Дали Mакедонецот заборави што е нормален живот?

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Прочитав едно мислење на еден универзитетски професор , кој рече : Во Македонија има интелектуална еклипса.

Постои една темнина , што викаш како некој да ни ги ограничил можностите , смееш ова и ова , и доста ти е.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
A sto e normalen zivot?!....Zivees vo kapitalisticko opstestvo so zakoraveni primesi od socijalizam koj poleka se istrebuvaat.
Lani dojde prijatel od Germanija...Jas celiot radosen vikam Sega zatvaram dukan i ideme na kafe pola saat
Covekot se stapisa...Ne mozese da se sozeme...Se zacudi kako toa si zemame za sloboda tolku mnogu vo zivotot i bescelni raboti kako pienje kafe stavame pred rabotnite zadaci.
I ti mi kazuvas za normalen zivot....Cekaj Doprva doaga normalniot zivot vo Makedonija....ili ako sakas uste ponormalen idi trkni do zapadnite zemji.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
И се тоа поради недостаток на финансиски средства, а некои ке рече не е се во парите .. но .. :)
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
И се тоа поради недостаток на финансиски средства, а некои ке рече не е се во парите .. но .. :)
Како мислиш дека мора да си богат за да живееш нормален живот?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Зависи кој и што подразбира под нормален живот !!!
Не секој човек има исти размислувања и не секој човек има исти желби и интереси .......... некој сака повеќе во слободно време да се дружи, да шета, да троши и сл. некој па повеќе ужива на мир и домашна атмосфера, па дури и да има можности за повеќе од тоа !
Малку по малку народецов се привикнува на новите Капиталистички трендови, новиот начин на живот и размислувања но треба уште време да помине уште некоја деценија особено да оние постари закоравени генерации да отпливаат и да нема веќе кој да им ги полни главите на младите луѓе за наводниот перфекционизам во минатиот систем и секојдневно плачење и сањање по истиот !
Како млад човек ја гледам реалноста и денешнината, не ме интересира минатото и кога некој ќе почне да ми кажува прикаски ех како било таму некад у ’62 или у ’72 ми иде да одам да си ја учукам глаата у некоја бандера или стуб ........... абе на сите им велам луѓе гледајте ја реалноста, разбудете се од сонот, баталете го минатото, но џабе !
Абе имам роднини во странство и кога ќе дојдат овде кога ќе прошетаат и разгледаат што се работи не веруваат дека во оваа држава има онолкав процент на невработеност и сиромаштија, таму во тој стар Капиталистички свет секој цент се заработува со труд и пот и се цени и луѓето многу помалку од нас овде имаат слободно време за денгубење, шетњи-метњи, моди, одмори, шопинзи, кафенца и.т.н. овој народ е премногу изрелаксиран и поален за време на претходниот систем и затоа денеска на многумина тешко им е да ги прифатат новите трендови Капиталистички !
Капитализмот како систем е потполно различен од Социјализмот не само во економската смисла на работите туку и во самиот начин на живот, сфаќањата, гледиштата... ако човек сака да има колку-толку нормален/среден живот(пред се мислам на финансиски план)денеска мора сакал-нејќел да биде индивидуалист и многу да работи и да води сметка за се, за секој пое*ан денар, во спротива ќе потоне и на никому нема да му биде гајле за тоа !
Моето мото е секој нека си го тера својот живот како си знае и умее, но наметнување на свои ставови врз други лица не !
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Немора да бидеш богат доволно е да имаш доволно :)
А за да имаш доволно во Македонија треба да работиш некоја висока функција или да имаш некоја приватна фирма или нешто слично. Така да овде..тешко нормален живот
 
C

Creating.

Гостин
Не би рекол дека се е до финансиите.
Има и многу такви што се многу добро финансиски поткрепени, но сеуште не научиле како да го живеат животот. Они работат напорно цел живот со помислата дека еден ден ќе почнат вистински да живеат, но всушност тие не живеат.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не би рекол дека се е до финансиите.
Има и многу такви што се многу добро финансиски поткрепени, но сеуште не научиле како да го живеат животот. Они работат цел живот со помислата дека еден ден ќе почнат вистински да живеат, но всушност тие не живеат.
Не велам да се претера со работа и со штедење, човек треба да си приушти и по некое задоволство одвреме-навреме !
Но сепак за се се потребни пари, парите го вртат светот, сите луѓе велат е парите не се најбитни, но затоа секој еден трча да ги заработи уште од црна темница наутро !
Без пари неможе човек ни од капија да излезе како прво, а камо ли па нешто друго ............ каква е таа среќа и нормален живот без скршен денар во џеб, кое е тоа здравје доколку човек нема пари...
Пак ќе кажам овој народ е изрелаксиран и поален за време на минатиот систем и затоа денеска многумина тешко се привикнуваат на новите Капиталистички трендови и новиот начин на живот ................. сакал-нејќел денес човек мора да биде индивидуалист, да работи и да си го цени спечалениот денар ............ во спротива отиде у бездна ........... од утопии не се живее, треба да се гледа реалноста ......... и секако одвреме-навреме треба човек и да си приушти по некое задоволство но се со исаф и со мерка !
Абе денеска како прво и прво нема повеќе вистинско пријателство се е од интерес и ќар и секој еден гледа да те заебе секако доколку го дозволиш тоа !
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
лошо е токму тоа што го велиш- затоа што почнуваат како пример за нормален живот да го земаат „америчкиот сон“ - несвесно отфрлајќи го она убавото и прифаќајки нешто ново- непознато ( силикони, ботокси, да бидат пријатели со некој од користољубие, децата да ги облечат со некакви модни детали и ко со трофеи да излезат да пропарадираат).....
тоа е туѓо и несвојствено а наметнато на овој народ
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Откако се појавија овие сериите комшиите никако не ги гледам надвор исто и децата со интернетот и игрите. Населбата е пуста дури и летно време.
Кај нас во лето после 12 часот нема никој по кафичите, каде одат што прават и јас се прашувам. Секоја вечер шетам во пуст град.
Ми изгледа како само јас да сум во центар на град а сите други да се собрани во некоја планина.

Одамна помина тоа време кога цел ден бевме по улиците, а повозрасните се дружеа и си идеа на гости, се шетаа во парк итн, а тоа време тешко да се врати. Фали времето кога секоја вечер бев со различни луѓе а сега само оние најблиските кои цел живот сум заедно.
Секој си вика подобро ќе седам дома и сам ќе пијам пиво и ќе јадам скара отколку да идам кај него/неа а зошто?
Од десет комшии/пријатели едни не се сменија другите си имаат замислен живот. Целиот ден им е работа-серии-ФБ-спиење.
Џабе им се парите кога не знаат како да ги трошат.
Затоа нема нормален живот секој си живее за себе, сака да е сам и си замислува свој живот.

И порано сме немале пари не е тоа причината за да немаме нормален живот и да не излезеш со некого да прошеташ не мора во кафeана има паркови. Или некого да повикаш на гости едно кафе е доволно.
Секој има моменти кога сака да е сам или во домашна атмосфера со фамилијата, но нон стоп да е така значи нешто му фали.

Летото ми дојдоа гости од Франција и две недели беа затворени дома си играа со лего коцки и не сакаа да излезат да прошетат и да се видат со роднините и да ја прошетаат цела Македонија. Спијат во пари а не знаат како да живеат. :tapp:
На крај наместо да идеме во кафеана плачеа дома да ни го донесат јадењето немој некој да ги изеди надвор. :tapp: И ние станавме како нив а се чудев како може да живеат така.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Можеби за некоја мала категорија на граѓани кои добро заработуваат може да се каже дека имаат нормален живот, но за најголемиот број на граѓани нормалниот живот значи преживување.
Уметност е во Македонија да имаш нормален живот :pipi:
Не е уметност во прашање туку криминал.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
лошо е токму тоа што го велиш- затоа што почнуваат како пример за нормален живот да го земаат „америчкиот сон“ - несвесно отфрлајќи го она убавото и прифаќајки нешто ново- непознато ( силикони, ботокси, да бидат пријатели со некој од користољубие, децата да ги облечат со некакви модни детали и ко со трофеи да излезат да пропарадираат).....
тоа е туѓо и несвојствено а наметнато на овој народ
Не велам дека се што доаѓа од запад треба да се прифати здраво за готово, за некои ствари треба малку и филтерот да поработи и јас не прифаќам се што ми сервира западот ........ но сепак тоа незначи дека човек треба да живее во минатото, неможам да имам исти сфаќања, желби и ист начин на живот како дедо ми, баба ми, татко ми, мајка ми... мора нешто да се прифати и од новите трендови ......... и во моите претходни постови претежно зборев за работите од финансиска гледна точка, дека треба да се биде индивидуалец сакал или нејќел, да се работи и да се цени денарот ............ ОК човек треба и да се дружи и да си дозволи и по некое задоволство одвреме-навреме но се со исаф и со мерка ............ секое претерување во било што нечини ........ мора да се изнајде некаква златна средина, ниту претерано западно помодарство, но ниту претерана Балканска заостанатост, туку некаква средина помеѓу овие две !
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
За тоа каков живот живееме самите сме си виновници затоа што дозволуваме други да ни го кројат,факт е дека Македонија функционира како единка значи не сме ни во Нато ни во Еу нема кој да ни диктира од надвор.Па така секој што ќе го наместиме на премиерското или прецедателското столче почнува да ни диктира начин на живот по своја мерка и замисла и никој неможе да го спречи во својата намера оти сме тоталитарен режим.Е сега во таков случај или се оди на Гадафи систем присилно одземање на власта или се чека 4 год да истече мандатот,но познавајќи не нам како малодушен народ чекаме 4 год. и повторно гласаме за истите иако претходно сме се противеле на нивната работа,со надеж за подобро утре иако знаеме дека тоа нема да е така.Тоа ќе биде така се додека не дојде некој поасолен човек на власт или додека не станеме дел од унијата на множества наречена ЕУ која може да придонесе за подобриот животен стандард во МК но и тоа не е гаранција.
П.С
Немојте погрешно да ме разберете јас не сум воопшто политички ориентиран,ниту имам нешто против некоја власт само ја давам реалната слика на нашето живеење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom