се со 1дупка.Парите го вртат светот,ама сега и „Дупките„
Точно дека нема дружење.Младиве и незнаат некој што е тоа корзо, цел ден дома,на школо со една тетратка во џеб а доцна вечер пикни се во некој кафич.За стромодни излети и дружења да не правиме муабет.
Но што е со нас старите.На работа дома,и утре пак...исто секојдневие, точно е така.Западаот не зафати и нас.Еве јас и незнам кога последен пат годинава што помина сум бил кај некој другар на седенка.Или овие празнични денови исто така,се си викам ај вечер ќе појдам до кај брат ми,но денот помонал, ај сега викам утре ќе одам ама и тиј ден ќе помине. Дома. Седејќи пред телевизорот и чекајќи да се чуе уште во првите вести каде кого утепале и каде некој сам се отепал,каде што е украдено или каде имало тепачки. Добро порано ги немало овие работи или било едно две годишно,ама сега е секојдневие.Ама и тоа и нас да не најповеќе интересира и тоа го очекуваме да го чуеме.И утре на работа веднаш за тоа се фаќаме-еј виде - еј слушна.
Не се случило овие неколку години да ти рече некој, ај утре да одиме со жените на Водно на прошетка,стално има изговор за не може,а не пак за на театар.А сме се дружеле и поради децата кој биле на иста возраст,тие си тераат нивната игра ние нашата.Ама сега ни тоа го нема.Немаштија
ли е што ли е. Одма си мислиш ако појдеш некаде дека треба тој човек да направи некој трошок. И не одиш.
Море треба како во Англија,виното под мишка и ај на гости.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
За тоа каков живот живееме самите сме си виновници затоа што дозволуваме други да ни го кројат,факт е дека Македонија функционира како единка значи не сме ни во Нато ни во Еу нема кој да ни диктира од надвор.Па така секој што ќе го наместиме на премиерското или прецедателското столче почнува да ни диктира начин на живот по своја мерка и замисла и никој неможе да го спречи во својата намера оти сме тоталитарен режим.Е сега во таков случај или се оди на Гадафи систем присилно одземање на власта или се чека 4 год да истече мандатот,но познавајќи не нам како малодушен народ чекаме 4 год. и повторно гласаме за истите иако претходно сме се противеле на нивната работа,со надеж за подобро утре иако знаеме дека тоа нема да е така.Тоа ќе биде така се додека не дојде некој поасолен човек на власт или додека не станеме дел од унијата на множества наречена ЕУ која може да придонесе за подобриот животен стандард во МК но и тоа не е гаранција.
Ниту се нашле досега ниту ќе се најдат асолни луѓе за тие фотељи ............... едино решение е каде сите таму и ти ............. Македонија неможе вечно да биде изолирана земја, како Европска земја(географски) мора да си го заземе своето место во евро-атлантските организации мада и таму нема месен-обесен и никаде нема 100% перфекционизам !
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 01:26 ---
Лошо е ,да не кажам катастрофа.
Апокалипса ...... Катаклизма ..... Содома .... Гомора ...... :vozbud:
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Кога се работи за мене, мислам дека си живеам до максимум, гледам некој член спомна дека не се читаат книги,не се иде по кафиња, јас и читам и често идам на кафе, сепак можеби е дека сум сеуште средно :) Пројди ми покрај орце да видиш во бела и жапон, фул народ. Баш македонците ти се најџаболебарска нација, во споредба со запад.. Уште македонче не видел куча посо
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.492
Секаде е вака, живот од денес за утре, само што нас одеднаш ни дојде па не можеме да се навикнеме.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Секаде е вака, живот од денес за утре, само што нас одеднаш ни дојде па не можеме да се навикнеме.
Да и секој сака да биде главен,да не речам господ.
Уште и оваа акција на владава ни требаше 98% младите на факултети.Ги одучивме младите од работа.Прво дома не им даваме ништи да работат,-дај нека поспие уште малку и од кревет право на маса.
Се заборави времето кога(уште во онаа стара Ју пред ратот)синовите одеа со татковците на работа на 14-15 години по Београд,Загреб,Тирана,обично во градежништвото.
Се заборави времето кога некој деца беа глава на семејствата на тие години,поради загубени-загинати родители.Работеа и се грижеа за помалите.
Да не кажувам дека децата(не викам,младинци или тинејџери)
буквално мали деца ја вршеа поголемата „селска“-домашна работа,-пасење на стоката,работа во поле и шума и слично.
Тоа тие го работеа,беа послушни,не се смеело да се каже не на родителот,и се живееше добро,а за тоа добивале не нови џинсови или ајвони,туку палто од постариот брат.
Се заборави ли и времето на нашата генерација.И ние деца бевме научени на работа.Прво дома а потоа и на школо.
Сега младиве сите сакаат,веднаш да фатат работа после факсот за на биро,и со неколку млади колешки со здолништа нешто под газот.А го завршиле и без учење и без работа.Само да одиш два пати неделно ќе го завршиш.
Е тоа е така уште од ОУ па и во средно,ало...алооо...2,3,4,5.
Сега не постои навики на работа а а со тоа и правилен живот на младите-светски мрзи ги направивме.
Грешка е што се мисли дека треба факс за живот,може и да се нормално живее и да си бербер или фурнаџија,ама сите сакат без мака и плата и живот.
Се заборави она еден ден на школо еден ден на пракса,или пак по една недела беше некаде.Се добиваше навика на работа и се оформуваше „детето’ за живот.
Дури и да не одам подалеку,кај мојте кога ќе појдам,ѓубрето од неколку дена им е на тераса.
Се сменија времињата,ја снема Кривината на Треска,ја снема Прочка на Кале, Катлановска бања е без нас,корзото го снема прво во Скопје а сега и во другите градови,нема дружење-почнавме да се делиме и на класи.
А ќе заборавев прво го снема Маршалот.
 
Член од
28 јули 2012
Мислења
106
Поени од реакции
62
Се се должи на заостанатоста на нашиот народ(со исклучок на младите) во поглед на западните држави,како таму се живее живтот.
Точно е тоа дека стандардот во Македонија е малку повеќе понизок за разлика од западните држави,но кога се сака може да си дозволи просечен македонец да отиде на кафе,пиво итн...
Но,погоре напишав со исклучок на младите,сепак има и дел од младите кои имаат такво сваќање пренесено од своите родители.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Се е до тоа колку сака некој да направи нешто , ја ако сакам да учам , читам , спортувам , излегувам ја ќе го направам тоа , ама некако се создаде преголема омраза спрема младината денес. (Овој бил ваков , овој бил онаков а они греота немаат огледало дома да се видат какви се ) :cautious:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Кога се работи за мене, мислам дека си живеам до максимум, гледам некој член спомна дека не се читаат книги,не се иде по кафиња, јас и читам и често идам на кафе, сепак можеби е дека сум сеуште средно :) Пројди ми покрај орце да видиш во бела и жапон, фул народ. Баш македонците ти се најџаболебарска нација, во споредба со запад.. Уште македонче не видел куча посо
Па токму тоа и јас го објаснив во претходните мои постови, греота е да се каже дека Македонецот денеска не живее, мислам стварно, еве секој ден сум низ градов, а и по други градови имам одено кафаните, кафичите, ресторантите се ц’цка нема човек кај да седне а постојано се труби дека народот гладувал, немал пари ни за леб, седел дома, јес да има и сиромашни граѓани, но сепак мислам дека повеќето преку 50% имаат каков-таков живот, не луксузен, но просечен да !
Еве само кај мене во маало има 3 големи кафани и секоја сабота недела полни се се прават огромни свадби со по 200-300 луѓе и греота е да се каже дека народот денеска не живее, се прават слави, родендени, крштевки, матурски, новогодишни дочеци и разно разни други прослави, а сето тоа чини пари !
Токму Македонецот е џаболебар многу поголем џаболебар од просечниот Американец, Германец, Британец и.т.н. но тоа го направи претходниот систем кој го изрелаксира и разгали народот, многумина никако да сфатат дека Капитализам сме веќе 2 децении и мора да се води ред, да се работи и да се цени секој заработен денар !
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Нормален живот овие години за повеќето нема
прво во транзицијава арамиите најдоа „Дупки“ и се збогатија и станаа газди на големи фирми
Косоварине најдоа „Дупки“ на граница и добија државјанство море некој влегоа и во влада
А западот навлезе и овде со повеќе канали и младите открива повеќе „ Дупки“ кај жените,и еве сега сврти колку ги има присатни млади на такви теми,што ако нејќе да го лапа
и слични, подобро се живееше кога знаевме за жените дека се со 1дупка.Парите го вртат светот,ама сега и „Дупките„
Точно дека нема дружење.Младиве и незнаат некој што е тоа корзо, цел ден дома,на школо со една тетратка во џеб а доцна вечер пикни се во некој кафич.За стромодни излети и дружења да не правиме муабет.
Но што е со нас старите.На работа дома,и утре пак...исто секојдневие, точно е така.Западаот не зафати и нас.Еве јас и незнам кога последен пат годинава што помина сум бил кај некој другар на седенка.Или овие празнични денови исто така,се си викам ај вечер ќе појдам до кај брат ми,но денот помонал, ај сега викам утре ќе одам ама и тиј ден ќе помине. Дома. Седејќи пред телевизорот и чекајќи да се чуе уште во првите вести каде кого утепале и каде некој сам се отепал,каде што е украдено или каде имало тепачки. Добро порано ги немало овие работи или било едно две годишно,ама сега е секојдневие.Ама и тоа и нас да не најповеќе интересира и тоа го очекуваме да го чуеме.И утре на работа веднаш за тоа се фаќаме-еј виде - еј слушна.
Не се случило овие неколку години да ти рече некој, ај утре да одиме со жените на Водно на прошетка,стално има изговор за не може,а не пак за на театар.А сме се дружеле и поради децата кој биле на иста возраст,тие си тераат нивната игра ние нашата.Ама сега ни тоа го нема.Немаштија
ли е што ли е. Одма си мислиш ако појдеш некаде дека треба тој човек да направи некој трошок. И не одиш.
Море треба како во Англија,виното под мишка и ај на гости.
Да и секој сака да биде главен,да не речам господ.
Уште и оваа акција на владава ни требаше 98% младите на факултети.Ги одучивме младите од работа.Прво дома не им даваме ништи да работат,-дај нека поспие уште малку и од кревет право на маса.
Се заборави времето кога(уште во онаа стара Ју пред ратот)синовите одеа со татковците на работа на 14-15 години по Београд,Загреб,Тирана,обично во градежништвото.
Се заборави времето кога некој деца беа глава на семејствата на тие години,поради загубени-загинати родители.Работеа и се грижеа за помалите.
Да не кажувам дека децата(не викам,младинци или тинејџери)
буквално мали деца ја вршеа поголемата „селска“-домашна работа,-пасење на стоката,работа во поле и шума и слично.
Тоа тие го работеа,беа послушни,не се смеело да се каже не на родителот,и се живееше добро,а за тоа добивале не нови џинсови или ајвони,туку палто од постариот брат.
Се заборави ли и времето на нашата генерација.И ние деца бевме научени на работа.Прво дома а потоа и на школо.
Сега младиве сите сакаат,веднаш да фатат работа после факсот за на биро,и со неколку млади колешки со здолништа нешто под газот.А го завршиле и без учење и без работа.Само да одиш два пати неделно ќе го завршиш.
Е тоа е така уште од ОУ па и во средно,ало...алооо...2,3,4,5.
Сега не постои навики на работа а а со тоа и правилен живот на младите-светски мрзи ги направивме.
Грешка е што се мисли дека треба факс за живот,може и да се нормално живее и да си бербер или фурнаџија,ама сите сакат без мака и плата и живот.
Се заборави она еден ден на школо еден ден на пракса,или пак по една недела беше некаде.Се добиваше навика на работа и се оформуваше „детето’ за живот.
Дури и да не одам подалеку,кај мојте кога ќе појдам,ѓубрето од неколку дена им е на тераса.
Се сменија времињата,ја снема Кривината на Треска,ја снема Прочка на Кале, Катлановска бања е без нас,корзото го снема прво во Скопје а сега и во другите градови,нема дружење-почнавме да се делиме и на класи.
А ќе заборавев прво го снема Маршалот.
Не дека со се` напишано овде не се согласувам. Напротив. Но човек треба да биде свесен дека времињата, на добро или на лошо, се променија. Одредени вредности, еве на пример трудољубивоста, одамна не се вредности во нашево општество. Работните и трудољубивите останаа со прстот в уста, кога оние другите им собраа се` што можесе да се собере. Па така денес трудољубивоста најчесто се сведува на ринтање за половина од официјалната просечна плата кај некој што нема ден вистинско работно искуство, но ете сто пати подобро се снашол. Оттаму кај нас, во денешницава, во вода паѓаат муабети за работливост. Кога може градоначалник да се стане со едвај завршена осмолетка и вонредно средно на сите треба да им е јасно дека ни избегал возот во ептен погрешна насока. А истиов тешко дека се преработил нешто. Мислам дека веќе имам напишано дека се следат успешни примери. Кај нас успешните се „снаоѓаат“ или веќе се „снашле“. За оние кои сакаат допрва да се „снајдат“, а се барем малку свесни како одат тие работи на Балканов, јасно е дека нема веднаш да се фатат за мотика или вредно да учат. Така ќе биде се` додека нешто навистина не се измени, а се` ми се чини дека тоа нема да се случи утре. Ни задутре.
Излегува дека кај нас работата е нужно зло. Всушност таа секогаш е нужно зло. Никој не сака да работи ако не мора. Проблемот е што кај нас најчесто ги нема очекуваните резултати од работата. На пример плата за обично, нормално живеење. Како родител ќе му продава магла на своето дете за успеси, за вредности, за чест, кога не може да го нахрани и облече како што треба?
Работи оној кој нема друг избор, кој ете, баш во моментов не успеал да се снајде, ама се надева дека во блиска иднина тоа ќе се смени, оти искрено, ако тоа не се случи, ќе го јаде стапот и тој и неговото семејство, кое ќе ринта за мали пари цел живот. Малку песимистично изгледа последново, не е секогаш и секаде така, но во повеќето случаи е блиску до вистината.
„Образованието“ денес најчесто се сведува на ризичен влог, на нешто што да се исплати ако се сака да се влезе во големиот натпревар за „снаоѓање“ во животот. Па следува бирање партија, лижење на нечиј анален отвор, земање ливче и чекање ред. Нималку не го одобрувам горе наведеново, но тоа не значи дека не се случува секојдневно.
Инаку, :) дупките секогаш го вртеле светот. Секој барем еднаш пропаднал во дупка и не можел да се извлече.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.695
Поени од реакции
35.398
Не е уметност во прашање туку криминал.
Не е криминал туку уметност,
Уметност е да живееш нормален живот во Македонија. Затоа што според статистика за 4 члено семејство месечната кошничка чини 12,000 денари само за основните потреби, просечната плата е 21000 (според статистика), а реалната плата во Македонија е околу 11 000 денари.
Ете тоа е уметност на живеење, а преживувањето е далеку од нормално живеење :pipi:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Премногу црно ги гледате работите, не е се црно, ниту пак е се бело, животот е борба и несмее човек да се откажува ......... јес да денеска и образованието а и трудот не се услови за успешен и среќен живот, но тоа незначи дека треба да се баталат и образованието и работата, без овие две нешта незамислив е животот т.е. успехот во него !
И аман немојте со тие генерализации, во секоја држава имало, има и ќе има секакви и задоволни и незадоволни и богати и средни и сиромашни и секакви ........... јас сум на пр. средна класа т.е. моето семејство и сум задоволен со тоа и се борам да го зачувам и понатаму тој статус, не летам во облаци, работам, пари некогаш повеќе некогаш помалку, скромно живеам... е сега дека има и погоре а и подоле од мене има но секој сам за себе !
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.758
Поени од реакции
1.154
Народот оти стана НЕнарод затоа живее овака КАЈ ГОЛИ ПА И ЗЛОБИ
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Не е криминал туку уметност,
Уметност е да живееш нормален живот во Македонија. Затоа што според статистика за 4 члено семејство месечната кошничка чини 12,000 денари само за основните потреби, просечната плата е 21000 (според статистика), а реалната плата во Македонија е околу 11 000 денари.
Ете тоа е уметност на живеење, а преживувањето е далеку од нормално живеење :pipi:
експертите оценуваат дека ваква потрошувачка кошница која вклучува само храна и пијалоци веќе не се пресметува во ниедна друга земја во светот. За да се добие реална претстава за трошоците на домаќинствата во Македонија тие предлагаат, освен храна и пијалоци, во потрошувачката кошница да се опфатат и сите други основни трошоци на луѓето, како сметките за струја, парно, вода, телефон, трошоци за образование, облека.

За илустрација потрошувачката кошничка за 4 члено семејство предвидува месечно да се потрошат вкупно 8 килограми месо, кило ипол риба, 13 литри млеко и само 700 грама кашкавал.
Не знам колку се таленти тие од ДЗС /или тие кои им веруваа(т)/ да не внесат режиски сметки за нормален живот во потрошувачка кошница...ама битно имаме најмала невработеност и најмногу странски инвестиции, закон сме :vozbud:
12.000 кај некои луѓе со поголем стан или просечна куќа ќе им се соберат само сметки после редовниве поскапувања.Плус другите лажговци, еве дома не сме веќе на затоплување со струја, па сметките не се многу различни од лани истиот период...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Незнам што тропаат тие од заводот за статистика, но за едно просечно МК 4-члено семејство кое да речеме живее во куќа(приземје+спрат) само за сметки месечно одат обавезно преку 10 000 денари и тоа без парно, зборам за куќа, а за оние кои имаат и парно(особено по становите) тоа им е плус трошок и плус проблем и нервози !
Зимскиов период преку 100 евра бегаат само за струја месечно, а башка вода, ѓубретарина, интернет, рд-такса и.т.н.
А каде е храната, а и превозот .......... горивото ........ со кола е економично да се оди на работа но под услов да се возат 2-3 лица заедно и натака накај работа и за назад, но за еден човек сам да се вози со кола денеска и до работа и назад е тотално неисплатливо и затоа поефикасен е јавниот превоз(од финансиска гледна точка) !
Е сега излегувања навечер, кафиња, одмори, разно разни прослави и други луксузи(барем според мене) и сл. преку тие работи може и да се прескокне но преку овие првиве работи погоре не !
Сума сумарум за просечен живот(без никакви луксузи) се потребни околу 30 илјади денари месечно, зборам за просечно МК 4-члено семејство .......... така да тоа може да се овозможи тој просечен живот само доколку работат и двајцата родители и земаат не помалку од 20 илјади денари плата, па и плус некое од децата да работи, а парите што би останале вишок(колку и да се) да се тргнат настрана !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom