Откако се појавија овие сериите комшиите никако не ги гледам надвор исто и децата со интернетот и игрите. Населбата е пуста дури и летно време.
Кај нас во лето после 12 часот нема никој по кафичите, каде одат што прават и јас се прашувам. Секоја вечер шетам во пуст град.
Ми изгледа како само јас да сум во центар на град а сите други да се собрани во некоја планина.
Одамна помина тоа време кога цел ден бевме по улиците, а повозрасните се дружеа и си идеа на гости, се шетаа во парк итн, а тоа време тешко да се врати. Фали времето кога секоја вечер бев со различни луѓе а сега само оние најблиските кои цел живот сум заедно.
Секој си вика подобро ќе седам дома и сам ќе пијам пиво и ќе јадам скара отколку да идам кај него/неа а зошто?
Од десет комшии/пријатели едни не се сменија другите си имаат замислен живот. Целиот ден им е работа-серии-ФБ-спиење.
Џабе им се парите кога не знаат како да ги трошат.
Затоа нема нормален живот секој си живее за себе, сака да е сам и си замислува свој живот.
И порано сме немале пари не е тоа причината за да немаме нормален живот и да не излезеш со некого да прошеташ не мора во кафeана има паркови. Или некого да повикаш на гости едно кафе е доволно.
Секој има моменти кога сака да е сам или во домашна атмосфера со фамилијата, но нон стоп да е така значи нешто му фали.
Летото ми дојдоа гости од Франција и две недели беа затворени дома си играа со лего коцки и не сакаа да излезат да прошетат и да се видат со роднините и да ја прошетаат цела Македонија. Спијат во пари а не знаат како да живеат.
На крај наместо да идеме во кафеана плачеа дома да ни го донесат јадењето немој некој да ги изеди надвор.
И ние станавме како нив а се чудев како може да живеат така.