Ќе дојдат и 2015 и 2016 да бидеме живи и здрави до тогаш со Господ напред ќе видиме тогаш бе другар. Да ти кажам право и мене ми е досаден Грујо со тоа листовите, со истото повторување ама тоа е факт. Македонија е 3 најмалку задолжена земја во Европа. Да не беше проектов за Скопје да го придвижи градежниов сектор. Ќе беше леле мајко. Ако не биде твоето предвидување паѓаат сите тези у вода. Ако се случи....народ ќе ги колне до последно колено за тоа што го направиле. Реално да збориме...Македонија ќе беше подруга држава денес ако имаше правилна распределба на капиталот во Македонија.
Тоа трета најмалку задолжена земја во Европа е една од најбедните манипулации со бројки кои што измислила оваа власт. Да, трета најмалку задолжена земја сме, но и тоа е лошо, со оглед дека имаме далеку најмал буџет во цела Европа. Со овој крпен, едвај скрпен буџет и да сакаш не можеш да се презадолжиш, никој не ти дава кредит без покритие.
Градежниов сектор ја спасил економијата? Да не бил Скопје 2014 ќе било леле мајко? Се читаш ли бе што глупости тропаш? Зборуваме за стотици милиони евра дадени во краток временски период на проекти кои враќаат 0 од дадените пари, и зборуваме за 3000-4000 работници кои добиваат иста плата како и секогаш. И тие 4000 работници што ќе имаат сигурна работа 3-4 години ја покрива дупката од 300-400 милиони евра фрлени?
Ќе дојде време да ги колнеме, ама доцна ќе биде тогаш, виновниците ќе се осигураат до 10-то колено и ќе избегаат во мајка Бугарија како што и секогаш прават, а ние ќе останеме тука да плаќаме нивни гревови, арно ама важно ќе ги колнеме.
Не треси глупости.